Бадминтон на Летните олимписки игри 2016

Бадминтон на
Летните олимписки игри 2016

Поединечно   мажи   жени  
Двојки   мажи   жени   мешани

Турнирите во бадминтон на Летните олимписки игри 2016 ќе се одржат од 11-20 август на четвртиот павилјон во Риоцентро. Вкупно 172 натпреварувачи се очекува да се натпреваруваат во пет турнири: поединечно за мажи, машки двојки, поединечно за жени, женски двојки и мешани двојки.[1]

Слично како и во 2012, турнирите ќе се состојат од игра по групи и елиминациска фаза. Во сите турнири во двојки, Светската бадминтонска федерација воведе промени во правилата за натпреварување по избувнувањето на скандалот за местени натпревари на претходните игри, така што сите второпласирани двојки во секоја група ќе бидат вклучени во посебен жреб за да се одреди против кого ќе играат во следниот круг на натпреварување, додека првопласираните двојки во секоја група ќе имаат точно одредено место во елиминациската фаза во очекување на следниот противник.[2]

На игрите ќе се употребат околу 8.400 пера.[3]

Квалификации уреди

Периодот за олимписките квалификации се протегал од 4 мај 2015 до 1 мај 2016 година, а ранг-листата објавена на 5 мај 2016 година од страна на Светската бадминтонска федерација била земена предвид за пополнување на местата.[4] За разлика од претходните олимписки игри, секоја земја-учесник може да има најмногу двајца натпреварувачи во поединечна конкуренција за мажи и жени доколку и двајцата се рангирани меѓу најдобрите 16 во светот; во спротивно, се доделува дополнително место на послабо рангираните наптреваруваи сè додека натпреварувачкиот список не се пополни. Слични правила како кај турнирите во поединечна конкуренција се применуваат и кај натпреварите во двојки, па секој национален олимписки комитет може да испрати најмногу две двојки доколку и двете се рангирани меѓу најдобрите 8 во светот, а преостанатите национални олимписки комитети може да добијат по едно место сè додека натпреварувачкиот список не се пополни.[5]

За секој натпреварувач кој обезбедил учество во повеќе од една дисциплина, се ослободува дополнително место во секој од поединечните натпревари. Ако нит еден натпреварувач од некој континент не може да обезбеди учество, најдобро рангираниот натпреварувач од тој континент добива право на настап.[4]

Распоред уреди

П Прелиминарен дел К Круг на 16 ¼ Четвртфинале ½ Полифинале Ф Финале
Датум → 11 август 12 август 13 август 14 август 15 август 16 август 17 август 18 август 19 август 20 август
Натпревар ↓ У П В У П В У П В У П В У В У В У В У В У В У В
поединечно за мажи П К ¼ ½ Ф
машки двојки П ¼ ½ Ф Ф
поединечно за жени П К ¼ ½ Ф
женски двојки П ¼ ½ Ф
мешани двојки П ¼ ½ Ф
У = утрински дел, П = попладневен дел, В = вечерен дел

Учесници уреди

Освојувачи на медали уреди

Event Злато Сребро Бронза
поединечно за мажи
подробно
машки двојки
подробно
поединечно за жени
подробно
женски двојки
подробно
мешани двојки
подробно

Список по земји уреди

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно

Резултати уреди

Поединечно за мажи уреди

  Четвртфинале Полуфинале Финале
                                       
     
   
     
     
 
     
     
   
     
   
   
     
 
     

Поединечно за жени уреди

  Четвртфинале Полуфинале Финале
                                       
     
   
     
     
 
     
     
   
     
   
   
     
 
     

Машки двојки уреди

  Четвртфинале Полуфинале Финале
                                       
     
   
     
     
 
     
     
   
     
   
   
     
 
     

Женски двојки уреди

  Четвртфинале Полуфинале Финале
                                       
     
   
     
     
 
     
     
   
     
   
   
     
 
     

Мешани двојки уреди

  Четвртфинале Полуфинале Финале
                                       
     
   
     
     
 
     
     
   
     
   
   
     
 
     

Наводи уреди

  1. „Rio 2016: Badminton“. Rio 2016. Архивирано од изворникот на 2015-04-17. Посетено на 17 април 2015.
  2. Mackay, Duncan (30 ноември 2012). „Olympics doubles rules changed for Rio 2016 after match-fixing scandal“. Inside the Games. Посетено на 24 јуни 2015.
  3. „8,400 shuttlecocks, 250 golf carts, 54 boats... the mind-blowing numbers behind the Rio 2016 Games“. Архивирано од изворникот на 2016-07-07. Посетено на 2016-07-30.
  4. 4,0 4,1 „Rio 2016 – BWF Badminton Qualification System“. БВФ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-23. Посетено на 24 јуни 2015.
  5. „Singles Maximum Reduced for Rio 2016“. Светска бадминтонска федерација. 11 февруари 2014. Архивирано од изворникот на 2016-04-23. Посетено на 24 јуни 2015.

Надворешни врски уреди