Аглутинативен јазик
Аглутинативен јазик е оној јазик кој обично ја користи аглутинацијатa: повеќето зборови се формирани со заедничко спојување на морфеми. Овој термин беше употребен од Вилхелм фон Хумболт во 1836 година, за да ги класифицира јазиците од морфолошка гледна точка. Потекнува од латинскиот глагол agglutinare што значи залепува заедно.
Аглутинативен јазик е форма на синтетички јазик, каде што типично секој афикс си има свое значење, и сврзаните морфеми се изразени со афикси (не при внатрешни промени на коренот на зборот, или промени во нагласокот или тонот). Дополнитено и најважно, претставките во аглутинативниот јазик не се спојуваат со други, и не ја менуваат формата кога се условени од другите.
Синтетичките јазици кои не се аглутинативни се викаат Фузионални јазици; тие понекогаш комбинираат претставки стискајќи ги заедно, честопати драматично менувајши ги во процесот, и спојувајќи неколку значења во една претставка ( на пример во шпанскиот збор comi (/ate) , наставката -i има значење на индикативен начин, активен глас, минато време, и предмет во прво лице еднина.
Зборот аглутинативен понекогаш е употребен како синоним на синтетички, иако технички не е хегов синоним. Кога зборот е употребен на овој начин вообичаено се земаат предвид фузионалните и флективните јазици. Разликата помеѓу фузионален и аглутинативен јазик честопати не е многу остра. Подобро да се мисли на овие два јазици како на завршетоци на континуум, со тоа што ќе припаѓаат или не едниот или на другиот завршеток. Во секој случај синтетичкиот јазик може да покаже аглутинативни особености во својот отворен лексикон, но не и во својот падежен систем како што се на пример: германскиот и холандскиот јазик.
Аглутинативните јазици се стремат да имаат висок процент на претставки/ морфеми по збор, и да бидат правилни. На пример, јапонскиот јазик има само два неправилни глаголи (и тоа не многу неправилни), јазикот Луганда има само еден (или два во зависност од тоа како е дефиниран терминот неправилен), турскиот има само еден, а во јазикот Quechua сите глаголи се правилни. Грегоријскиот е исклучок, не само во тоа што е високо аглутинативен (истовремено може да има и по осум морфеми по збор), но исто така има и значителен број на неправилни глаголи, кои се разликуваат по степенот на неправилност.
Примери за аглутинативни јазици
уредиВо примерот на аглутинативни јазици се вклучуваат: баскискиот, јазикот блекфут, грегориски, алтајските јазици (Турски и Татарски), јапонски (понекогаш групиран во алтајските), малајски и индонезиски, голем број на тибетско-бурмански јазици, дравидски јазици, многу од Уралските јазици (најобемни се унгарски, фински и естонски), банту-јазиците, североисточниот, северозападниот и јужно-кавкаските јазици и некои Месоамерикански и примитивни северноамерикански јазици. Голем дел од стариот Близок Исток зборувал исто такви јазици, како што се сумерски и персиски помеѓу Индо- европските јазици.
Аглутинацијата е типолошка дисциплина, и не имплицира лингвистичка поврзаност, но сепак постојат некои фамилии на аглутинативни јазици. На пример прауралскиот јазик, предокот на уралските јазици беше аглутинативен и повеќето јазици кои потекнуваат од него ја наследиле оваа особина. Но бидејќи аглутинацијата може да се појави во јазици кои претходно имале неаглутинативна типологија, а може да не постои во јазици кои биле аглутинативни, аглутинацијата како типолошка особина не може да биде употребена како доказ на генетска врска со други аглутинативни јазици.
Во многу оддлени јазици, ова се развило првенствено преку конвергентна еволуција. Тука постои претпочитан еволуционен правец од аглутинативни синтетички јазици до фузионални синтетички јазици, и потоа до несинтатички јазици кои се развиваат во изолациони јазици и оттука повторно до аглутинативни синтетички јазици. Како и да е, ова е само стандард и комбинација од стандардот, видливи се граматичката теорија и теоријата на општата лингвистика, посебно финалниот збор - стокопа и елизија. Овој феномен е познат како лингвистичко отстапување. Некои реални и функционално конструирани јазици, како што се Есперанто, Њуспик и Клингон се претставени како аглутинативни јазици. Аглутинативните јазици се особено тешки за учење, бидејќи само една наставка може да ја смени смислата на реченицата. Типичен пример за аглутинативен јазик е турскиот.Тој спаѓа во т.н високо аглутинативни јазици кои трпат и до 8 морфеми на коренот на зборот.Еве еден пример со турскиот збор EV што значи куќа.Со додавање на наставки за коренот на зборот добиваме и цели реченични изрази Ev-куќа Evler-куќата Evin-твојата куќа Eviniz-вашата куќа Evim-мојата куќа Evimde-кај мојата куќа Evinde-кај твојата куќа Evinizde-Кај вашата куќа Evimizde-Во нашата куќа Evindeyim-Во твојата куќа сум Evinizdeyim-Во вашата куќа сум Evindeyiz-Ние сме во твојата куќа Evinizdeyiz-Ние сме во вашата куќа Evimizdeyiz-Ние сме во нашата куќа
Литература
уреди- Stocking, George W.(1995). The Ethnographer's Magic and Other Essays in the History of Anthropology. University of Wisconsin Press p. 84 ISBN 0-299-13414-8.
- Masayoshi Shibatani, Theodora Bynom (1999). Approaches to language typology. Oxford University Press. стр. 5. ISBN 0-19-823866-5.
Bodmer,Frederick. Ed. by Lancelot Hogben. The Loom of Language. New York, W.W. Norton and Co, 1944, renewed 1972, стр. 53, 190ff. ISBN 0-393-30034-X