Персиска граматика

Граматиката на персискиот јазик е слична на оние на многу други индоевропски јазици, особено на оние од индоиранското семејство. Веќе од среноперсискиот јазик па наваму, јазикот има релативно едноставна граматика, без родови и неколку падежни бележја.

Персиски јазик

Историја
Дијалекти

Писма

Збороред уреди

Додека во персискиот, збороредот е од типот Подмет Прирок Глагол, истиот не е многу лево разгранет. Главната реченица стои пред зависната реченица. Прашалната честичка аја (آیا) („дали“) се јавува на почетокот од реченицата (како кај македонскиот). Модификаторите им следат на именките кои ги модифицираат, иако во ограничена употреба можат и да им претходат. Јазикот користи предлози, што е ретко кај јазиците со таков зборовен ред. Единствениот бележник за падеж, ра (را), следи по израз со акузативна именка.

Нормалните реченици се конструираат: подмет-предлог-прирок-глагол. Ако прирокот е конкретен, тогаш редот е „(Подмет) (Прирок + „ра“) (Предлог Предлог) Глагол“. Меѓутоа персискиот може да има релативно слободен зборовен ред. Ова е бидејќи деловите од реченицата се недвосмислени, а предлозите и акузативниот бележник го појаснуваат падежот во даден именски израз. Оваа можност за разместување му дава на јазикот голема мера на флексибилност за прозодија и римување.

Именки уреди

Главна статија: Персиски именки

Персиските именки немаат родови. Се обележуваат со акузативен бележник само за конкретниот акузатив; другите објективни падежи се одбележуваат со предлози. Посесивот се бележи со посебни бележници: ако во реченицата имателот доаѓа по она што го има, може да се употреби езсафе; во друг случај се користи заменска генитивна клитика. На Живите именки им се дава множина со -ха, додека неживите обично со -ан, иако често среќаваме и -ха.[1] Постојат посебни правила за некои именки позајмени од арапскиот јазик.

Заменки уреди

Главна статија: Персиски заменки

Персискиот е беспредметен, или заменкоиспуштачки јазик, па така номинативните заменки не мораат да се користат. Заменките воопшто се исти за номинатив, акузатив, објектиц и генитив (езафе). Првото лице еднина од мен ра може да се скрати на мера. Меѓутоа заменските генитивни клитики (видете погоре) се разликуваат од номинативните заменки.

Нормални форми
Лице Еднина Множина
1во мен من ма ما
2ро то تو шома شما
3то у وی анха انها (нечовечки/човечки),
ишан ایسان (само човечки)

Придавки уреди

Главна статија: Персиски придавки

Придавките им следат на именките, користејќи го езсафе составот. Меѓутоа придавките можат да им претходат на именките во сложени изведени форми, како Кхош-бекхт (букв. добра-среќа) 'среќно', и бед-кар (букв. лош-чин) 'злобен'. Компаративните форми се служат со наставката тер (تَر), додека суперлативните форми со наставката терин (تَرین).

Глаголи уреди

Нормалните глаголи се обликуваат по следнава шема:

( НЕГ - ДУР or ПОГОДБ/НАРЕДБ ) - корен - МИНАТО - ЛИЦЕ - АКУЗ-КЛИТИКА

  • Одречна претставка: нæ - станува не пред дуративнa претставка
  • Дуративna претставка: ми
  • Погодбенa/Наредбенa претставка: бе
  • Наставка за минатост: д - станува т по безвучни согласки
  • Оптативен показател: се додава „а“ пред последната буква на реченицата во сегашно време на трето лице еднина. Иако постојат индикации дека оваа флексија е отфрлена,можат да се забележат значителни остатоци во стилски состави и секојдневни изреки, како во:

هرچه بادا باد (значи: „нека биде што биде“) и دست مريزاد (буквално: „да не истури раката [она што го држи]“, со значење „добро направено“)

Наставки за лице
Лице Еднина Множина
1во ем им
2ро и ид
3то ед енд
Акузативни клитики
Лице Еднина Множина
1во ем еман
2ро ет етан
3то еш ешан

Конјугации уреди


   Актив
Начин Време Македонски Персоарапски
Индикатив Сегашно ми-кхорем میخورم
Индикатив Претерит (Обично минато) кхордем خوردم
Индикатив Несвршено ми-кхордем میخوردم
Индикатив Свршено кхорде ем خورده ام
Индикатив Предминато кхорде будем خورده بودم
Индикатив Идно кхахем кхорд خواهم خورد
Индикатив Сегашно трајно дарем ми-кхорем دارم میخورم
Погодбен начин Сегашно бекхорем بخورم


   Пасив
Начин Време Македонски Персоарапски
Индикатив Сегашно кхорде ми-шевем خورده میشوم
Индикатив Минато кхорде шодем خورده شدم
Индикатив Несвршено кхорде ми-шодем خورده میشدم
Индикатив Свршено кхорде шоде ем خورده شده ام
Индикатив Предминато кхорде шоде будем خورده شده بودم
Индикатив Идно кхорде кхахем шод خورده خواهم شد
Погодбен Минато кхорде шевем خورده شوم
Погодбен Свршено кхорде шоде башем خورده شده باشم

Сложенки уреди

Лесните глаголи како керден „прави“ често се користат со именки за формирање на сложенки, лесен глагослки состав или комплексен предикат. На пример, зборот „сохбет“ значи „разговор“, додека „сохбет керден“ значи „зборува“. Можеме да додадеме лесен глагол по именката, придавката, предлогот или предлошкиот израз за обликување на сложенка. Само лесниот глагол (пр. керден) се конјугира; Зборот пред него останува ист. На пример:

дарем сохбет миконем („Зборувам“)
сохбет керде ем („Имам зборувано“)
сохбет кхахем керд („Ќе зборувам“)

Како што може да се види од примерите, главниот збор (тука, сохбет) останува непроменет низ конјугацијата, а само лесниот глагол керден се конјугира.

Други сложенки со керден се:

  • фекр керден, „мисли“
  • ферамуш керден, „заборава“
  • герје керден, „плаче“
  • телефон керден, „јавува“, „телефонира“
  • темир керден, „поправа“

Помошни глаголи уреди

  • бајед - 'мора': не се конјугира
  • шајед - 'можеби': не се конјугира
  • теванестен - 'може': се конјугира
  • кхастен - 'сака': се конјугира. Зависната реченица е погодбена
  • кхастен - 'ќе': се конјугира. Главниот глагол е безвременски

Предлози уреди

Предлозите во персискиот се користат како во македонскиот – претходат на прирокот. Тие можат да бидат следниве:

Предлози
Персиски Македонски
ендер (اندر) во
ез (از) од
ба (با) со
бер (بر) на
бера-је (برای) за
бе (به) кон
би (بی) без
чон (چون) како (формално)
дер (در) кај, при
месл-е (مثل) како
та (تا) додека, сѐ до
хем-чон (همچون) како, така (формално)

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Mahootian, Shahrzad (1997). Persian. London: Routledge. стр. 190. ISBN 0-415-02311-4.

Надворешни врски уреди