Коза
Домашна коза | |
---|---|
![]() | |
припитомен
| |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Artiodactyla |
Семејство: | Bovidae |
Потсемејство: | Caprinae |
Род: | Capra |
Вид: | C. aegagrus |
Подвид: | C. a. hircus |
Триномен назив | |
Capra aegagrus hircus (Лине, 1758) |
Домашната коза (лат. Capra aegagrus hircus) е домашно животно, подвид на дивата коза од Азија и Источна Европа.
Нејзиното припитомување се одвивало уште во текот на 11 век п.н.е, на подрачјето на Блискиот Исток. Обично се претпоставува, дека припитомувањето многу брзо доведува до морфолошки промени на скелетот на таквите животни, како што е промената на роговите, и нивната помала големина. Луѓето од козите го користат месото, кожата, млекото и волната.
ИсхранаУреди
Ако ги имаат на располагање сите делови на билки, козите јадат околу 60% листови и стеблести растенија, околу 20% зелено растение и само околу 20% трева. Порано, но и денес се чуваат во повисоките места, зошто се способни за искачување како и за подрачја на кои не можат да се одгледуваат говеда.
РазмножувањеУреди
Козата достигнува полна зрелост на 5 месеци (мажјакот), односно на 7 месеци (женката) од животот. Таа може да носи млади до својата седма година, а вообичаено раѓа 1 до 3 млади. Циклусот кај козите трае 21 ден, започнувајќи во есен и повторувајќи се неколку месеци до оплодувањето.
Козата како тема во уметноста и во популарната култураУреди
Понекогаш, козата се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:
- „Волкот и седумте јариња“ – сказна на браќата Грим.[1]
- „Јарецот живодерец“ (Јарац живодерац) - српска народна приказна.[2] [3]
- „Јарецот, бикот и лавот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[4]
- „Лисицата и јарецот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[5]
- „Волкот и козата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[6]
- „Козата на господинот Сегин“ - расказ на францускиот писател Алфонс Доде од 1869 година.[7]
- „Грла јарци“ - песна на македонската рок-група Funk Shui.[8]
НаводиУреди
- ↑ Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
- ↑ Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 144-145.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 330-332.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 71.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 77.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 80-81.
- ↑ Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 41-48.
- ↑ Funk Shui, R.E.M., TR003, 22 Records.
Оваа статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |