Градиште (Мородвис)
„Градиште“
| |
Местоположба | 41°50′33.5″N 22°25′9.6″E / 41.842639° СГШ; 22.419333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Мородвис |
Општина | Зрновци |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Градиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Мородвис. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век. Над јужната периферија на денешното село се издига висок и не сосема пристапен рид кој од источната и северната страна е ограничен со суводолица. Западната страна се спушта до Морошка река, а на југ доста стрмно со еден длабок дол ридот е одделен од масивот на Плачковица. Со својата природна поставеност тој доминира над селото и над голем дел од Кочанско Поле. На наоѓалиштето се пронајдени остатоци од бедеми во неколку појаси од кои се највидливи бедемите на највисоките изохипси што веројатно го формираат акрополот. Во тие рамки постои правоаголна цистерна, а веднаш под неа се наоѓа современата црква посветена на Св. Симеон, изградена врз темелите од постара црква. Западно од неа има зарамнето плато каде што во 1980 година археолошки е сондирано и под слојот на уништување заедно со рановизантискиот керамички материјал е откриена и монета од Јустинијан I. По целата површина на градиштето се наоѓаат фрагментирани садови и монети временски вклопени од IV до XII-XIV век. Материјал од VII до X век не е пронајден. Во контекстот на Градиште се наоѓа и рановизантиска некропола што е сместена надвор од бедемите, односно на 50-70 метри северно од десната страна на суводолицата.[1]
Поврзано
уреди- Гробјани Рид — средновековен објект и некропола;
- Морозвизд — доцноантички и средновековен комплекс на повеќе наоѓалишта;
- Мородвис;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 177, ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |