Сетома
Сетома (грчки: Κεφαλάρι, Кефалари, до 1928 Σέτομα, Сетома )[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Сетома Μακροχώρι | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°34′N 21°16′E / 40.567° СГШ; 21.267° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Костур |
Надм. вис. | 626 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 451 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 6 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 626 метри.
Историја
уредиПрвото споменување на селото е во документи од 1445 година под името Сатома. Во документи од 1530 година се споменува како Сатом, а во 1545 година како Стоми. Името најверојатно потекнува од лично име, според Љубица Станковска, Сетом[3]. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век биле евидентирани 25 глави на домаќинства и двајца невенчани: Јорг, Андроник, Нико, Јано, Стам, Филип, Дабижив, Никола, Тутук, Бежан, Велихна, Јорг, Пројо, Ѓуро, Мано, Рајко, Тодор, Конде, Добро, Тодор, Димитри, Филип, Димо, Михос, Јано, Алекса и Никола, и три вдовици Стана, Мара и Христана. Вкупниот приход за државата од селото е 1.447 акчиња[4].
Во околу 1834 година е изградена селската црква „Св. Наум“. Според локални преданија таа била посветена на Свети Наум по иницијатива на седум семејства од Струга, кои се населиле во тоа време во Сетома[5].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сетома се состоело од 65 семејства со 220 жители Македонци[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сетома имало 150 муслимани и 190 жители Македонци[6][8].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сетома се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 70 куќи.[9]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија [6][10], како и 496 македонски патријаршисти[11]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 200 Грци и 250 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 50 македонски семејства со 20 турски семејства[12].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[13]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 408 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 408 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Кефалари.[14] Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 50 деца од селото биле протерани како деца бегалци[15]
По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.
Демографија
уредиВо 1928 година селото броело 371 жител.[16], додека во 1940 година селото броело 563 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 311 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 376 жители, во 1971 година имало 341 жител, во 1981 година имало 331 жител, додека во 1991 година имало 413 жители[17]. Денеска, населението на селото е 451 жител според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 563 | 311 | 376 | 341 | 331 | 413 | 451 | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Наум Охридски“ од 1834 г.
Личности
уреди- Родени во Сетома
- Аргир Динов (1889 - ?)[18]
- Аргир Кузов
- Кољо Костов (1891 - ?)[19]
- Паскал Гилевски (р. 1939)
- Сотир Николов (1891 - ?)[20]
- Ставро Костадинов (1877 - ?)[21]
- Тома Сетомски (? - 1944)
- Починати во Сетома
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Σιδηροχώρι
- ↑ Станковска, Љубица. Топонимски варијации во Костурско-Леринската област, во: Македонските дијалекти во Егејска Македонија, Скопје, 1994, стр. 243.
- ↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 119.
- ↑ Гилевски, Паскал. Внатрешни гласови (9). Посмртната венчавка на моите родители, Македонско дело, година VII, бр. 349, 7 јули 200, стр. 17.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Sidiroxori.[мртва врска]
- ↑ Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kefalari“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-15.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-15.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 241.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 373.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 512.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 367.