Сабрина
Сабрина е филм од 1954 година режиран од Били Вајлдер. Во главните улоги се појавуваат Хемфри Богарт, Одри Хепберн и Вилијам Холден.
„Sabrina“ | |
---|---|
ДВД обвивка | |
Режисер | Били Вајлдер |
Продуцент | Били Вајлдер |
Сценарист | Семјуел Тејлор (претстава) Били Вајлдер Ернест Леман[1] |
Главни улоги | Хемфри Богарт Одри Хепберн Вилијам Холден |
Музика | Фредерик Холандер |
Кинематографија | Чарлс Ланг |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | 9 септември 1954 (Лондонска премиера) |
Времетраење | 113 минути[2] |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Бруто заработка | $4 милиони [3] |
Кратка содржина
уредиСабрина Ферчајлд (Хепберн) е младата ќерка на семејниот возач на семејството Лараби, Томас (Џон Вилијамс) и е вљубена во Дејвид Лараби (Холден) целиот нејзин живот. Дејвид пак, е мрзлив плејбој, луд за жени, кој никогаш не ја забележува Сабрина. Откако Сабрина посетува кулинарска школа во Париз, се враќа како многу привлечна и софистицирана жена и Дејвид веднаш е привлечен од неа. Линус (Богарт), Дејвидовиот брат кој е зависник од работа, го забележува ова и е уплашен дека венчавката на брат му со една многу богата жена што наскоро треба да се случи може да биде загрозена. А ако венчавката се откаже, тогаш отпаѓа и големата зделка со нејзиното семејство. Така, Линус се обидува да ја заведе Сабрина, но во текот на овој процес чија единствена цел е да ја одвои од брат му, тој се вљубува во неа.
"La vie en rose"
уредиВо овој филм, Хепберн ја пее "La vie en rose" што во превод од француски значи "Живот во розово", најпознатата песна на француската пејачка Едит Пјаф. Мигот кога ја пее е непосредно по нејзиното враќање од Париз кога нејзиниот живот навистина станува порозов.
Зад сцената
уредиКери Грант бил првобитно повикан да ја игра улогата на Линус, но поради неговиот згуснат распоред, Хемфри Богарт ја наследил истата.
Во текот на продукцијата на филмот, Хепберн и Холден биле дел од една кратка, но страсна и медиумски покриена афера. Богарт пак се жалел дека на Одри ѝ се потребни многу снимања за да го изведе правилно својот дијалог, пред сè како плод на нејзиното неискуство. А сепак, како што подоцна се дознава, однесувањето на Богарт спрема Хепберн било многу подобро во споредба со неговото однесување спрема останатите холивудски ѕвезди.
Иако Едит Хед за костумите во филмот добил „Оскар“, всушност, најголем дел од фустаните се создадени од страна на Хуберт де Живанши и избрани од самата Одри Хепберн. Од овој филм започнува нивната долгогодишна соработка.
Награди и признанија
уредиСабрина е номиниран за шест оскари.
Освоени:
Важни Номинации:
- Оскар за најдобар режисер - Били Вајлдер
- Оскар за најдобра глумица - Одри Хепберн
Наводи
уреди- ↑ „Sabrina“. Turner Classic Movies. Посетено на September 22, 2022.
- ↑ „Sabrina Fair (U)“. British Board of Film Classification. 1954-03-29. Посетено на 2022-09-22.
- ↑ 'The Top Box-Office Hits of 1954'. Variety Weekly. January 5, 1955.
Надворешни врски
уреди- Сабрина на IMDb (англиски)
- Reel Classics - вклучува и постер од Сабрина како и слика на Хепберн во филмот
Филмови:
Холандски во 7 лекции (1948) •
Смеа во Рајот (1951) •
Приказната на младите сопруги (1951) •
Еден див овес (1951) •
Толпата на Лавендер Хил (1951) •
Монте Карло, злато (1951) •
Ќе одиме во Монте Карло (1952) •
Таинствени луѓе (1952) •
Празник во Рим (1953) •
Сабрина (1954) •
Војна и мир (1956) •
Смешно лице (1957) •
Љубов на пладне (1957) •
Зелени палати (1959) •
Приказната за калуѓерката (1959) •
Непростено (1960) •
Појадок кај Тифани (1961) •
Час за децата (1961) •
Шарада (1963) •
Париз, кога врне (1964) •
Мојата убава дама (1964) •
Како да се украде милион (1966) •
Двајца за патот (1967) •
Почекај додека се стемни (1967) •
Робин и Мериан (1976) •
Крвна линија (1979) •
Сите се смееја (1981) •
Секогаш (1989) (камео)
Телевизија:
Маерлинг (1957) •
Љубов меѓу крадци (1987) •
Светските градини со Одри Хепберн (1993)