Отвори го главното мени

Истрага на местото на злосторството: Њујорк

Истрага на местото на злосторството: Њујорк или ЦСИ: Њујорк (англиски: CSI: NY) е американска полициска телевизиска серија која започна да се емитува на 22 септември 2004 и сѐ уште се снима. Ова е вториот спин-оф од ЦСИ: Лас Вегас, а ликовите за првпат се појавија во епизода на ЦСИ: Мајами.

CSI: New York
250px
Логото на серијата во четвртата сезона
Создадена одЕнтони Цукер
Керол Менделсон
Ен Донахју
УлогиГери Синис
Мелина Канакаредес
Кармин Џовинацо
Ана Белнап
со Хил Харпер
и Еди Кахил
Воведна темаThe Who: "Baba O'Riley"
Земја на потекло САД
 Канада
Бр. на сезони4
Бр. на епизоди92 (список на епизоди)
Продукција
Времетраење40–45 минути
Прикажување
Првична мрежаCBS
CTV
Сликов формат480i (SDTV),
1080i (HDTV)
Првично прикажување17 мај 2004 (во ЦСИ: Мајами)
22 септември 2004 – денес
Хронологија
Слични програмиЦСИ: Мајами
ЦСИ: Лас Вегас
Надворешни врски
Мрежна страницаcbs.com/primetime/csi ny/

Во Македонија, серијата се емитува на А1 телевизија.

СинопсисУреди

Шеф на тимот во Њујорк е Мек Тејлор. Мек го има главниот збор во тимот и тој секогаш е прв на местото на злосторството. Мек се води по старото венецијанско правило: сѐ е поврзано и ништо не е случајно.

Нему му помагаат Стела Бонасера, главен советник на Мек и специјалист за случаите на психолошка тортура, силување и киднапирање, Дон Флек специјалист за огнено оружје кој и самиот пораснал меѓу криминалците во Њујорк, Дени Месер задолжен за доказите кои тимот ги анализира на лице место, д-р Шелдон Хокс шеф на одделот за аутопсија и Линдзи Монро задолжена за испитување на осомничените.

Од епизода во епизода, тимот се соочува со фактот дека Њујорк полека станува град во кој не е сигурно да се живее. На секој чекор се наоѓаат криминалците, а најголем проблем им се мистериозните убиства во кои нема многу докази.

Мек и неговиот тим и самите ќе станат мета на криминалците, но нивниот најголем адут е лабораторијата, во која е возможно да се направат и реконструкции на човечки лица и тела и да се најдат докази за нивната смрт.

Во постојаната борба за поголема гледаност, продуцентите на серијата направиле извонреден производ кој внесува нова свежина и кој на оригинален начин ја обработува добро познатата тема.

Серијата „Истрага на местото на злосторството:Њујорк“ во Македонија се емитува на МТВ 1 .

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди