Немањици

село во Светиниколско
(Пренасочено од Немањинци)


Немањици (порано: Немањица) — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.

Немањици
Немањици is located in Македонија
Немањици
Местоположба на Немањици во Македонија
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Свети Николе
Област Овче Поле
Население 201 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24025
Надм. вис. 440 м
Немањици на општинската карта
Немањица во Општина Свети Николе.svg

Атарот на Немањици во рамките на општината

Географиja и местоположбаУреди

Селото се наоѓа во северниот дел на Овче Поле, во Општина Свети Николе, 9 километри североисточно од градот Свети Николе. Се работи за рамничарско село кое се наоѓа на надморска височина од 440 метри.Гш.41°54’52”северно и гд 22°02’45”источно Селото има мошне голем атар - 41,3 квадратни километри. Најголем дел од површината е обработливо земјиште.

ИсториjaУреди

За името на селото сѐ уште нема податоци од каде потекнува, но може да се претпоставува дека името е поврзано со средновековната династија Немањиќи, кој владееле на овие простори сè до распаѓањето на царството на српскиот цар Стефан Душан. Сепак оваа претпоставка иако изгледа како најверојатна, секако подлежи на сомнеж, од причина што месното население не го прифатило како свој манастирот изграден од страна на потомците на оваа династија. Првобитната местоположба на селото е на околу 3,5 км.северозападно од сегашната , каде и до денешен ден постојат остатоци од старото село. Постојат податоци дека на тоа место се наоѓала населба уште за време на Римското Царство ,како населба на кракот од Виа Вардарис кој водел од Наисус(денешен Ниш) во тогашната провинција Дарданија до Стоби и Салоника на југ, овој крак всушност бил спој помеѓу Виа Милитарис(Дијагоналис) и Виа Егнатија. Во други карти од Римсото царство овој крак е спомнат само како крак од Виа Егнатија.На почетокот на турското владеење селото било еден вид регионален центар.Во тој период доага до преселба на селската црква(наречена Римска црква) од највисокиот во најнискиот дел од селото(на остатоците од втората е изграден манастирот Свети Илија).По еден крвав бунт (поради грабање на христијанка од страна на бегот) доага до масовно иселување на населението.За Македонците сѐ уште нема сигурни податоци каде се преселиле, а Турците го преселиле седиштето во соседното село Орел. Кон крајот на 18 и почетокот на XIX век почнало формирањето на населбата на денешната локација , со населување на староседелците од старо Немањици ,жители од соседните села (Арбасанци , Буриловци, селата од Кратовско ...) и жители кои номадски живееле распрскани во Овче поле. Во XIX век селото е дел од Штипската каза во Отоманското Царство. Подолго време двете населби живееле паралелно, за конечно последното семејство од т.н.Старо село во средината на XX век се пресели во денешно Немањици. Во XIX век селото било доста богато и развиено,во него постоел сточен пазар , но во спорот со Св.Николе тој бил префрлен таму , при што бил убиен тогашниот првенец на селото поп Крсто.Со губењето на пазарот, започнува постепеното губење на економското значење на селото во регионални рамки .Немањици одиграло активна улога во борбата против српското тиранско владеење за и после балканските војни.Познат е масовниот бојкот на регрутацијата во 1913 г. и учеството на немањичките регрути во крагуевачкиот бунт , кога заедно со останатите регрути од Источна Македонија одбиле да дадат заклетва на српскиот крал.Во времето помеѓу двете војни во селото наизменично се сменувале ѕверствата на српската џандармерија и просрпските чети. Уште еден бунт ,овојпат против колективизацијата ,доведува до масовни репресии врз населението и голем судски процес во кој се осудени на затвор највидните жители на селото. После овие настани доаѓа до постепено иселување на населението и гаснење на економската моќ на еден потенцијален центар во овој регион.Во последните години се забележува тренд на вракање на родните огништа ,но сепак во околу 70% од активните семејства членовите се постари од 60 години.

Во 2014 г. на селото официјално му е вратено традиционалното име Немањици.[1]

СтопанствоУреди

Во селото најзастапени се полјоделството и сточарството. Обработливото земјиште зафаќа 1.938 хектари, пасиштата зафаќаат 1.741 хектари, додека 283 хектари се шуми. Немањици е стопански недоволно развиено подрачје.

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Немањици живееле 1.240 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Немањица имало 1.260 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според последниот попис од 2002 година, селото има 201 жител, од кои 199 Македонци и 2 Срби.[4]

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.240[2] 1.260[3] 1.566 1.616 1.476 976 545 338 282 201

Во 1961 години бројот на жители изнесувал 1.462 жители, при што етничката дистрибуција била: 1.456 Македонци и 6 Срби. Меѓутоа како резултат на миграторните процеси село-град бројот на жители значително бил намален, со што Немањица потпаднало под категоријата на мали села. Во 1994 година, бројот на жители бил 282. (278 Македонци и 4 Срби)

РодовиУреди

Немањици е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички. Родови во Немањици се: Поп-Крстевци (15 куќи), Шалевци (8 куќи), Миладиновци (14 куќи), Ничевци (7 куќи), Догаџинци (19 куќи), Тролевци (7 куќи), Матевци (16 куќи), Поп-Јаневци или Сарамандевци (6 куќи), Поп-Митрушевци (3 куќи), Марчевци (15 куќи), Поповци (7 куќи), Ѓелевци (4 куќи), Ѓишевци или Парлапанци (3 куќи), Косиљаковци (7 куќи), Пиперковци (2 куќи), Мркулевци (7 куќи), Тасевци (12 куќи), Шијаковци (14 куќи), Џандревци (4 куќи), Ѓорчевци (1 куќа), Прдлевци (8 куќи), Шурковци (1 куќа), Чичевци или Кордуновци (5 куќи), Катранци (8 куќи), Ризевци (1 куќа), Камиларовци (6 куќи), Ристевци (2 куќи), Бурзевци (2 куќи) и Србеви (3 куќи). Некои од овие родови се староседелски, а други доселенички. Родот Тролевци порано имал 15 куќи, но се смалил поради иселување, основачот на родот се доселил од селото Трооло, и затоа го добиле името Тролевци. Родот Ристевци порано имал 10 куќи, но се смалил поради иселување, од родот Бурзевци потекнува Ванчо Бурзевски. Родот Србеви го добиле името поради тоа што нивниот предок бил заробен во Србија. Доселени се од селото Судик.[6]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

За време на избори се гласа во основното училиште, во кое гласаат и жителите на околното светиниколско село Макреш.

Изборно местоУреди

Во селото постои изборното место бр. 1696 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатено и селото Макреш.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 80 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви[9]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

Во Немањици постојат основно училиште до IV одделение, дом на култура и услужни дејности.

ИселеништвоУреди

Со текот на времето голем број на Македонци се иселиле од селото. Се знае за следните иселеници во поедини овчеполски села. Дедо-Трајчини се иселиле во селото Врсаково. Во Горно Ѓуѓанци се иселиле Васевци или Албанци. Во Ранченци се иселиле Коневи. Во селото Орел се иселиле Кордуноски, Катранци и Пецеви. Во Кадрифаково се иселиле Масеви. Во Ерџелија се иселиле Маневи и Иванови. Во Ѓуземелци се иселиле Ничеви и Доневи.

После 1912 година доста семејства од Немањици се иселиле во Штип и во Скопје. Од Ташеви едно семејство се иселило во Скопје. Од Тролевци неколку семејства се иселиле во Свети Николе. Од Ристевци исто така неколку семејства се иселиле во Свети Николе. Во турско време во градот Гнилане во Косово се иселил родот Гиниќи или Чокчиќи.[6]

ЛитератураУреди

  • Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, 206 стр.

НаводиУреди

  1. „Закон за изменување и дополнување на законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Сл. Весник на Р. Македонија, бр.149 од 13.09.2014 година.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 233.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 - 135.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. 6,0 6,1 Трифуноски, Јован. Овчеполска Котлина. Скопје. стр. 733-734-735.
  7. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  10. КАМЕН ТЕМЕЛНИК ЗА ИЗГРАДБА НА ЦРКВА ВО С. НЕМАЊИЦА – СВЕТИ НИКОЛЕ

Надворешни врскиУреди