Љубе Трпески (Велмеј, 1947) — македонски економист, универзитетски професор, поранешен министер во македонската влада и поранешен гувернер на централната банка. Роден е во 1947 г. во охридското село Велмеј. Основно училиште завршил во родното место, а гимназија во Охрид. Дипломирал во 1970 г., на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.[1] Трпески живее во Скопје, оженет е и има две деца.

Љубе Трпески

Гувернер на Народната банка на Македонија
Мандат
1997 – 2004
Претходник Борко Станоевски
Следбеник Петар Гошев

Роден 1947
Велмеј, Охридско, Македонија Македонија
Партија Социјалистичка партија на Македонија
Сопружник Драгица
Професија Економист, професор, државник

Универзитетска кариера

уреди
 
Љубе Трпески (прв одлево) со група професори на Економскиот факултет - Скопје

Веднаш по дипломирањето, Трпески се вработил на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје како асистент по група предмети од областа на финансиите. Магистрирал на Државниот универзитет на Флорида (Florida State University), во Талахаси, САД, како и на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Белград, во 1976 година. Откако магистрирал, се стекнал со наставното звање предавач. Докторирал на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во 1980 година. По докторирањето, бил избран најпрвин за доцент, а потоа и во вонреден и редовен професор на Економскиот факултет во Скопје, каде предавал повеќе предмети на додипломските и постдипломските студии, како што се: монетарна економија, банкарство, банки и банкарски системи, монетарна анализа, монетарен систем и монетарна политика на ЕУ итн. Исто така, тој бил ментор и член на комисии за одбрана на повеќе магистерски трудови и докторски дисертации. Во учебната 1982/1983 година, Трпески престојувал како професор-гостин на Државниот универзитет на Калифорнија (California State University), во Чико, САД, каде што држел предавања по предметите пари и банкарство и меѓународни финансии. Професорот Трпески се пензионирал на 14 септември 2012 година.

Политичка активност

уреди

Покрај академската кариера, Трпески извршувал и неколку политички и стручни функции:

Извршувајќи ги овие функции, Трпески имал значајна улога во монетарното осамостојување на Македонија, воведувањето на македонската валута, регулацијата на пазарот на хартии од вредност и водењето на монетарната политика. Во својство на министер или гувернер, тој ги предводел или учествувал во преговорите на Македонија со Меѓународниот монетарен фонд и со Светската банка.

Судскиот процес против Трпески

уреди

Во септември 2004 година, полицијата поднела кривична пријава против Трпески, обвинувајќи го дека ја злоупотребил службената положба, така што, во текот на 2001-2002 година, во својство на гувернер на централната банка, издавал гаранции за кредитите што Експорт-Импорт банка ги земала од странски банки, при што, парите завршиле во повеќе фирми контролирани од стопанственикот Методија Смиленски.[2] Во ноември 2006 година, Трпески бил уапсен и еден месец поминал во куќен притвор, по што бил ослободен да се брани од слобода.[3] Во февруари 2008 година, со пресуда на Основниот суд I во Скопје, Трпески бил осуден на 4,5 години затвор.[4] Во декември 2009 година, Трпески бил спроведен на издржување на казната во затворот Идризово, но по еден месец, тој бил ослободен врз основа на укинувањето на пресудата од страна на Врховниот суд.[5]

Поважни дела

уреди

Трпески објавил голем број трудови и статии од областа на банкарството, финансиите и монетарната политика. Исто така, тој е автор и на неколку книги:

  • Влијанието на парите и кредитите врз стопанските движења - теориска и емпириска анализа, Студентски збор, Скопје, 1983.
  • Пари и банкарство, Economy Press, Скопје, 1995.
  • Пари и банкарство (второ издание), Economy Press, Скопје, 2003.
  • Банкарство и банкарско работење, Скенпоинт, 2009.
  • Монетарна економија, Скенпоинт, Скопје, 2010.

Наводи

уреди
  1. Љубе Трпески, Банкарство и банкарско работење, Скенпоинт, 2009
  2. Вести на А1
  3. Вести на А1
  4. Утрински весник[мртва врска]
  5. Вести на Канал 5

Надворешни врски

уреди