Птоломејска династија

(Пренасочено од Птоломаидите)

Птоломејската династија — македонско кралско семејство која владеела со Египет речиси 300 години, од 323 п.н.е. до 30 п.н.е.

Птоломејска династија
<
p
t
wAl
M
iis
>
ЗемјаСтар Египет, Античка Македонија, Антички Рим
Основана305 п.н.е.
ОсновачПтоломеј I Сотер
Последен владетелКлеопатра и Птоломеј XV Цезарион
(Ргипет)
Птоломеј Филаделф
(Сирија)
Птоломеј)
(Мавританија)
Последен членДрусила
ТитулиФараон
Василевс на Египет
Крал на Македонија
Крал на Мавританија
Крал на Сирија
Крал на Кирена
Распад79
Крај на владеењето279 п.н.е.(Македонија)
30 п.н.е.(Египет)
40 (Мавританија)

Птоломеј, еден од седумте телохранители и генерали на Александар III Македонски бил назначен за сатрап на Египет по смртта на Александар во 323 п.н.е. Птоломеј 305 п.н.е. се прогласил за Крал Птоломеј I, подоцна познат како Сотир (спасител). Египќаните брзо ги прифатиле Птоломејците како вистински наследници на фараоните на независен Египет. Династијата на Птоломеј владеела со Египет до Римското освојување во 30 п.н.е.

Сите машки владетели од династијата го носеле името Птоломеј. Кралиците пак, од кои некои биле сестри на своите сопрузи, обично се викале Клеопатра, Арсиноја или Береника. Најпозната во низата на оваа династија е последната владетелка - Клеопатра VII, позната по својата улога во политичките борби во Рим помеѓу Јулиј Цезар и Помпеј, а подоцна и помеѓу Октавијан и Марко Антониј. Нејзиното самоубиство по покорувањето на Египет од Рим го означува крајот на династија.

Птоломејски владетели

уреди
 
Поделба на царството на Александар
  Кралство на Птоломеј
  Кралство на Касандар
  Кралство на Лизимах
  Кралство на Селевк
Други држави

Годините во заградите го означуваат периодот на владеење. Тие често владееле заедно со своите сопруги, кои пак често биле и нивни сестри. Неколку кралици имале кралски авторитет напоредно со кралот или самостојно. Неколку кралици имале силен авторитет, но најпозната и најуспешна била Клеопатра VII (51 п.н.е.-30 п.н.е.), заедно со нејзините двајца браќа и нејзиниот син како последователни номинални ковладетели. Постојат повеќе системи за броење на подоцнежните владетели, овој што е прикажан тука е најчесто применуван од современата наука.

Поедноставено семејно стелно на птоломејската династија

уреди

Многу од долуприкажаните семејни врски се контроверзни. Повеќе детали може да се најдат на некоја од локациите посочени во надворешните врски.

 

Други членови на Птоломејската династија

уреди

Литература

уреди
  • J. G. Manning The Last Pharaohs - Egypt Under the Ptolemies, 305-30 BC, 2009 (англиски)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди