Мангрови

(Пренасочено од Мангрова)

Мангрови (еднина: мангрова; англиски: mangrove) — зимзелени широколисни шуми што растат во приливната зона на морските брегови и речните устија, на места заштитени од бранова енергија од корални гребени или острови.[1] Распространети се во тропските предели, понекогаш во умерените зони, каде што морските струи се благопријатни. Го зафаќаат појасот помеѓу најниското ниво на вода за време на одлив и највисокото за време на прилив — крајбрежната зона. Од биогеографска гледна точка, мангровите се интразонални биоценози. Мангровските шуми се преплавуваат со приливна вода 10–15 пати месечно и затоа се поплавуваат околу 40 % од времето. Мангровите можат да растат само ако има истовремено присуство на благо наклонета крајбрежна линија, прилив и одлив, вода со ниска соленост и отсуство на силни бранови. Соленоста на океанската вода се намалува со мешање на речни, дождовни или слатководни извори. Обично, концентрацијата на сол во водите што ги опкружуваат мангровите (35 г/л) е помеѓу соленоста на слатката и морската вода, меѓутоа, на некои места, како што е Делтата на Инд, поради силно испарување, концентрацијата на сол во мангровите може да биде двојно повисока отколку во морето. Дополнителен проблем за животот на растенијата создаваат колебања на соленоста за време на приливи и одливи.[2][3]

Мангровска шума што не е поплавена од прилив (Бангладеш)

Наводи

уреди
  1. Friess, D. A.; Rogers, K.; Lovelock, C. E.; Krauss, K. W.; Hamilton, S. E.; Lee, S. Y.; Lucas, R.; Primavera, J.; Rajkaran, A.; Shi, S. (2019). „The State of the World's Mangrove Forests: Past, Present, and Future“. Annual Review of Environment and Resources. 44 (1): 89–115. doi:10.1146/annurev-environ-101718-033302.
  2. Bunting, P.; Rosenqvist, A.; Lucas, R.; Rebelo, L.-M.; Hilarides, L.; Thomas, N.; Hardy, A.; Itoh, T.; Shimada, M.; Finlayson, C. (2018). „The Global Mangrove Watch—A New 2010 Global Baseline of Mangrove Extent“. Remote Sensing. 10 (10): 1669. Bibcode:2018RemS...10.1669B. doi:10.3390/rs10101669.
  3. Zimmer, Katarina (22 July 2021). „Many mangrove restorations fail. Is there a better way?“. Knowable Magazine. doi:10.1146/knowable-072221-1. Посетено на 11 August 2021.

Надворешни врски

уреди