Зоран Ставрески
Зоран Ставрески (29 октомври 1964 во Охрид) — министер за финансии во периодот 2009 — 2016 година.[1]
Зоран Ставрески | |
---|---|
Министер за финансии | |
На должноста 8 јули 2009 – 14 јуни 2016 | |
Премиер | Никола Груевски Емил Димитриев |
Претходник | Трајко Славески |
Наследник | Кирил Миноски |
Вицепремиер | |
На должноста 28 август 2006 – 14 јуни 2016 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 29 октомври 1964 Охрид, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Професија | економист |
Вероисповед | православен христијанин |
Животопис
уредиДипломирал на Eкономскиот факултет во Скопје во 1987 година, а магистрирал 1997 година на истиот факултет на тема „Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти - случајот на Република Македонија“.
Ставрески зад себе има десетгодишно искуство во развојни политики, со фокус на јавниот сектор и макроекономска политика и петгодишно практично искуство на дијалог и економска соработка меѓу меѓународните финансиски инститиуции и развојните организации и Македонија.
Пред да стане член на владата на Никола Груевски работел во Светската банка, каде од февруари 2006 година бил водечки економист за развојни политики во одделението за операциони политики и услуги за земјите членки. Од јули 2009 година, по разрешувањето на дотогашниот министер за финансии Трајко Славески, бил избран за министер за финансии.
Наводи
уреди- ↑ „vicepremier.gov.mk“. Архивирано од изворникот на 2014-09-15. Посетено на 2021-08-12.
Надворешни врски
уредиПолитички функции | ||
---|---|---|
Претходник Трајко Славески |
Министер за финансии на Македонија 8 јули 2009 – 14 јуни 2016 |
Наследник Кирил Миноски |