Смешно лице е американски мјузикл од 1957 година со песни преземени од истоимената театарска претстава од 1927 година на Џорџ Гершвин и Ајра Гершвин. Во него глуми Одри Хепберн како Џо, срамежлива работничка во книжарница и филозофка-аматерка, која ја открива познат професионален фотограф (го игра Фред Естер). За кратко време, таа ќе се најде на важна модна манифестација во Париз, каде процветува љубовна афера меѓу двајцата главни глумци. Фабулата на филмот драстично се разликува од онаа на претставата, без разлика што голем дел од песните се задржани.

„Смешно лице“
Funny Face 1957.jpg
Оригиналниот постер од 1957
РежисерСтенли Донен
ПродуцентРоџер Еденс
СценаристЛеонард Герше
Главни улогиОдри Хепберн,
Фред Естер,
Кеј Томпсон,
Мајкл Оклер,
Роберт Флеминг
Музикаконечна верзија на
Адолф Дојч
со песни на
Џорџ Гершвин
Ајра Гершвин
КинематографијаРеј Џун
ДистрибутерParamount Pictures
Премиера13 февруари 1957
Времетраење103 минути
ДржаваСАД Соединети Американски Држави
ЈазикАнглиски
Буџетоколу $3,000,000

Надворешни врскиУреди