Дисциплина кичме (Disciplin A Kischme) е југословенска и српска рок група, основана од Душан Којиќ - Која.

Историјат уреди

Дисциплина кичме е основана по распадот на групата Шарло акробата. Во 2014 година, групата го променила составот на членовите, при што била воведена усна хармоника.[1]

Дискографија уреди

Во април 2014 година, групата го објавила видеото за песната „Зависник од моќта“ (Ovisnik o moći).[2]

Концертни настапи уреди

Концерти во Македонија уреди

Во текот на својата долга кариера, Дисциплина кичме повеќепати настапиле во Македонија: Во мај 2014 година, групата свирела во Скопје, на фестивалот „Здраво млади“. На 29 август 2014 година, групата настапила во Радовиш, на фестивалот „Аква-парк фест“.[3]

Наводи уреди

  1. Наташа Спирова, „Рокенролот се претвори во бесмислена забава“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 21.
  2. Наташа Спирова, „Рокенролот се претвори во бесмислена забава“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 21.
  3. Наташа Спирова, „Рокенролот се претвори во бесмислена забава“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 21.