Таџички јазик
Таџичкиот јазик (таџикистански или таџички персиски) е модерна варијанта на персискиот јазик што се зборува во Средна Азија. Јазикот спаѓа во семејството на индоевропски јазици од иранската подгрупа на јазици. Јазикот е мајчин јазик на таџикистанците и е службен јазик во Таџикистан. Поради историските и политичките причини, јазикот се одделил од порано истиот персиски јазик што се зборува во Иран и Авганистан. Јазикот добил посебна стандардизација и имал големо влијание од рускиот јазик. Таџикистанскиот се засновал на северозападниот дијалект околу градот Самарканд и поради тоа се чувствува и влијание од узбечки јазик.
Таџички | |
---|---|
тоҷикӣ, تاجیکی, tojikī | |
Изговор | тоџики |
Застапен во | Таџикистан, Казахстан, Авганистан, Пакистан |
Подрачје | Средна Азија |
Говорници | 4.380.000 |
Јазично семејство | |
Писмо | таџикистанска азбука |
Статус | |
Службен во | Таџикистан |
Регулативен орган | Институт за јазик и литература Рудаки |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | tg |
ISO 639-2 | tgk |
ISO 639-3 | tgk |
Распространетост
уредиНајзначајните градови каде се збори таџички персиски јазик во Средна Азија се градовите Самарканд и Бухара, денес во Узбекистан. Во овие градови денес има значајно таџичко население, но има и на границата со Таџикистан. Според официјалните податоци на Узбекистан, во државата живеат околу 5% Таџици од вкупното население[1]. Ова не вклучува етнички Таџици кои од различни причини не се изјасниле како такви. За време на СССР Таџиците во Узбекистан имале две можности: или да останат во Узбекистан и да се пишат како Узбеци или да се преселат во послабо развиениот Таџикистан. .[2] Така, грубо гледано, околу 15 до 20 проценти од вкупното население на Узбекистан се Таџици.[3][4]
Во Таџикистан, 80% од населението се Таџици и персискиот јазик доминира во државата. Во северен Авганистан, Таџиците се доминантно население, каде во државата има 25% до 30% Таџици. Најголема дијаспора Таџиците имаат во Русија и во средноазиските држави.
Дијалекти
уредиТаџичките дијалекти се поделени на следните групи:
- Северни дијалекти (северен Таџикистан, јужен Узбекистан и Киргистан).
- Централни дијалекти
- Јужни дијалекти
- Југоисточни дијалекти
Фонологија
уредиСамогласки
уредиПредни | Централни | Задни | |
---|---|---|---|
Затворени | i | u | |
Средни | e | u̇ | o1 |
Отворени | a |
Согласки
уредилабиодентални | дентално/ алвеоларни |
посталвеоларни | непчани | веларни | увуларни | глотални | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
носни | м /m/ |
н /n/ |
|||||
експлозивни | п б /p/ /b/ |
т д /t/ /d/ |
к г /k/ /g/ |
қ /q/ |
ъ /ʔ/ | ||
фрикативни | ф в /f/ /v/ |
с з /s/ /z/ |
ш ж /ʃ/ /ʒ/ |
х ғ /χ/ /ʁ/ |
ҳ /h/ | ||
африкативни | ч ҷ /tʃ/ /dʒ/ |
||||||
вевни | р /r/ |
||||||
апроксимантни | л /l/ |
й /j/ |
Писмо
уредиВо Таџикистан како и во останатите држави од поранешниот СССР, таџичкиот се пишувал со кирилица, иако до 1930 година се пишувал на латиница и на персиско писмо. Од 1928 до 1930 година се користела латиницата, но била заменета со кирилица која се користи и денес. Во 2008 министерот за култура на Таџикистан изјавил дека кога ќе се запознае целото таџикистанско население со персиската азбука, тогаш кирилицата и латиницата ќе бидат заменети со персиското писмо.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Uzbekistan. The World Factbook. Central Intelligence Agency (13 декември 2007). Посетено на 2007-12-26.
- ↑ Rahim Masov, The History of the Clumsy Delimitation, Irfon Publ. House, Dushanbe, 1991 (руски). English translation: The History of a National Catastrophe, transl. Iraj Bashiri, 1996.
- ↑ Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor (23 февруари 2000). „Uzbekistan“. Country Reports on Human Rights Practices - 1999. U.S. Department of State. Посетено на 2007-12-19.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Richard Foltz, "The Tajiks of Uzbekistan", Central Asian Survey, 15(2), 213-216 (1996).
- ↑ "Tajikistan may consider using Persian script when the conditions are met" Архивирано на 6 јануари 2016 г., interview of Tajikistan's Deputy Culture Minister with Iranian News Agency, 2 мај 2008.
Користена литература
уреди- Ido, S. (2005) Tajik ISBN 3-89586-316-5
- Korotow, M. (2004) Tadschikisch Wort für Wort. Kauderwelsch ISBN 3-89416-347-X
- Lazard, G. (1956) "Caractères distinctifs de la langue tadjik". Bulletin de la Société Linguistique de Paris. 52. pp. 117–186
- Lazard, G. "Le Persan". Compendium Linguarum Iranicarum. Wiesbaden. 1989.
- Windfuhr, G. (1987) in Comrie, B. (ed.) "Persian". The World's Major Languages. pp. 523–546
- Perry, J. R. (2005) A Tajik Persian Reference Grammar (Boston : Brill) ISBN 90-04-14323-8
- Rastorgueva, V. (1963) A Short Sketch of Tajik Grammar (Netherlands : Mouton) ISBN 0-933070-28-4