Шума

подрачје густо обраснато со дрвја
(Пренасочено од Шумите)

Шума — подрачје што е густо обраснато со дрвја. Шумите покриваат 9,4% од површината на Земјата или 30% од вкупната копнена површина), но некогаш покривале 50%. Имаат значајна улога како живеалишта за организмите, како фактори во кружењето на водата и запазувачи на почвите. Со тоа, тие се меѓу најважните елементи на биосферата. Во нив се присутни цели 90% од сувоземната биоразновидност во светот.[1]

Зимзелена шума во северна Калифорнија.
Мешана шума кај Илинска Планина

Една шума се состои од горен кат (кај крошните) и долен кат, кој потоа се дели на кат на грмушки, кат на билки и кат на мовови и почвени микроорганизми. Кај извесни посложени шуми постои и изразен меѓукат на пониски дрвја.

Шумите се од огромно значење за човекот и останатиот жив свет. Тие имаат производни, заштитни и општокорисни функции. Производните функции на шумите се во насока на производство на дрво и други шумски производи. Заштитните функции на шумите се во насока на заштита на природата со заштита на биоразновидноста, заштита од ерозија и спречување на природни непогоди како поплави и др. Општокорисните функции на шумите се во насока на одржлив развој и унапредување на животната средина, а се остваруваат преку благопријатното влијание врз климата на планетата, пречистувањето на водите, производството на кислород, подобрувањето на квалитетот на животна средина.[2]

Распространетост

уреди
 
Амазонската Прашума во Бразил

Шумите се среќаваат во сите предели кајшто можат да виреат дрвја и на височина сè до шумската граница. Исклучок се местата каде природните пожари и други непогоди се пречести, или пак во средини суштински изменети со човековите активности.

Во краиштата 10° северно и јужно од екваторот претежно се одликува со тропска дождовна шума, а пределите помеѓу 53° СГШ и 67° СГШ имаат тајги. Шумите во кои преовладуваат скриеносемениците (широколисни шуми, лисјари) по правило се побогати со видови отколку што се оние со четинари.

Некои шуми имаат голема разновидност на видови на мало подрачје (на пр. тропските дождовни и умерените листопадни шуми), или пак релативно малку видови на голема површина (на пр. тајгата и сувопланинските четинарски шуми). Во шумите живеат бројни животински и растителни видови, и затоа нивната биомаса по единица простор е висока во споредба со другите видови на живеалишта. Голем дел од биомасата е всушност на и под земја, во шумската простирка, и особено во навлезените изгниени материјали. Дрвенестите делови од шумата содржат лигнин, кој се разградува релативно бавно во споредба со другите органиски материи како целулозата или јаглехидратите.

Шумите се разикуваат од реткошумовитите подрачја по тоа што кај вистинските шуми многу од дрвјата имаат преплетени или допрени гранки. Кај реткошумовитите подрачја, по правило, постојат позначајни празнини помеѓу крошните на дрвата.

 
Шума во околината на Крушево

Шумите во Македонија

уреди
 
Листопадна шума на Беласица во есен.

Шумите во Македонија зафаќаат 1.001.489 ха и покриваат 39% од територијата на државата.[3] Според пописот од 1979 г. шумите зафаќале 905.653 ха, или 35,2% од вкупната територија на Републиката, а во периодот од 1979 до 1996 г. се пошумени уште 110.000 ха.[4] Во 2008 година вкупната површина на шумите изнесувала 1.091.857,59 ха, од кои 835.055,82 ха биле обраснати, а 256.801,77 ха — необраснати (голи делови). Имало и дополнителни 80.000 ха или (7,32%) за кои постојат пооскудни податоци поради малото стопанско значење.[5]

Дендрофлората ја сочинуваат вкупно 319 видови дрвја и грмушки со над 80 подвидови и вариетети во рамките на 119 родови и 54 фамилии, а 16% од вкупниот број на видовите се балкански ендемити или субендемити. Овие се распоредени во 81 шумска фитоценоза во состав на 31 сојуз, 11 реда и 6 класи.[6]

Најшумовити делови се пошироките појаси долж границите, особено во западна Македонија, додека најобесшумени се Повардарието, Овче Поле и Пелагонија. Најзастапени се листопадните шуми, поточно дабот и буката.

Планирањето, управувањето, стопанисувањето, одгледувањето, заштитата и користењето, чувањето на шумите како природно богатство и шумското земјиште, остварувањето на општокорисните функции на шумите, правото и обврските на користење на шумите, финансирањето, како и други прашања од значење за шумите и шумското земјиште по принципот на биолошка, економска, социјална и еколошка прифатливост се регулира со Законот за шумите.[7]

Класификација

уреди
 
Шума на Биоградска Гора, Црна Гора

Шумите се класификуваат на различни начини, зависно од потребната описност:

  • бореални шуми (тајги) присутни во субарктичкиот појас и начелно се или зизмзелени или листопадни.
  • во умерениот појас растат како широколисни, така и иглолисни шуми (умерени лисјари, умерени иглолисни и умерени дождовни шуми).
  • тропски и суптропски шуми: влажни, суви и иглолисни.
  • според севкупната физиологија и развојна фаза, шумите можат да се поделат на прашуми и вторични шуми.
  • шумите можат да се категоризираат и поконкретно според климата и најзастапените видови, па така имаме букови, моликови, брезови и др. шуми.

Според системот на УНЕСКО, постојат 26 главни видови на шуми, зависно од климатските услови и типовите на дрвја. Сите тие можат да се стават во шест покрупни категории: умерени иглолисни; умерени широколисни и мешани; тропски влажни; тропски суви; реткодрвни и разбиени предели; и шумски насади. Подолу е опишана секоја категорија.

Умерени иглолисни шуми

уреди

Умерените иглолисни шуми ги заземаат повисоките подрачја на северната полутопка како и високите места во извесни умеренотопли области, особено на сиромашни почви. Овие шуми се целосно (или речси целосно) составени од иглолисни дрвја (четинари). На северната полутопка тие се: борот, смреката, аришот, елата, дуглазијата и цугата, но има и други поважни таксони. На јужната полутопка, највеќето четинари (араукарии и ногоплоди) растат во мешавина со широколисни дрвја и се класификуваат како широколисни и мешани шуми.

Умерени широколисни и мешани шуми

уреди

Умерените широколисни и мешани шуми се претежно својствени за потоплите умерени појаси, но сепротегаат и во свежите умерени краишта, особено на јужната полутопка. Вакви се мешаните листопадни шуми на САД, Кина и Јапонија, широколисните зимзелени (т.е. вечнозелени) дождовни шуми во Јапонија, Чиле и Тасманија, тврдолисните шуми во Австралија средно Чиле, во Средоземјето и во Калифорнија, како и јужнобуковите шуми на Чиле и Нов Зеланд.

Тропски влажни шуми

уреди

Постојат многу видови на тропски влажни шуми, од кои најраспространети се низиснките зимзелени широколисни дождовни шуми, како што се варзејата и игапото и сувоземните шуми на Амазонската Низина; тресетноблатна шума, двокрилноплодните шуми во Југоисточна Азија; и горските шуми во сливот на реката Конго. Тука спаѓаат и планинските шуми, кои се делат на високопланински и нископланински, зависно од разликите во физиономијата.[8]

Тропски суви шуми

уреди

Тропските суви шуми се својствени за тропските подрачја со сушна сезона. Бидејќи врнежите се сезонски, дрвјата немаат листови неколку месеци во годината. Постојат и други услови (на пр. посиромашна почва, понепредвидливи суши) каде се јавува поголема застапеност на зимзелените видови и овие шуми се нарекуваат „тврдолисни“ (слерофитни). Сувите трнливи честаци се густи шуми со мал раст и голема густина на жилави трнливи растенија и виреат онаму каде сушите се подолготрајни и каде има тревопасни животни и брстачи. На многу сиромашна почва, особено во предели со мошне чести пожари, се јавува дрвенеста савана.

Реткодрвни предели

уреди
 
Тајга кај Саранпаул во североисточниот дел на Урал. Застапени се сибирската смрча (преовладува на десниот брег), сибирскиот ариш, сибирскиот бор и белата бреза.

Реткодрвните предели се шуми чии крошни покриваат од 10% до 30% од шумското подрачје. Се јавуваат највеќе во места кајшто шумските предели преоѓаат во нешумски. Две поголеми области кајшто се јавува овој екосистем се бореалното и сезонски сувото тропско подрачје. Во високите предели, северно од бореалната растителност/тајгите, условите не се поволни за да се одржи постојаноста на дрвата, па така тие стануваат сè пооддалечени едно од друго. Ваквата вегетација се нарекува тајга, отворени лишајни шумски предели или шумска тундра. Сиромашни се со видови, а доста обраснати со мовови. Пожарите се честа појава.

Шумски насади

уреди

Шумските насади се човечки-создадени шуми за добивање на дрвна маса и други производи. Обично се состојат од еден тип на дрво од доведен или домороден вид. Сами по себе тие помагаат во раззеленувањето на планетата, но немаат еколошко значење за живиот свет околу себе. Постојат потфати за нивно подобрување за да се вклопат во околниот екосистем и да играат поважни улоги како одржувачи на фондот на хранливи материи, заштита на сливни подрачја, запазување на целовитоста на земјиштето (заштита од одрони) и како впивачи на јаглеродот.

Категории на шуми

уреди
 
Мешана шума во Полска

Постојат 28 категории на шуми кои помагаат во претворањето на државните и регионалните системи на класификација во една глобална систематика:

Умерени и бореални типови

уреди
 
Крајбрежна шума од дуглазии во северозападен Орегон, САД.
  1. зимзелена иглолисна шума — каде дрвјата се иглолисни и зимзелени.
  2. листопадна иглолисна шума — каде дрвјата се претежно иглолисни, но листопадни.
  3. мешана широколисно-иглолисна шума — со приближно рамномерна мешавина од иглолисни и листопадни дрвја (помеѓу 50:50% и 25:75%).
  4. широколисна зимзелена шума — каде дрвјата се широколисни, но зимзелени.
  5. широколисна листопадна шума — каде претежно широколисни листопадни дрвја.
  6. мочурлива шума — составена од какви било дрвја, но каде почвата е мочурлива.
  7. тврдолисна (склерофитна) сува шума – каде дрвјата се претежно тврдолисни широколисни дрва и > 75% зимзелени.
  8. реткодрвни предели — чија густина изнесува 10–30%, како онаа во степските подрачја во светот. Дрвјата можат да бидат од било кој вид (на пр. иглолисни, широколисни, палми).
  9. осиромашена природна шума — во внатрешноста има подрачја што се значајно изменети од човекот, како што е сеча за да се добие обработливо земјиште или сеча за дрвен материјал, човечки-предизвикани пожари, изведување на инфраструктурни поекти итн.
  10. насад со егзотични (алохтони) видови — наменета за интензивно стопанисување, каде насадените дрвја се од странско (алохтоно) потекло.
  11. насад со домородни видови — наменета за интензивно стопанисување, каде насадените дрвја се од домашно (автохтоно) потекло.
  12. *насад од неукажан тип — насади за кои има информации само за големината, но не и за типот. Во моментов се однесува само на Украина.
  13. *некласификувани податоци — насади за кои има информации само за големината но не и за типот.

Оние означени со * се однесуваат на шумските предели каде податоците не укажуваат тип (тука се водат како дополнителни категории)[9]

Тропски типови

уреди
 
Дождовна шума во Полинезија.
  1. низинска зимзелена широколисна дождовна шума — на надм. вис. под 1.200 м каде дрвјата немаат сезонски карактер, и се >75% зимзелени широколисни.
  2. нископланинска шума — на надм. вис. од 1.200 до 1.800 м со дрвја од каков било вид.
  3. високопланинска шума — на надм. вис. над 1.800 м со дрвја од каков било вид.
  4. мочурлива шума — на надм. вис. помала од 1.200 м, составена од какви било дрвја, но каде почвата е мочурлива.
  5. полузимзелена влажна широколисна шума — на надм. вис. помала од 1.200 м, каде 50–75% од дрвјата се зимзелени > 75% се широколисни, и каде цветање и давањето плодови имаат сезонски карактер.
  6. мешана широколисно-иглолисна шума — на надм. вис. помала од 1.200 м, со приближно рамномерна мешавина иглолисни и широколисни дрвја (помеѓу 50:50% и 25:75%).
  7. иглолисна шума – на надм. вис. под 1.200 м, каде дрвјата се претежно (> 75%) иглолисни.
  8. мангрови — составена од мангровска растителност, обично сместена крајбрежно или во соленикава или солена вода.
  9. листопадна/полулистопадна широколисна шума — на надм. вис. под 1.200 м, каде 50–100% of the листопадни лисјари.
  10. тврдолисна сува шума — на надм. вис. под 1.200 м, каде дрвјата се претежно тврдолисни широколисни дрва и се > 75% зимзелени.
  11. сушни трнливи шикари — на надм. вис. под 1.200 м, каде дрвјата се претежно листопадни со трње и сочни меснати делови.
  12. реткодрвни предели – чија густина изнесува 10–30%, како што се саваните. Дрвјата можат да бидат од било кој вид (на пр. иглолисни, широколисни, палми).
  13. осиромашена природна шума — во внатрешноста има подрачја што се значајно изменети од човекот, како што е сеча за да се добие обработливо земјиште или сеча за дрвен материјал, човечки-предизвикани пожари, изведување на инфраструктурни поекти итн.
  14. насад со егзотични (алохтони) видови — наменета за интензивно стопанисување, каде насадените дрвја се од странско (алохтоно) потекло.
  15. насад со домородни видови — наменета за интензивно стопанисување, каде насадените дрвја се од домашно (автохтоно) потекло.

Обесшумување и управување со шумите

уреди
 
Недопрени целовити шуми (зелено) наспроти останатите шумски предели во светот.

Научното изучување на шумските видови и нивниот однос со околината се нарекува шумска екологија, додека пак управувањето со шумите се нарекува шумарството. Денешниот начин на управување со шумите е методот на одржливост, следејќи ги процесите во самите шуми и внимавајќи на причинско-последичните односи во нив. Покрај еколошките, одржливото шумарство се осврнува и на социјалните и економските аспекти и делува во консултација со населението.

Човечките (антропогени) фактори што ги засегаат шумите се ексурбанизацијата, човечки-предизвиканите шумските пожари, киселите дождови, инвазивните видови, сечата и опожарувањето за добивање на обработливо земјиште и преселничкиот метод на обработка на земјата. Поради ваквите појави, шумите се делат на два типа: прашуми и вторични шуми. Постојат и низа природни фактори што придонесуваат во губиток на шумските предели како што се природните пожари, инсектите, болестите, лошите временски прилики, борба помеѓу вивдовите и друго. Во 1997 г. е утврдено дека само 20% од изворните шуми во светот имаат поголеми неуништени подрачја.[10] Над 75% од овие недопрени шуми се наоѓаат во три земји: тоа се бореалните шуми во Русија и Канада и прашумата во Бразил. Во 2015 година, една студија покажала дека во светот постојат само две големи недопрени шумски подрачја, и тоа во Амазонија и во Конго, додека сите други се испрекинати со населби или патишта. Исто така, студијата покажала дека испресечените шумски области, во просек, губат половина од растителните и животниските видови во рок од две години.[11]

Според извештајот на Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН од 2010 г,[12] вкупното обесшумување во светот се има намалено во последната деценија, но сепак во многу продолжува да се одвива со многу висока стапка. Во периодот од 2000 до 2010 г. степенот на обесшумување (човечко или природно) на глобално ниво бил 13 милиони хектари годишно, во однос на 16 милиони хектари годишно во 1990-тите. Во испитувањето се опфатени 233 земји и области. Најголемите губитници на шуми во деведесеттите биле Бразил и Индонезија, но тие сега бележат знчајано намалување на стапката на обесшумување. Покрај ова, во последниот период се придодадени 7 милиони хектари поради големи потфати на пошумување во Кина, Индија, САД и Виетнам, како и извесна мера на природно проширување на шумите. Поради ова, нето загубата е сведена на 5,2 милиони хектари годишно (2010), од претходните 8,3 милиони хектари во 1990-тите.

Шумата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Шумата како мотив во книжевноста

уреди

Шумата како мотив во народната музика

уреди

Шумата како мотив во популарната музика

уреди
  • „Дивина во шумата“ (англиски: Wild In The Woods) - песна на британската група Дед кен денс (Dead Can Dance) од 1984 година.[31]
  • „Шумата игра...“ (српски: Šuma Igra ...) - песна на српската рок-група Дисциплина кичме од 1986 година.[32]
  • „Шума“ (англиски: Forest) - песна на британската рок-група Кјур (The Cure).[33]
  • „Во шумата“ (англиски: Into The Woods) — песна на американската рок-група Мај морнинг џекет (My Morning Jacket) од 2005 година.[34]
  • „Чудната шумата“ (српски: Čudna Šuma) - песна на српската рок-група Смак.[32]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Извештај „Жива планета" за 2010 г.“. 2010. Посетено на 19 април 2011. Наводот journal бара |journal= (help) (англиски)
  2. Завод за статистика, „Статистика на животната средина, 2024“, 39 стр.
  3. Соња Никчевиќ, уред. (2018). ЈП Македонски шуми: 1998-2018. Скопје: ЈП „Македонски шуми“. ISBN 978-608-4571-38-4., 18 стр.
  4. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шумарство“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  5. Соња Никчевиќ, уред. (2008). ЈП Македонски шуми: 1998-2008. Скопје: ЈП „Македонски шуми“. ISBN 978-9989-2474-7-7., 15 стр.
  6. Соња Никчевиќ, уред. (2008). ЈП Македонски шуми: 1998-2008. Скопје: ЈП „Македонски шуми“. ISBN 978-9989-2474-7-7., 15 стр.
  7. „Закон за шумите“. Акт.мк. 2019-03-12. Архивирано од изворникот на 2020-07-02. Посетено на 2019-08-26.
  8. S. Chape, M. Spalding, M. Jenkins books.google.co.uk The world's protected areas: status, values and prospects in the 21st century(359 pages) Univ de Castilla La Mancha, 2008 ISBN 0520246608 [конс. 24 декември 2011]
  9. United Nations Environment Programme, World Conservation Monitoring Centre, Background to Forest Mapping & Data Harmonisation, конс. 20 март 2007 [1] Архивирано на 9 март 2009 г.
  10. World Resources Institute, 1998. The Last Frontier Forests: Ecosystems and Economies on the Edge
  11. „На планетава останаа само две недопрени шуми“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 25.
  12. FAO. 2010. Global Forest Resources Assessment 2010. Main report. FAO Forestry Paper 163. Rome, Italy
  13. Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 62-63.
  14. Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 31.
  15. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 69-73.
  16. Ѓорѓи Крстевски, Другата страна. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 111-112.
  17. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 49.
  18. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 8.
  19. Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 36.
  20. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 73-74.
  21. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 76.
  22. Борис Леонидович Пастернак, Изабране песме. Нови Сад: Orpheus, 2011, стр. 257-258.
  23. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 75-76.
  24. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 94-95.
  25. „Publije Papinije Stacije“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 103-104.
  26. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 341-342.
  27. Macedonian Folklore Classics, Aleksandar Sarievski. Macedonian Radio and Television.
  28. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: КУД „Гоце Делчев“, 1978, стр. 34.
  29. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: КУД „Гоце Делчев“, 1978, стр. 41-42.
  30. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: КУД „Гоце Делчев“, 1978, стр. 147.
  31. Discogs, Dead Can Dance ‎– Dead Can Dance (пристапено на 3.6.2020)
  32. 32,0 32,1 Discogs, Disciplina Kičme !* ‎– Svi Za Mnom (пристапено на 4.8.2020)
  33. YouTube, The Cure - A Forest (Official Video) (пристапено на 26.9.2019)
  34. Discogs, My Morning Jacket – Z (пристапено на 14.3.2023)

Надворешни врски

уреди