Смеа во Рајот е англиска комедија продуцирана во 1951. Во филмот глумат Аластер Сим, Џорџ Кол и Гај Мидлтон како личности кои мораат да прават работи против нивната волја со цел да профитираат од тестаментот на еден нивен роднина.

„Смеа во Рајот“
Одри Хепберн во Смеа во Рајот
РежисерМарио Цампи
СценаристЏек Дејвис
Мајкл Пертви
Главни улогиАластер Сим
Џорџ Кол[1]
МузикаСтенли Блек
ДистрибутерAssociated British Pathe
Премиера13 јуни 1951
Времетраење93 минути
ЗемјаОбединето Кралство Англија
ЈазикАнглиски
Бруто заработка£256,579 (UK)[2]

Забележлив е по кратката појава на тогаш младата Одри Хепберн која игра улога на девојка што носи цигари. Ова е првата професионална појава на Одри Хепберн на филм (ако ја исклучиме онаа од 1948 година во холандскиот филм Холандски во седум лекции).

Наводи

уреди
  1. „Laughter in Paradise“. BFI. Архивирано од изворникот на 2012-07-11.
  2. Vincent Porter, 'The Robert Clark Account', Historical Journal of Film, Radio and Television, Vol 20 No 4, 2000 p496

Надворешни врски

уреди