Персиски јазик

(Пренасочено од Фарси)

Персиски јазик (фарси или парси) (فارسی, [fɒːɾˈsiː]) — индоевропски јазик кој се зборува во Иран, Авганистан и Таџикистан, и од малцинства во Узбекистан, Туркменистан, Азербејџан, и земји како Бахреин, Катар и Кувајт, но и на други места. Води потекло од јазикот на древните персијци. Дел е од иранската гранка на индоевропското јазично семејство.

Персиски
فارسی
Изговор[fɒːɾˈsiː]
Застапен воИран, Авганистан, Таџикистан, како и делови од соседните земји (на пр. Азербејџан, Бахреин, Кувајт, Ирак, Узбекистан и Русија). Исто така и во разни иранска/персиска/авганска дијаспори во САД, Обединети Арапски Емирати, Пакистан, Турција, Канада и делови од Западна Европа.
ПодрачјеБлизок Исток, Средна Азија
Говорници~ 62 милиони како мајчин[1]
~ 62 како втор јазик
вкупно 120 милиони  
Јазично семејство
Писмоперсиско писмо (Иран и Авганистан)
таџичка азбука (Таџикистан)
Статус
Службен во Авганистан[1]
 Иран
 Таџикистан[1]
Регулативен органАкадемија на персискиот јазик и книжевност
Академија на науките на Авганистан
Јазични кодови
ISO 639-1fa
ISO 639-2per (B)
fas (T)
ISO 639-3Разни:
fas — Персиски
prs — Источен персиски
pes — Западен персиски
tgk — Таџички
aiq — Аимачки
bhh — Бухарски
deh — Деварски
drw — Дарваски
haz — Хазарашки
jpr — Џидски
phv — Пахлевиски
{{{mapalt}}}
Региони каде што персискиот е доминантен јазик

Персискиот јазик и неговите варијанти се службени јазици во Иран, Авганистан и Таџикистан. Според Книга на светски факти на ЦИА, засновано на стари податоци, персискиот е мајчин јазик на околу 62 милиони луѓе во Иран,[2] Авганистан,[3] Таџикистан[4] и Узбекистан[5] и уште толку луѓе во остатокот од светот. Од УНЕСКО е побарано во 2006 да го избере персискиот како еден од неговите службени јазици.[6]

Персискиот уште одамна бил медиум за книжевни и научни придонеси кон Исламскиот свет како и на запад. Има влијание врз извесни соседни јазици, особено на туркиските јазици од Средна Азија, Кавказ и Анадолија. Помало влијание има и врз арапскиот и другите месопотамски јазици.

Пет века пред британската колонизација, персискиот јазик бил нашироко користен како втор јазик на Индискиот Потконтинент; бил важен како јазикот на културата и образованието во неколку муслимански дворови во Индија и станал „официјален“ за време на могулските цареви. Англискиот на потконтинентот почнал деловно да се употребува дури во 1843.[7] Како доказ за историското влијание наперискиот јазик во регионот ја гледаме во мерата на неговото влијание врз хиндустанскиот јазик (резултирајќи во урду), маратскиот, пенџапскиот, синдскиот и гуџаратскиот, како и популарноста која персиската книжевност сѐ уште ја ужива во регионот. Покрај ова, мал број на говорницина персиски (главно дарски и таџички дијалекти) можеме да најдеме во урбаните и западни загорја во Пакистан.

Класификација

уреди

Персискиот ѝ припаѓа на западната група на индоиранската гранка на индоевропското јазично семејство, и е од типот Подмет Прирок Глагол. Ова не е семитски јазик. Западната индоиранска група содржи сродни јазици како курдскиот и белучкиот. Јазикот ѝ припаѓа на југозападната индоиранска група, заедно со татскиот и лурскиот јазик.[8]

 
Зелената боја означува статус на службен јазик; портокаловата значи малцински

Дијалекти и блиски јазици

уреди
Податотека:Iranian-languages-map.jpg
Регионот каде се зборуваат персискиот (зелено) и другите ирански јазици
Персиски јазик

Историја
Дијалекти

Писма

Постојат три денешни наречја на стандардиот персиски јазик:

Овие три наречја се засноваат на класичната персиска книжевност. Постојат и неколку локални дијалекти во Иран, Авганистан и Таџикистан кои само по малку се разликуваат од стандардниот персиски. ларскиот (во Иран), хазарашкиот (во Авганистан), и дарваскиот (во Авганстан и Таџикистан) се такви примери.

Етнолог нуди друга класификација на дијалектите на персискиот јазик. Според овој извор, тие се следниве:[11]

Ова се сродни јазици на разни етноси во рамките на границите на денешен Иран:

Фонологија

уреди

Иранскиот персиски јазик има 6 самогласки 23 согласки, меѓу кои и две струјни /ʧ/ (ч) и /ʤ/ (џ).

Самогласки

уреди
 
Самогласните фонеми во персискиот

Историски, персискиот разликувал должина: долги самогласки - /iː/, /uː/, /ɒː/ за разлика од кратки самогласки - /e/, /o/, /æ/. Персиските дијалекти се разликуваат по самогласките, повеќе отколку по согласките.

Согласки

уреди
Лабијални Алвеоларни Посталвеоларни Палатални Веларни Увуларни Глотални
Назални m n [ŋ]
Плозиви p b t d k g [ɢ] [ʔ]
Африкати
Фрикативи f v s z ʃ ʒ x ɣ h
Ударни [ɾ]
Вибранти r
Апроксиманти l j

(Кога знаците се во парови, десниот е звучна согласка. Алофоните се во фонетски загради.)

Граматика

уреди

Морфологија

уреди

Во персиската морфологија доминираат наставките, а има и мал прој на претставки.[12] Глаголите може да изразуваат време и глаголски вид, и се менуваат според подметот, лицето и бројот.[13] Не постојат родови за именките, нити пак заменките имаат природен род.

Синтакса

уреди

Нормалните исказни реченици се структуирани: „Подмет Предлог Предлог Прирок Глагол“. Ова значли дека речениците може да имаат изборен подмет, предлошки изрази, и прирок, проследени од задолжителен глагол. Ако прирокот е конкретен, тогаш е проследен од зборот rɑ: и им претходи на предлошки изрази: “Подмет Прирок + “rɑ:”) (Предлог Предлог) Глагол”.[13]

Лексика

уреди

Постојат многу заемки во персискиот јазик, главно од арапскиот, но и од англискиот, францускиот, германскиот, и од туркиските јазици.

Персискиот има влијание врз лексиките на други јазици, особено индоиранските јазици како хинди и урду, туркиските јазици како турскиот и узбечкиот, а и арапскиот.[14] Под негово влијание се и неколку јазици од југозападна Азија, како ерменскиот и грузискиот. Персискиот имал влијание дури и врз малајскиот јазик, а многу персиски зборови се влезени и во англискиот. Во македонскиот персиските зборови дошле главно преку турскиот за време на отоманската империја.

Зборообразба

уреди

Персискиот е многу моќен во зборообразбата и сестран во начините на градење на зборот, комбинирајќи афикси, основи, именки и придавки. Јазикот често употребува аглутинација за формирање на нови зборови од именки, придавки и глаголски основи. Нови зборови се формираат во голема мера, со помош на сложенки од два постоечки збора во еден нов, како кај германскиот. Како што покажал професорот Махмуд Хесаби[15], само со изведување персискиот може да има 226 милиони зборови.

Еве пример за група зборови изведени од основа во сегашно време комбинирани со некои постоечки афикси:

Персиски Компоненти Македонски Вид на збор
дон дон Сегашна основа од донестан (знае) Глаголска основа
донеш дон + -еш знаење Именка
донешманд дон + -еш + -манд научник Именка
донешгох дон + -еш + -гох универзитет Именка
донешгохи дон + -еш + -гох + -и универзитетски Придавка
хемдонешгохи хем- + дон + -еш + -гох + -и состудент Именка
донешкеде дон + -еш + -кеде факултет Именка
дона дон + -а мудар, учен Придавка
доноји дон + -о + -и мудрост Именка
нодон но- + дон неук; глупав Придавка
нодони но- + дон + -и неукост; глупавост Именка
доненде дон + -енде зналец Придавка
донендеги дон + -енде + -и знаење Именка

Еве пример за зборови изведени од основа во минато време комбинирана со некои постоечки афикси:

Персиски Компоненти Македонски Вид на збор
дид ديد дид Мината основа од диден (гледа) Глаголска основа
дид ديد дид вид Именка
диден ديدن дид + -ен гледа Инфинитив
дидени ديدني дид + -ен + -и вреди да се види Придавка
дидор ديدار дид + -ор посета; среќавање Именка
дидори ديداري дид + -ор + -и видно Придавка
диде дид + -е видено Минато несвршено; Именка
нодиде но- + дид + -е невидено Именка
дидгох дид + -гох гледиште Именка
дидебон диде + -бон надзорник Именка
дидебони диде + -бон + -и надзорништво Имненка

Правопис

уреди
 
Ракописот на Али-Акбар Дехода; типично ракопсино персиско писмо

Совцремениот ирански и дарски персиски текст се пишува со арабица. Во последно време латиницата се користи од извесни технолошки и интернационализациони причини. Таџичкиот, кој некои го сметаат за персиски дијалект со влијанија од рускиот и туркиските јазици од средна Азија,[16][17] се пишува со кирилица во Таџикистан (видете таџичка азбука).

Персиска азбука

уреди

Современиот ирански и дарски персиски јазик се пишуваат со изменета варијанта на арабицата (видете персоарапско писмо) со поинакви и изговори и повеќе букви, додека пак таџичкиот се пишува со кирилица.

По исламизацијата на Персија (видете Исламско освојување на Персија), требало некои 150 години пред персијците да ја земат арабицата на место на старата азбука. Пред тоа се користеле две различни азбуки, една за средноперсиски и една за авестански, за верски потреби, позната како авестанска азбука.

Во современото персиско писмо, кратките самогласки (a, e, o) обично не се пишуваат; во текстовите се напишани само долгите самогласки (y, u, â). Ова, се разбира, создава извесни нејаснотии. Еве пример: зборовите керм „црв“, карам „великодушност“, керем „крем“, и кром „хром“ сите се пишуваат со „крм“. Читателот мора да го одреди зборот од контекстот. Арапските знаци за вокализација (харакат) се користат и во персискиот (некои знаци се читаат различно), но ова не помага. На пример, арапскиот знак дама се изговара како /у/, додека во иранскиот персиски се изговара како /о/. Овој систем не се користи во матичната персиска книжевност; главно се користи за учење на јазикот и во некои (но не сите) речници. Постојат и неколку букви кои персијците ги сметаат за 'арапски' иако тие си постојат во персиското писмо. Додека овие постојат, обично не се изговараат по арапски. Наместо тоа, се изговараат како ним слични персиски букви. Така имаме три функционално идентички букви 'з', три букви 'с', две букви 'т' итн. Арапските букви се користат само ако зборот е позајмен од арапскиот јазик.

Додатоци

уреди

Персиската азбука има додадено четири букви на арабицата:

Глас Изолирана форма Уникодно име
[п] پ Пе
[tʃ] (ч) چ Че
[ʒ] (ж) ژ Же
[г] گ Гаф

Варијации

уреди

Персиската азбука исто така модифицира некои арапски букви. На пример, алеф со хамза под него ( إ ) се менува во алеф ( ا ); зборовите кои користат варијанти на хамзи се пишуваат пак со друга хамза (така што مسؤول станува مسئول); и те марбута ( ة ) обично, но не секогаш, се менува во хе ( ه ) или те ( ت ). Те марбута често се користи во арапскиот за означување на женски род. Персиските именки немаат родови, па затоа те марбута никогаш не се појавила во персиското писмо.

Буквите кои се разликуваат по облик се:

Глас првична арапска буква променета персиска буква назив
[к] ك ک Каф
[ј] и [iː], ретко [ɑː] ي или ى ی Је

Пишувањето на буквите во нивната првична арапска форма не се смета за неточно, но обично тоа не се практикува.

Латиница

уреди

УниПерс, крат. од Универзална персиска азбука (Порсије Џехони) е латинична азбука популаризирана од Мухамед Кејван, кој ја има користено за разни персиски учебници за странци и туристи.

Друга латинична азбука, заснована на еднообразната турска азбука се користела во таџикистан во 1920-тите и 1930-тите. Во доцните 1930-ти била исфрлена и почнала да се користи кирилицата.[16]

Таџичка азбука

уреди
 
Таџички оглас за академија

Кирилица била воведена за пишување на таџичкиот јазик за време на Таџикистанската ССР во доцните 1930-ти, заменувајќи ја латиницата која се користела од времето на Октомвриската револуција, а пред тоа се користела персоарапската азбука. По 1939, материјалите напишани со персиско и персоарапско писмо биле забранети.[16]

Македонска транскрипција

уреди

Историја

уреди

Перискиот е ирански јазик кој ѝ припаѓа на индоиранската гранка на индоевропското јазично семејство. Најстарите записи на старопериски јазик датираат од големото Периско царство во VI век п.н.е.[18]

Познатата историја на персискиот јазик може да се подели на три посебни периода:

Староперсиски

уреди

Староперсискиот еволуирал од протоиранскиот јазик како што самиот еволуирал во југозападната Иранска Висорамнина. Најраниот измерлив пример за јазикот го наоѓаме на Бехистунскиот натипис на Ахеменидите Дариј I (влад. 522 п.н.е. - ц. 486 п.н.е).

Староперсискиот се пишувал со староперсиско клинесто писмо, кое е уникатно писмо и се мисли дека е измислено за време на владеењето на Дариј I

По арамејскиот јазик, или поточно неговата ахеменидска форма наречена „царски арамејски“, староперсискиот е најчесто среќаван јазик на Ахеменидите. Додека примерите за него се среќаваат низ сите територии на Ахеменидското Царство, за самиот јазик сведочат примери најдени во западен Иран, особено во покраината Фарс „Персија“ на југозапад, татковината на родовите од кои настанале Ахеменидите (а потоа и Сасанидите).

За разлика од подоцнежниот периски јазик, староперсискиот имал мошне флексивна граматика, со осум падежи, со тоа што секоја деклинација подлежела на род - машки, женски, среден - и број - еднина, множина, двоина.

Средноперсиски

уреди

За разлика од староперсискиот, чии пишани и зборувани форми биле драстично различни една од друга, пишаниот среднопериски јазик рефлектира усмена употреба, и така бил многу поедноставен од него. Комплексните коњугации и деклинации на староперсискиот сега се замениле со поедноставна внатрешна структура на средноперсискиот; двоината исчезнала, оставајќи ги само еднината и множината, а исчезнал и родот. Наместо ова средноперискиот користел предлози за да ги назначи различните улоги на зборовите, како на пример наставката за присвојност „од/на“ наместо повеќеобразните (зависно од род и број) генитивни форми на зборот.

Иако „средниот период“ на иранските јазици формално започнува со падот на Ахеменидското Царство, преодот од стариот кон средниот персиски јазик веројатно веќе започнал во IV век п.н.е. Меѓутоа за средноперискиот немаме сведоштва сѐ до 600 години подоцна кога се јавува на натписи од сасаниско време (224 - 651), така што секоја форма на јазикот пред тоа не може да се опише со сигурност. Порај ова, како книжевен јазик, средноперискиот се јавува дури во VI или VII век. Од VIII век натаму, средноперсискиот полека почнал да се заменува со новоперсиски, со тоа што средноперсискиот продолжил да живее само во зороастриската традиција.

Локалниот назив на средноперсискиот бил парсик, по етничката група на југозапад наречена парси", додека староперсискиот се нарекувал парса, а новоперсискиот фарс. Ова е потеклото на денешниот назив на јазикот. По распадот на сасанидксата држава, парсик се применувал само за (средниот или новиот) персиски кој се пишувал со арабица. Од ~ IX век натаму, кога средноперсискиот бил на граница да стане новоперсиски, постарата форма на јазикот почнала грешно да се нарекува пахлевиски, кое е всушност едно од писмата за пишување на средноперсискиот и други средни ирански јазици. Тоа писмо претходно го зеле Сасанидите (југозападни персијци) од претходните Арсакиди (партијци од североисток). Додека Абдула Ибн ел-Мукафа во VIII век сѐ уште разликувал помеѓу пахлевиски (т.е. партиски) и фарси (т.е. средноперсиски), оваа разлика ја нема во арапските коментари по ова доба.

Современ персиски

уреди

Ранонововековен персиски

уреди

Класичен персиски

уреди

Исламското освојување на Персија ја одбележува современата историја на персискиот јазик и книжевност. Ова доба е познато како Златното доба на персискиот јазик. Во ова време живееле и твореле светски познати писатели, додека персискиот бил лингва франка на источните делови на исламскиот свет и Индискиот Потконтинент. Бил и официјален и културен јазик на многу исламски династии како Саманидите, Могулското царство, Тимуридите, Газнавидите, Селџуциѕр, Сефевидите, Отоманците и др. Големото влијание на персискиот врз други јазици сѐ уште може да се види во исламскиот свет, особено, како почитуван книжевен и престижен јазик меѓу образованата елита, особено во полето на музиката (на пр. кавали) и уметноста (персиска книжевност). По арапската инвазија на Персија, персискиот почнал да зајмува многу зборови и структури од арапскиот, и како што минувало времето, некои зборови биле земени и од монголскиот за време на нивното царство.

Современ персиски

уреди

Од XIX век, рускиот, францускиот и англискиот како и многу други јазици придонеле кон техничкиот лексикон на персискиот јазик. Националната Академија на персискиот јазик и книжевност е одговорна за оценувањ на новите зборови за да даде совет за нивните персиски еквиваленти.

Самиот јазик се има развиено во голема мера низ вековите. Заради технолошкиот развој, во персискиот доаѓаат нови зборови и идиоми.

Пример

уреди
Персиски Транскрипција Значење
تمام افراد بشر آزاد به دنیا میآیند و از لحاظ حیثیت و حقوق با هم برابرند, همه دارای عقل و وجدان میباشند و باید نسبت به یک دیگر با روح برادری رفتار کنند. Темоме афроде бешер озод бе донјо мијојенд ве ез лехозе хејсијет о хокук бо хем бероберенд. Хеме дороје акл о веџдон мибошенд ве бојед несбет бе јекдигер бо рухе беродери рефтор коненд. Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. 2006 Книга на факти на ЦИА: Иран Архивирано на 3 февруари 2012 г. 39 М (58%), Авганистан Архивирано на 9 јули 2016 г. 15 М (50%), Таџикистан Архивирано на 12 јуни 2007 г. 5.8 М (80%), Узбекистан Архивирано на 5 јануари 2019 г. 1.2 М (4.4%)
  2. „Книга на факти на ЦИА: Иран“. Архивирано од изворникот на 2012-02-03. Посетено на 2007-08-29.
  3. „Книга на факти на ЦИА: Авганистан“. Архивирано од изворникот на 2016-07-09. Посетено на 2007-08-29.
  4. „Книга на факти на ЦИА: Таџикистан“. Архивирано од изворникот на 2007-06-12. Посетено на 2007-08-29.
  5. „Книга на факти на ЦИА: Узбекистан“. Архивирано од изворникот на 2019-01-05. Посетено на 2007-08-29.
  6. Би-Би-Си
  7. Clawson, Patrick (2004). Eternal Iran. Palgrave Macmillan. стр. 6. ISBN 1403962766.
  8. Windfuhr, G. L. (1987), "Persian", in Bernard Comrie (едиц.), The World's Major Languages, стр. 523--546 (Oxford: Oxford University Press)
  9. Henderson, M. M. T. (1994) "Modern Persian Verb Stems Revisited" во Journal of the American Oriental Society, Том 114, бр. 4. (окт. - дек., 1994), стр. 639–641.
  10. Keshavarz, M. H. (1988) "Forms of Address in Post-Revolutionary Iranian Persian: A Sociolinguistic Analysis" во Language in Society, Том 17 бр. 4 стр. 565-75 дек 1988
  11. Етнолог - Јазични лози - Персиски
  12. Megerdoomian, Karine (2000). „Persian computational morphology: A unification-based approach“ (PDF). Memoranda in Computer and Cognitive Science: MCCS-00-320. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-09-02. Посетено на 2007-08-29.
  13. 13,0 13,1 Mahootian, Shahrzad (1997). Persian. London: Routledge. ISBN 0-415-02311-4.
  14. „Bashgah“. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на 2007-08-29.
  15. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2008-05-02. Посетено на 2007-08-29.
  16. 16,0 16,1 16,2 Perry, John R. (2005). A Tajik Persian Reference Grammar. Boston: Brill. ISBN 90-04-14323-8.
  17. Lazard, Gilbert (1956). „Charactères distinctifs de la langue Tadjik“. Bulletin de la Société Linguistique de Paris. 52: 117–186.
  18. Katzner, Kenneth (2002). The Languages of the World. Routledge. стр. 163. ISBN 0415250048.

Надворешни врски

уреди