Приближна согласка
Приближни самогласки (апроксиманти) се гласови каде говорните органи се приближуваат еден до друг, но не доволно блиску[1] или без достатна творбена прецизност[2] за да се создаде бурен воздушен тек. Затоа приближните согласки заземаат место помеѓу струјните (кои прават бурен тек) и самогласките (кои не прават бурен тек).[3] Во оваа класа на гласови спаѓаат страничните приближни согласки како [l] (л), нестраничните како [ɹ] (англиско r) и полусамогласките како [j] (ј) и [w] (англиско w).[3]
Начини на творба |
---|
Препречни |
Избувни |
Слеани |
Струјни |
Шушкави |
Гласници |
Носни |
Едноударни |
Приближни |
Течни |
Самогласка |
Полусамогласка |
Странични |
Трепетни |
Механизам |
Белодробни |
Исфрлени |
Уфрлени |
Чрапави |
Алитерација |
Асонанца |
Поврзано: Место на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
уреди |
Во македонскиот јазик, приближни се гласовите: ј, л и љ. Првиот е полусамогласка, а другите се странични.
Средни приближни согласки
уреди- двоуснена приближна согласка [β̞] ( ⟨β⟩)
- усненозабна приближна согласка [ʋ]
- забна приближна согласка [ð̞] ( ⟨ð⟩)
- венечна приближна согласка [ɹ]
- свиена приближна согласка [ɻ ] (согласно [ɚ])
- преднонепчена приближна согласка [j] (мак. ј, согласно [i])
- заднонепчена приближна согласка [ɰ] (согласно [ɯ])
- ресична приближна согласка [ʁ̞] ( ⟨ʁ⟩)
- голтничка приближна согласка [ʕ̞] (согласно [ɑ]; ⟨ʕ⟩)
- надгласилна приближна согласка [ʢ̞] ( ⟨ʢ⟩)
Странични приближни согласки
уредиКај страничните приближни согласки, средиштето на јазикот наполно се допира до горниот ѕид на устата. Меѓутоа, карактеристично место за овие согласки се страните на јазикот, кои доаѓаат само до забите.
- венечна странична приближна согласка [l] (мак. л)
- свиена странична приближна согласка [ɭ]
- преднонепчена странична приближна согласка [ʎ] (мак. љ)
- заднонепчена странична приближна согласка [ʟ]
- веларизирана венечна странична приближна согласка [ɫ] или [lˠ]
Сложени приближни согласки со свои симболи во МФА
уреди- лабијализирана заднонепчена приближна согласка [w] (согласно [u])
- лабијализирана преднонепчена приближна согласка [ɥ] или [jʷ] (согласно [y])
Безвучни приближни согласки
уредиБезвучните приближни согласки ретко се разликуваат од безвучните струјни согласки. Еве некои од нив:
- безвучна венечна странична приближна согласка [l̥]
- безвучна преднонепчена приближна согласка [j̊]
- безвучна лабијализирана преднонепчена приближна согласка [ɥ̊] или [j̊ʷ]
- безвучна лабијализирана заднонепчена приближна согласка [ʍ] или [w̥]
- безвучна гласилна приближна согласка [h]
- безвучна носна гласилна приближна согласка [h̃]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ladefoged (1975:277)
- ↑ Martínez-Celdrán (2004:201) , го наведува Ladefoged & Maddieson (1996)
- ↑ 3,0 3,1 Martínez-Celdrán (2004:201)
- Ladefoged, Peter (1964). A Phonetic Study of West African Languages. Cambridge: Cambridge University Press.
- Ladefoged, Peter (1975). A Course in Phonetics. New York: Harcourt Brace Jovanovich.
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
Табела на белодробни согласки по МФА аудио
| ||||||||||||||||||||||||
По место → | Уснени | Преднојазични | Среднојазични | Заднојазични | Гласилни | |||||||||||||||||||
↓ По начин | Двоуснени | Уснено-забни | Забни | Венечни | Задно-венеч. | Свиени | Предно-непчени | Заднонепчени | Ресични | Голтнички | Надгласилни | Гласилни | ||||||||||||
Носни | m̥ | m | ɱ | n̪ | n̥ | n | n̠ | ɳ | ɲ̥ | ɲ | ŋ̊ | ŋ | ɴ | |||||||||||
Избувни | p | b | p̪ | b̪ | t̪ | d̪ | t | d | ʈ | ɖ | c | ɟ | k | ɡ | q | ɢ | ʡ | ʔ | ||||||
Струјни | ɸ | β | f | v | θ | ð | s | z | ʃ | ʒ | ʂ | ʐ | ç | ʝ | x | ɣ | χ | ʁ | ħ | ʕ | ʜ | ʢ | h | ɦ |
Приближни | ʋ | ɹ | ɻ | j | ɰ | |||||||||||||||||||
Трепетни | ʙ | r | ɽ͡r | ʀ | я * | |||||||||||||||||||
Едноударни | ⱱ̟ | ⱱ | ɾ | ɽ | ɢ̆ | ʡ̯ | ||||||||||||||||||
Стран. струј. | ɬ | ɮ | ɭ˔̊ | ʎ̥˔ | ʎ˔ | ʟ̝̊ | ʟ̝ | |||||||||||||||||
Стран. прибл. | l | ɭ | ʎ | ʟ | ||||||||||||||||||||
Стран. едноуд. | ɺ | ɺ̠ | ʎ̯ |
Чкрапави | ʘ | ǀ | ǃ | ǂ | ǁ | ||
ʘ̃ | ʘ̃ˀ | ʘ͡q | ʘ͡qʼ | ||||
Уфрлени | ɓ | ɗ | ʄ | ᶑ | ɠ | ʛ | |
Исфрлени | pʼ | tʼ | cʼ | ʈʼ | kʼ | qʼ | |
fʼ | θʼ | sʼ | ɬʼ | xʼ | χʼ | ||
tsʼ | tɬʼ | cʎ̝̥ʼ | tʃʼ | ʈʂʼ | kxʼ | kʟ̝̊ʼ |
p̪f | b̪v | ts | dz | tʃ | dʒ | tɕ | dʑ | ʈʂ | ɖʐ |
tɬ | dɮ | cç | ɟʝ | cʎ̥˔ | ɟʎ˔ | kʟ̝̊ | ɡʟ̝ |
Незаградни | ʍ | w | ɥ | ɧ |
Заградни | k͡p | ɡ͡b | ŋ͡m |
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
* Симболот го нема во МФА. |