Годивје (Охридско)

село во Општина Дебрца, Охридско

Годивје — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во близина на патот Кичево - Охрид.

Годивје
Годивје во рамките на Македонија
Годивје
Местоположба на Годивје во Македонија
Годивје на карта

Карта

Координати 41°24′6″N 20°47′26″E / 41.40167° СГШ; 20.79056° ИГД / 41.40167; 20.79056
Општина  Дебрца
Население 27 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 19011
Надм. вис. 892 м
Годивје на општинската карта

Атарот на Годивје во рамките на општината
Годивје на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото Годивје се наоѓа во областа Дебрца, на источните падини на Славеј Планина, оддалечено 27 километри јужно од Кичево и 38 километри северно од Охрид и Струга. Атарот на селото Годивје граничи со атарите на селата:Сливово на исток, Врбјани на север, Ржаново и Селци на запад, Лактиње на југ, и Арбиново на југоисток.[2] Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Горни и Долни Локви, Бел Камен, Војово, Присој, Корија, Рајчиница, Кобилица итн.[3]

Историја

уреди

Подрачјето на Годивје е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Черенец околу 1 км источно од селото.[4]

Годивје е старо село, за првпат под името Годивје се спомнува во 1582, кога припаѓало во Охридскиот Санџак, нахија Дебрца. Еднаш старото Годивје пропаднало, и народот се иселил во Прилепско каде основале ново село Годивје (таму наречено „Годивле“). После пропаста на старото Годивје денешното Годивје го обновиле родови кои живееле во раселените села Војово и Гроов, тоа било средината на ХVIII век .[3] Во Илинденското востание селото било запалено поради силната активност на месното население, при што биле запалени 98 куќи, а биле убиени и неколку невини жители, стари, млади. Населението многу страдало и во текот на Втората светска војна, тогаш трпело насилие од балистите. Од ова село излегле и доста партизани, а во чест на загинатите партизани во селото има споменик.

Според податоците од 1873 година, селото имало 80 домаќинства со 225 жители христијани (Македонци).[5]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948745—    
1953736−1.2%
1961637−13.5%
1971479−24.8%
1981267−44.3%
ГодинаНас.±%
1991151−43.4%
1994104−31.1%
200292−11.5%
202127−70.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Годивје живееле 550 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Годивје имало 576 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Годвиље е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 86 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото Годивје живеат 92 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 27 жители, од кои 26 Македонци и 1 лице без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 550 576 745 736 637 479 267 151 104 92 27
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Годивје во целост е македонско православно село, а во минатото, во само мал период имало и Роми.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:[2]

  • Староседелци: Самарџијовци (20 к.) за нив се збори дека први се поместиле од старото село Гроов; Продановци (7 к.) они се поместиле од месноста Лековита Вода; Сталевци (33 к.) се поместиле од Гроов, после Самарџијовци. Се делат на Мрдовци, Ѓундалевци, Станковци, Бокелевци, Бршковци и Соколовци; Куртовци (12 к.) се поместиле од Гроов. Еден дел од родот се вика Карајановци; Апостоловци (5 к.); Шишковци (15 к.); Крилевци (5 к.); Шутаровци (14 к.) се делат на Чолаковци и Попаѓовци.
  • Доселеници: Ѓаковци или Ѓоковци (25 к.) доселени се околу 1830 година од околината на Ѓаковица во Метохија. Предокот бил ковач во селото.
  • Роми: Дестан (1 к.) се доселил како ковач во селото во 1947 година од Кичево.

Според истражувањата од 1978 година, родови во селото:[3]

  • Староседелци: Чараповци (16 к.), Секуловци (15 к.), Попаѓовци (15 к.), Јаковчевци (10 к.), Шутаровци (7 к.), Андреевци (6 к.), Деспотовци (6 к.), Бачовци (5 к.), Станковци (5 к.), Дојчиновци (5 к.), Шипинковци (4 к.) и Коруновци (1 к.) предците на споменатите родови живееле во месностите Гроов и Војово.
  • Доселеници: Ѓаковци (25 к.) потеклото на овој голем род е како и името што асоцира од околината на Ѓаковица во Метохија. Од таму се иселиле поради крвна одмазда двајца браќа, едниот се населил во Дебарско, додека вториот по име Кузман се населил во денешното село. Како се мисли кај народот од овој род потекнувал Кузман Капидан. Ѓаковци подоцна давале иселеници во Војводина и во Тиквеш. Во овој род се знае следното родословие: Насте (жив на 68 г. во 1978 година) Василе-Ристе-Анѓеле-Кузман, основачот на родот кој се доселил.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1332 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
Археолошки наоѓалишта[4]
 
План на тврдината Кула

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Потекло

уреди

Иселеништво

уреди

Иселеници од ова село има во кичевското село Србјани (Мијаилевци), потоа во Ново Село (Тренески) и во Песочани (од повеќе селски родови).

Помеѓу двете светски војни десетина семејства мигрирале на разни локации, во Канада, Битола, Ниш, Бугарија и во Прилепско.[2]

После Втората светска војна иселеници имало во Војводина (Глогоњ), Тиквеш, Охрид, и на други места.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Архив МАНУ Фонд „ Бранислав Русиќ “ АЕ 89/1. „ Дебрца “ Годивје.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 244-245. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.102-103.
  6. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.253
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 162-163.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  19. „Осветување на храмот „Св. Ап. Вартоломеј" во с. Годивје“. Дебарско-кичевска епархија. 24 јуни 2020.
  20. 20,0 20,1 20,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  21. 21,0 21,1 21,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. 23,0 23,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 25,4 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  26. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски

уреди