Шира
Шира – благо вино, неферментиран сок од изгмечено грозје[1]. Поопшто ширата е свеж овошен сок (вообичаено гроздов сок) добиен со гмечење, цедење и пресување на овошјето.[2] Остатокот (цврстиот дел) што ги содржи семките, кожата и дршките на овошјето се вика комина. Правењето шира е првиот чекор во производството на вино.
Производство на вино
уредиВреметраењето на држењето на комината и ширата заедно е битно за карактерот на виното. Кога винарот процени дека е време, ширата се вади од комината, и истата се пресува за да се извади преостанатиот сок од неа. Ферментацијата може да биде природна (без додатоци), но за порамномерно вриење и спречување на прекин на ферментацијата се додава вински квасец. На комината може да ѝ се додаде вода, да се остави 24 часа и потоа да се користи за производство на вино. Во Македонија најчесто комината се користи за производство на ракија. Вака произведената ракија се нарекува коминарка.
Ширата може да се користи и за правење вински оцет.
Наводи
уреди- ↑ „Шира“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Преработки од грозјето“. Архивирано од изворникот на 2016-04-13. Посетено на 2016-08-16.