Заднонепчена согласка

(Пренасочено од Веларна согласка)

Заднонепчени согласки (меконепчени или велари)[1][2]согласки што се создаваат меѓу задниот дел од јазикот и задниот дел од непцето, т.е. мекото непце.

Места на
творба

Уснени
Двоуснени
Уснено–заднонепчени
Уснено–преднојазични
Усненозабни
Забноуснена

Двозабни

Преднојазични
Јазичноуснени
Меѓузабни
Забни
Забно-венечни
Венечни
Задновенечни
Заднонепчено-венечни
Свиени

Среднојазични
Задновенечни
Венечно-преднонепчени
Преднонепчени
Уснено-преднонепчени
Заднонепчени
Ресични
Ресично-надгласилни

Заднојазични
Голтнички
Надгласилно-голтнички
Надгласилни

Гласилни
Облик на јазикот

Врвнојазични
Рамнојазични
Подјазични

Странични

Преднонепчени
Голтнички

Поврзано: Начин на творба
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош]

Бидејќи заднонепчениот дел на горниот дел од устата е релативно голем, а движењата на јазикот не се многу прецизни, заднонепчените согласки лесно претрпуваат едначење по звучност, поместувајќи ја творбата напред или назад, зависно од тоа какви се соседните самогласки. Честопати автоматски стануваат предни, т.е. делумно или целосно преднонепчени кога стојат пред предна самогласка и повлечени пред задни самогласки.

Палатализираните заднонепчени согласки (како /k/, мак. к) понекогаш се нарекуваат преднонепчено-заднонепчени („палатовелари“). Многу јазици имаат и лабијализирани заднонепчени согласки, како што е [kʷ], каде творбата е дополнета со заоблување на усните. Постојат и усненозаднонепчени согласки како [k͡p], што се создаваат со двојна творба: со задниот дел на непцето и со усните. Оваа разлика отсуствува кај приближната согласка [w], бидејќи лабијализацијата подразбира придодавање на уснена приближна творба во звукот. Оваа ситуација меѓународно се нарекува „лабиовелар“.

Во македонскиот, заднонепчени се гласовите г, к и х.[2] Согласно Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве заднонепчени согласки:

МФА Опис Пример
Јазик Правопис МФА Значење
заднонепчена носна согласка англиски ring [ɹʷɪŋ] прстен
безвучна заднонепчена избувна согласка македонски коса [kɔsa] коса
звучна заднонепчена избувна согласка македонски игра [igra] игра
безвучна заднонепчена струјна согласка македонски Охрид xrit] Охрид
звучна заднонепчена струјна согласка грчки γάτα [ɣata] мачка
безвучна усненозаднонепчена приближна согласка англиски which[3] [ʍɪtʃ] кој
заднонепчена приближна согласка шпански pagar[4] [paɰaɾ] плаќа
заднонепчена странична приближна согласка вахги aʟaʟe [aʟaʟe] вртоглав
звучна усненозаднонепчена приближна согласка англиски witch [wɪtʃ] вептерка
заднонепчена исфрлена согласка арчински кIан [an] дно
ɠ звучна заднонепчена уфрлена согласка синди əro/ڳرو [ɠəro] тежок

Јазици без заднонепчени согласки

уреди

Заднонепчената согласка [k] е најзастапена согласка во светските јазици.[5] Единствените јазици без заднонепчени согласки (и воопшто, без среднојазични гласови) се шавантскиот и тахитскиот. Меѓутоа, постојат други јазици што немаат прости заднонепчени согласки. Особина на многу јазици од северозападното тихоокеанско крајбрежје на Северна Америка е изгубеното историско *k, кое со време се палатализирало и станало [kʲ], но во други јазици, како саничкиот, салишкиот и чемакумскиот истиот станал [tʃ]. (По истиот процес, историското *k’ станало [tʃʼ], а историското *x станало [ʃ]; не постоеле *g и *ŋ.) Меѓутоа, сите три јазика сепак имаат лабијализирана низа [kʷ], [kʼʷ], [xʷ], [w], како и ресична низа.

Наводи

уреди
  1. Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 65.
  2. 2,0 2,1 „велар“ — Лексикон на македонскиот јазик
  3. Кај дијалектите што разликуваат which од witch.
  4. Меѓусогласното g често се опишува како многу меко изговорена звучна заднонепчена струјна наместо како заднонепчена приближна согласка.
  5. Ian Maddieson and Sandra Ferrari Disner, 1984, Patterns of Sounds. Cambridge University Press
  • Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.

Поврзано

уреди


Табела на белодробни согласки по МФА  аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.