Сложенка
Сложена именка (сложенка) претставува именска форма што вообичаено е образувана од именски (именка, придавка, заменка, број) дел, а може да има и глаголски дел. Во литературниот јазик образувањето сложени именки е жив и продуктивен начин на зборообразување, односно бројот на таквите именки постојано се зголемува, посебно со позајмувањата од меѓународната терминологија (картографија, минералогија), како и оние што претставуваат наследство од црковнословенскиот јазик (милосрдие, благодарност).[1]
Од аспект на лексиката, за сложена именка може да се зборува ако зборовите од кои таа е составена можат да се одделат и понатаму да го имаат сопственото значење, како на пример ороводец - оро и водач (водење).
Составните делови во сложените именки се поврзуваат на два начина: или со составните вокали е и о (североисток, очевидец, водомер, земјоделец), или со непосредно срастување (виножито, дрворед, стонога).
Наводи
уреди- ↑ Блаже Конески, Граматика на македонскиот литературен јазик, “Култура“ 1987, Скопје, стр. 292
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |