Мала Река (притока на Радика)

Мала Река — река во западна Македонија, лева и најголема притока на реката Радика (Голема Река). Се создава на височина од 966 м од водите на Гарска и на Тресонечка Река.

Мала Река
Мала Река.jpg
Поглед на реката
ЗемјаМакедонија Македонија
Слив
Главен изворсо спојување на Тресонечка и Гарска Река
1.728 м
УстиеРадика
606 м
ТечениеРадикаЦрн ДримЈадранско Море
Сливна повр.200,1
Физички особености
Должина21,3 км
Проток
  • Просечен:
    6,71

Мала Река претставува збирно име за сите реки од подрачјето на планините Бистра и Стогово.

ПрегледУреди

Извира од планината Бистра на височина од 1.728 м, а се влива на височина од 606 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 21,3 км, има вкупен пад од 1.122 м и просечен пад од 52,7 ‰. Сливот зафаќа површина од 200,1 км². Средногодишниот проток изнесува 6,71 м³/с. Најголем средномесечен протек од 17,1 м³/с се јавува во мај, а најмал од 1,68 м³/с во септември.[1]

Воден потенцијалУреди

Поради нејзиниот голем воден потенцијал како збирна река за сите реки и водотеци во подрачјето на малореканскиот крај била предвидена изградба на хидроелектричната централа „Бошков Мост“, чија хидроцентрала би требало да се наоѓа во близина на самиот влив на Мала Река во Радика.[2]

Елен СкокУреди

  Главна статија: „Елен Скок.

Како главна културна знаменитост на реката се смета познатиот лачен мост Елен Скок, кој се наоѓа на реката, во близина на селото Могорче. Во близина на мостот постои уреден простор со клупи и видиковци до кој може да се пристапи од регионалниот пат кој е долж реката.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. Драган Василевски, Радика, „Напредок“, Тетово, 1997
  2. "ХЕ „Бошков Мост"" (PDF). Електрани на Македонија. Посетено на 16 ноември 2015.

Надворешни врскиУреди

Координати: 41°33′01″N 20°36′51″E / 41.55028° СГШ; 20.61417° ИГД / 41.55028; 20.61417