Акорд
Акорд е група од три или повеќе тонови отсвирени во исто време. Иако било кој број од било кои тонови е, технички, акорд, во праксата е откриено дека само некои акорди хармонски се употребливи.
Постојат повеќе видови на акорди и нивна инверзија, во зависност од тоа колку тонови се отсвирени и како се интервалски формирани. Алтериран акорд е акорд кој во себе го има тонот којшто претрпел хроматска промена. Намален акорд е акорд чии тонови, еден или повеќе, се снижени; Повишен акорд е акорд чии тонови, еден или повеќе, се повишени.
Квинтакорд и инверзии
уредиКвинтакордот и неговите инверзии имаат по три тона.
Квинтакорд
уредиКако првиот и вториот, тако и вториот и третиот тон на квинтакордот се во терца. Целиот акорд е во квинта, се обележува со 5/3.
Секстакорд
уредиСекстакордот се добива со инверзија на квинтакордот. Неговиот прв и втор тон се во терца, додека вториот и третиот се во кварта. Целиот акорд е во секста - се обележува 6/3 и само 6.
Квартсекстакорд
уредиКвартсекстакордот е втората инверзија на квинтакордот. Првиот и вториот тон се во кварта, вториот и третиот се во терца а целиот акорд е во секста. Се обележува со 6/4.
Септакорд и инверзии
уредиСептакорд и неговите инверзии имаат по четири тона. Септакордот се гради само на вториот, петтиот или седмиот степен. Доминантен септакорд е оној кој е изграден на петтиот степен, субдоминантен на вториот или четвртиот, а водечкиот на седмиот.
Септакорд
уредиСептакордот е акорд кој е граден од четири последователни терци. Доколку е потполн се обележува со 7/5/3, а непотполн се обележува со 7/3, а најчеста ознака е само 7. Разликуваме седум видови на четворозвук.
Голем дурски септакорд, кој е граден од дурски квинтакорд и голема септима. Мал дурски септакорд, кој е граден од дурски квинтакорд и мала септима. Голем молски септакорд, кој е граден од молски квинтакорд и голема септима. Мал молски септакорд, кој е граден од молски квинтакорд и мала септима. Полуумањени септакорд, кој е граден од умањеног квинтакорд и мала септима. Намален септакорд, кој е граден од намален квинтакорд и намалена септима. Прекумерен септакорд кој е граден од прекомумерен квинтакорд и голема септима.
Секој Септакорд има три инверзии:
- Квинсекстакорд
- Терцкавртакорд
- Секундакорд
Квинтсекстакорд
уредиКвинтсекстакорд се добива со инверзија на септакорд. Неговиот прв и втор, како и втор и трет тон се во терца, третиот и четвртиот се во секунда а цел акорд е во секста. Се обележува со 6/5.
Терцквартакорд
уредиТерцквартакорд е втора инверзија на септакорд. Првиот и вториот тон се во терца, вториот и третиот се во секунда, а третиот и четвртиот повторно се во терца. Целиот акорд е у секста. Се обележува со 6/4/3.
Секундакорд
уредиСекундакордот е трета инверзија на септакорд. Првиот и вториот тон се во секунда, додека вториот и третиот, како и третиот и четвртиот, се во терца. Целиот акорд е во секста, а се обележува со 6/4/2.
Доминантен нонакорд
уредиДоминантен нонакорд е петозвук кој се добива кога ќе се додаде на доминантниот септакорд уште една терца.
Надворешни врски
уреди„Акорд“ на Ризницата ? |