Илија Стојкоски[1] Сланштанец ( 1907 во Сланско, Македонски Брод) — македонски писател, историчар и самостоен издавач.

Илија Сланштанец е роден во 1907 година во селото Сланско во близина на Македонски Брод. Во 1929 година завршил осми клас во гимназијата во Битола.[2]

Творештво

уреди

Сланштанец бил мошне плоден автор, чии дела се појавувале во период од неколку месеци. Тој пишувал проза за возрасни и за деца. Со пишување започнал да се занимава во 1942 година. Во неговото книжевно творештво, централна тема била борбата на македонскиот народ за ослободување од турското ропство. Негово најпознато дело се Илинденски истории, објавени во неколку десетици (17) книшки.[3]

Поважни негови дела се:

Наводи

уреди
  1. Иваноски, Марјан (2009). СООПШТЕНИЕ - Научен собир „Порече низ Историјата“ (PDF). ИНИ. стр. 159.
  2. Ристе Наумовски, „Предговор“, во: Илија Сланштанец, По стапки од младост - раскази од младежта, Скопје, 1959, стр. 6.
  3. Грозда Данова, „Белешка“, во: Илија Сланштанец, Илинденски истории - книшка дванаесетта, Скопје, 1967, стр. 3.

Надворешни врски

уреди

Илинденски истории