Трепетна согласка
Трепетна согласка (вибрант)[1] е согласен глас што се создава со треперење помеѓу говорниот орган и местото на творба. Македонскиот јазик содржи само еден трепетен глас, претставен со буквата р, кој е венечна трепетна согласка.
Начини на творба |
---|
Препречни |
Избувни |
Слеани |
Струјни |
Шушкави |
Гласници |
Носни |
Едноударни |
Приближни |
Течни |
Самогласка |
Полусамогласка |
Странични |
Трепетни |
Механизам |
Белодробни |
Исфрлени |
Уфрлени |
Чрапави |
Алитерација |
Асонанца |
Поврзано: Место на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
уреди |
Меѓународната фонетка азбука ги претставува следниве трепетни гласови:
- [r] - преднојазична трепетна согласка (макед. р)
- [ʙ] - двоуснена трепетна согласка
- [ʀ] - ресична трепетна согласка
Двоуснената трепетна согласка е прилично ретка. Преднојазичната најчесто се среќава во облик на венечното [r͇], но се среќаваат и забната и задновенечната творба [r̪] и [r̠]. Наводната свиена трепетна согласка присутна во јазикот тода е претставена со симболот [ɽ] (т.е. исто како свиена едноударна согласка), но може понедвосмислено да се претстави како [ɽ͡r], бидејќи само почетокот е свиен, а самиот трепет е венечен. Познат е и уште еден трепетен глас во улога на согласка, наречен нагласилна трепетна согласка. Надгласилните согласки честопати се алофонски трепетни, а во некои јазици трепетот е главната творба на согласката. МФА нема официјален симбол за овој глас, но во литературата напати се среќава [я]. Постојат итн. „остри самогласки“ кои се придружени од надгласилен трепет.
Чешкиот јазик има две противположни венечни трепетни согласки, од кои едната е струјната трепетна согласка (ř). Кај струјната трептна согласка, јазикот се подига, така што се добива чујно струење за време на трепетот, и звучи нешто како истовремено изговорени [r] и [ʐ]. Симболот [ɼ] на овој звук е исфрлен од МФА, и сега гласот се претставува како [r̝] (подигнато р).
Лиангшанското наречје на јазикот носу (ји) има две „брмчливи“ или струјни самогласки /i̝/, /u̝/ (се пишуваат ṳ, i̤) кои може и да се трепетни, [ʙ̝], [r̝].
Чапакурскиот варски јазик и муранскиот јазик пираха имаат многу необична трепетна фонема - безвучната двоуснена потрепетна забна избувна согласка, [t̪͡ʙ̥].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
Табела на белодробни согласки по МФА аудио
| ||||||||||||||||||||||||
По место → | Уснени | Преднојазични | Среднојазични | Заднојазични | Гласилни | |||||||||||||||||||
↓ По начин | Двоуснени | Уснено-забни | Забни | Венечни | Задно-венеч. | Свиени | Предно-непчени | Заднонепчени | Ресични | Голтнички | Надгласилни | Гласилни | ||||||||||||
Носни | m̥ | m | ɱ | n̪ | n̥ | n | n̠ | ɳ | ɲ̥ | ɲ | ŋ̊ | ŋ | ɴ | |||||||||||
Избувни | p | b | p̪ | b̪ | t̪ | d̪ | t | d | ʈ | ɖ | c | ɟ | k | ɡ | q | ɢ | ʡ | ʔ | ||||||
Струјни | ɸ | β | f | v | θ | ð | s | z | ʃ | ʒ | ʂ | ʐ | ç | ʝ | x | ɣ | χ | ʁ | ħ | ʕ | ʜ | ʢ | h | ɦ |
Приближни | ʋ | ɹ | ɻ | j | ɰ | |||||||||||||||||||
Трепетни | ʙ | r | ɽ͡r | ʀ | я * | |||||||||||||||||||
Едноударни | ⱱ̟ | ⱱ | ɾ | ɽ | ɢ̆ | ʡ̯ | ||||||||||||||||||
Стран. струј. | ɬ | ɮ | ɭ˔̊ | ʎ̥˔ | ʎ˔ | ʟ̝̊ | ʟ̝ | |||||||||||||||||
Стран. прибл. | l | ɭ | ʎ | ʟ | ||||||||||||||||||||
Стран. едноуд. | ɺ | ɺ̠ | ʎ̯ |
Чкрапави | ʘ | ǀ | ǃ | ǂ | ǁ | ||
ʘ̃ | ʘ̃ˀ | ʘ͡q | ʘ͡qʼ | ||||
Уфрлени | ɓ | ɗ | ʄ | ᶑ | ɠ | ʛ | |
Исфрлени | pʼ | tʼ | cʼ | ʈʼ | kʼ | qʼ | |
fʼ | θʼ | sʼ | ɬʼ | xʼ | χʼ | ||
tsʼ | tɬʼ | cʎ̝̥ʼ | tʃʼ | ʈʂʼ | kxʼ | kʟ̝̊ʼ |
p̪f | b̪v | ts | dz | tʃ | dʒ | tɕ | dʑ | ʈʂ | ɖʐ |
tɬ | dɮ | cç | ɟʝ | cʎ̥˔ | ɟʎ˔ | kʟ̝̊ | ɡʟ̝ |
Незаградни | ʍ | w | ɥ | ɧ |
Заградни | k͡p | ɡ͡b | ŋ͡m |
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
* Симболот го нема во МФА. |