Народна крстоносна војна


Крстоносни војни
Портал:Крстоносни војни

Народната крстоносна војна претставува дел од Првата крстоносна војна. Урбан II како дата за почеток на Првата крстоносна војна го одредил 15 август 1096 година. Но, месеци пред да започне овој поход, неколку самоорганизирани армии, пред сè составени од селани и идни рицари тргнале кон Ерусалим односно Светата Земја. Тие биле водени од страна на Пијер Отшелник од Амјен.

Но само што тргнале кон Цариград, по течението на реката Дунав биле пресретнати од страна на унгарците. Подоцна, малку патувајќи на југ, исто така дошло и до конфликт со Византија кај градот Ниш. Така, околу една четвртина од целата војска на Пијер загинала пред да престигне пред портите на Цариград. Но сепак, оние кои успеале да престигнат, во Цариград ги чекале војските од Франција и Италија, кои заедно се соединиле и продолжиле понатаму преминувајќи го Босфорот.

По преминувањето и стапнувањето во Мала Азија, поради некое недоразбирање, војската се разделила на две групи. Првата била разбиена од страна на Турците под раководство на Килиџ I Арслан. Во оваа битка, од вкупно 20 000 војници, живи останале само 3 000. Другата армија пак, составена од војници од Бохемија и Саксонија, се распаднала пред да започне и самиот крстоносен поход.