Биомасата (органска материја) може да се употребува за производство на топлина, горива и струја. Ова е наречено биоенергија. Дрвото, најголемиот извор на биоенергија, било користено со илјадници години за производство на топлина. Но, постојат многу други видови на биомаса, како на пример дрва, растенија, отпадоци при земјоделството или шумарството, како и органските состојки на индустриските отпадоци кои сега можат да се користат како извор на енергија. Денес, многу биоенергетски извори се добиваат преку култивацијата на растенија богати со енергија, како што се брзо-растечки треви или дрва, наречени биоенергетски магацини.

Обновлива енергија
Ветерна турбина
Ветерна турбина
Биогориво
Биомаса
Бранова
Ветерна
Геоетрмална
Приливна
Соларна
Хидроенергија

За разлика од другите обновливи енергетски извори, биомасата може да се претвори директно во течност при потребата за пренос. Најпознатите биогорива се етанолот и биодизелот. Етанолот (алкохол) се добива со ферментација на било која биомаса богата со јаглехидрати, како пченката, преку процес сличен со правењето пиво. Најмногу се користи како додаток (адитив) на горивото за да ги намали емисиите на гасовите кои предизвикуваат смог (како јаглерод моноксидот). Биодизелот (естер) се прави од растително масло, животински масти, алги или дури и рециклирани масти за готвење. Може да се употребува како додаток на дизелот за намалување на емисиите на штетни гасови или во својата оригинална форма, директно во возилото.

Топлината може да се користи за хемиско претворање на биомасата во гориво, кое може да се гори како нафтата за да произведе струја. Биомасата може да се гори директно со што се создава пареа за производство на струја или општо, за процесите на производство. Во централа, турбината вообичаено ја заробува пареата, а генераторот ја преведува во струја. Во индустриите за дрво и хартија, струготините понекогаш директно се ставаат во печките за да произведат пареа која ќе се употреби за понатамошно производство или само дапроизведе топлина за загревање на работните простории. Некои термоцентрали на јаглен користат биомаса како дополнителен извор на енергија во високо ефикасни печки за да ги намалат емисиите на штетни гасови во воздухот.

Дури и гасот може да се произведе од биомасата со цел производство на струја. Системите за гас користат високи температури да ја преведат биомасата во гас (мешавина на водород, јаглерод моноксид и метан). Гасот оди во турбина која наликува на моторот од авион, само што истата придвижува електричен генератор наместо авион. Остатокот од биомасата во полињата исто така произведува гас - метан што може да се согорува во печка за да произведе пареа за создавање струја или за индустриски процеси.

Новите технологии можат да доведат до користење на биолошки хемикалии и материјали за производство на производи како на пример антифриз, пластика и предмети за лична хигиена што сега се произведуваат на основа на нафта. Во некои случаи, овие производи можат да се комплетно биоразградливи. Додека технологијата споро напредува за да масовно го рашири производството на овие материјали, придобивките од истите се огромни.

Биоенергетските технологии користат обновливи извори на биомаса за да произведат ланец на енергетски производи, како струја, течни, гасовити и тврди горива, топлина, хемикалии и други материјали.