Ханс Магнус Енценсбергер

(Пренасочено од Енценсбергер)

Ханс Магнус Енцебергер (роден на (11 ноември 1929 година во Кауфбојрен) е германски писател, поет, преведувач и уредник. Има пишувано и под псевдонимот Андреас Талмаер. Живее во Минхен.

Ханс Магнус Енцесбергер
Роден/а11 ноември 1929
Германија Кауфбојрен,
Вајмарска Република
Занимањепоет, прозаист, преведувач

Животопис

уреди

Енцесбергер учи литература и филозофија на универзитите во Ерланген, Фрајбург и Хамбург, како и на Сорбона во Париз, каде и докторира во 1955 година на тема Поезијат на Клеменс Брентано. До 1957 година, работи како радио-уредник во Штутгарт. Учествува на неколку собири на Групата 47. Еден период минува во Кастрова Куба. Меѓу 1965 и 1975 година го уредува списанието Kursbuch ("Распоред"). Од 1985 уредник е на престижната едиција книги Die Andere Bibliothek ("Другата библиотека"), кои се издаваат во Франкфурт и кои досега вклучуваат повеќе од 250 наслови. Енцесбергер е основач на месечникот TransAtlantik. Неговото творештво е преведено на повеќе од 40 јазици.

Помладиот брат на Магнус, Кристијан, е исто така писател.

Творештво

уреди

Во најголем дел од неговите песни, Енцесбергер користи саркастичен и ироничен тон. На пример, песната "Блуз за средната класа" содржи опис на неколку банални одлики на средната класа, а фразата "не можеме да се пожалиме" се повторува повеќепати, пред да заврши со прашањето "што чекаме?". Многу од неговите песни се инспирирани од класните односи и граѓанскиот немир. Иако е првобитно поет и есеист, често има кратки излети во светот на театарот, филмот, операта, радио драмата, репортажата, преведувањето, а автор е и на неколку романи и книги за деца. Австралијанскиот писател Родерик Гејтс го опишува Енцесбергер, покрај Рудолф Бардо, "како еден од ретките лево-ориентирани Германци што успеале да го предвидат падот на комунизмот и распадот на СССР."(Судења од минатото, Глобално ехо.)

Награди и признанија

уреди

Значајни дела

уреди
  • Verteidigung der Wölfe („Во одбрана на волкот“, песни, 1957)
  • Politik und Verbrechen („Политика и криминал“, есеи, 1964)
  • Das Verhör von Habana („Испрашување од Хавана“, проза, 1970)
  • Gespräche mit Marx und Engels („Разговори со Маркс и Енгелс“, есеи), 1970)
  • Der Untergang der Titanic („Пропаста на Титаник“, епска поема, 1978)
  • Zukunftsmusik („Музиката на Иднината“, раскази, 1991)
  • Die Tochter der Luft („Ќерката на Воздухот“, драма, 1992)
  • Wo warst du, Robert? („Каде беше Роберт?“, роман, 1998)
  • Der Zahlenteufel, („Ѓаволовиот број“, роман, 1999)
  • Gedichte 1950-2005, („Раскази 1950-2005“, 2006)

Надворешни врски

уреди