Алин Дол (Немањици)

археолошко наоѓалиште во Немањици, Македонија
Алин Дол

Теренот на археолошкото наоѓалиште Алин Дол во 2022 година

Карта

Местоположба 41°54′51.59″N 21°59′1.95″E / 41.9143306° СГШ; 21.9838750° ИГД / 41.9143306; 21.9838750
Основни податоци
Место Немањици
Општина Свети Николе
Тип

 населба


Период неолитско време
римско време
Портал „Археологија“

Алин Дол археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува населба од младото камено време и античкоримското време.

Местоположба

уреди

Се наоѓа на 1,8 км северозападно од селото, на тераса од левата страна на Орелска Река, во реонот на вештачкото езеро Мавровица. Зафаќа површина од околу 8 хектари која многу години била обработувана. При изградбата на акумулационото езеро поголем дел од терасата е пресечена.[1]

На околу 160 м северозападно од главното наоѓалиште, се наоѓа местото наречено „Дел од римска населба“. На околу 160 м јужно од главното наоѓалиште, се наоѓа местото наречено „Доцноримска некропола“. Овие две наоѓалишта веројатно припаѓаат на истата населба која постоела во доцната антика.

Истражувања

уреди
 
Површен наод од керамика.
 
Површен наод кремен.

Во 1981 година во организација на Археолошкиот музеј на Македонија и Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата биле извршени заштитни ископувања при што биле пронајдени остатоци од населби од младото камено време и античкоримското време. Младокамената населба е целосно уништена, а најдениот керамички материјал покажал дека се работи за повеќеслојна населба, хронолошки и културно идентична со населбата Барутница во Амзабегово, односно со еволуција од крајот на раниот до крајот на доцното младо камено време (Анзабегово-Вршник I-IV). На истата тераса со ископувањето била откриена печка за печење на тегули и тули, од III-IV век. Печката има речиси четвртеста основа, со димензии од 3,4 × 2,85 м. Била изградена од ќерпич и кал. На средината на западниот ѕид има префурниум преку кој се загревала. Скарата е решеткава со кружни отвори правилно распоредени, по девет во десет реда. Носачите на скарата се три напоредно поставени ѕида.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 355 Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

уреди