Елен Скок (Еленски Скок или Елен Мост) — камен лачен мост во околината на с. Могорче преку Мала Река во Реканскиот регион на западна Македонија. Изграден кон средината на XVIII век од делкан камен со само еден лак според плановите и од страна на Мимар Хајрудин — архитект на Стариот мост на Неретва во Мостар[1] и ученик на прочуениот архитект Мимар Синан.

Елен Скок
Мостот Елен Скок
ПреминуваМала Река
МестоМогорче, Реканско
Други називиЕлен Мост
Особености
Видлачен мост
Местоположба
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Елен Скок во рамките на Македонија
Елен Скок
Местоположба на мостот Елен Скок во Македонија

Легенди

уреди
Прва

Според првата легенда, мостот е изграден во знак на сеќавање на момчето кое за да ја одбрани честа на својата девојка убил еден турски бег. По настанот, Турците пратиле силен аскер за да го фатат. Гонет од аскерот момчето бегало и стасало до надојдената Мала Река. Во тој момент на очај и безизлез за момчето, од шумата се појавиле самовили и го претвориле во прекрасен елен, кој без проблем ја прескокнал реката. Подоцна, во знак на сеќавање на настанот, но и како благодарност до самовилите, селаните го изградиле мостот.

Втора

Другата легенда раскажува за бегот кој со својата војска се обидувал да улови еден елен којшто постојано им бегал и никако не допуштал да му се приближат. Иако бил ранет, еленот не им се предавал ни во оној момент кога бегството речиси било невозможно. Кога се нашол на брегот на Мала Река, не двоумејќи се, скокнал на другиот крај на реката и таму починал. Восхитен од неговата храброст и упорност да достои до крај, не предавајќи му се на непријателот, бегот наредил во негова чест да се изгради мост, што ќе го симболизира тој судбоносен скок на еленот.

Трета

На планината Стогово, во непосредна близина на селото Могорче, ловџија од селото одејќи на лов пресретнал елен. Ја подигнал пушката за да пука. Но, кога еленот го погледал, сфатил дека еленот со топлиот поглед и ставот како да го моли да не пука, да не го убива. Ловџијата бил маѓепсан, ја спуштил пушката, се доближил до еленот и почнал да го гали, а тој со главата го гушкал и го изразил своето пријателство. Така ловџијата и еленот се спријателиле и секој ден се дружеле. За средбите со еленот ловџијата им раскажал на селаните. Тие едно утро се упатиле да го бараат. Го сретнале и се обиделе да го фатат. Но, еленот почнал да бега и за да не стане плен на непознатите, се обидел да ја прескокне реката. Но, не успеал во тоа. Скокот бил за неколку педи пократок и ги скршил предните нозе. Во спомен на храброста и убавината на еленот, селаните на Могорче, кои биле прочуени мајстори, го соѕидале овој мост со невообичаена градба и архитектура.[2]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Красимира Илиевска, Владимир А. Мошин (1988). Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија (V. изд.). Архив на Македонија.
  2. „Мостот Елен скок“. Крале Марко. Посетено на 2011-04-06.

Надворешни врски

уреди