Публиј Папиниј Стациј (латински: Publius Papinius Statius) - римски поет.

Животопис

уреди

Стациј се родил во 40. година, во Неапол, каде се школувал, а умрел во 96. година.[1]

Творештво

уреди

Стациј бил талентиран поет и многу образован човек, поради што стекнал голем углед во Рим. Од него се сочувани два митолошки епа и зборник со пригодни песни:

  • Епот „Тебаида“ (Thebais) се состои од 12 песни, а ја опејува борбата меѓу Етеокле и Полиник за власта над Теба. Ова дело, во кое се чувствува силно влијание на епот на ВергилијЕнеида“, било многу читано во средниот век.
  • Епот „Ахилеида“ (Achilleis) се состои од две книги и го опишува престојот на Ахил во Скира. Епот не е довршен поради смртта на Стациј, кој планирал во него да го опише целиот живот на Ахил.
  • Збирката „Шуми“ (Silvae) се состои од пет книги со подолги и пократки пригодни песни, и тоа: за родендени, за венчавки, за разделби, за самовили итн.[2]

Наводи

уреди
  1. „Publije Papinije Stacije“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 103.
  2. „Publije Papinije Stacije“, во: Rimska lirika. Beograd: Rad, 1964, стр. 103-104.