Клеменс Брентано
Клеменс Брентано (9 септември 1778 година - 28 јули 1842 ) — германски писател, поет, романописец и драматург.
Работел како трговец, студирал рударство, а потоа се посветил на книжевната работа. Како член на кругот на германските романтичари бил во контакт со Гете, Хедер, Шлегел и други. Несигурен и ексцентричен, тој започнал во духот на крајниот романтичарски индивидуализам, а завршил како католички мистик. Тој, исто така, експериментирал со книжевна сатира и пародија. Главната одлика на неговиот израз е совршено совладување на формата.
Надворешни врски
уреди- Дела од Clemens Brentano на проектот „Гутенберг“ (англиски)
- Дела од или за Клеменс Брентано на Семрежниот архив (германски)