Детска книжевност

(Пренасочено од Детска литература)

Детска книжевност — посебна книжевна област со свои идеи, воспитни и уметнички обележја. Детската книжевност е наменета за најмалиот читател или слушател, за деца од 2 до 15 години (или нешто повеќе). Овде спаѓа книжевноста создадена од деца, или детската книжевност, и делата создадени за деца.

Историски преглед

уреди
 
Хаклбери Фин

Проучувачите на детската книжевност се согласуваат дека почетоците на овој вид литература треба да се бара во стариот век, иако тогаш не егзистирала во денешна смисла. Во процесот на воспитување на децата долго време се користела народната книжевност. Како едно од првите дела напишани за деца се сметаат приказните за животните под наслов „Панчатантра“ (во пет книги), чиј автор е индискиот мудрец Вишнушарман. Збирката е напишана околу 300 година од нашата ера и им била наменета на младите принцови и децата со благородничко потекло. Преку приказните за некојси крал и неговите тројца несериозни синови, децата требало да се подучат на животната мудрост.

Од византиската книжевност, таа збирка е пренесена и во нашата средновековна книжевност, позната под насловот „Стефанид и Ихмилад“. Тоа време во Грција биле популарни басните на Езоп, кои имаат строга воспитна улога. Но, речиси никој од писателите не ги потпишувал своите дела дека се за деца. Дури и Шарл Перо своите сказни формално ги пишувал за возрасни, но тој сепак се смета за клучна личност во историјата на книжевноста за деца.

Романи

уреди

Се разликуваат:

Детската книжевност во Македонија

уреди

Почетоците на детската книжевност во Македонија датираат од 1872 година, кога Глигор Прличев направил обид да објави збирка од 12 песни со наслов „Воспитание или наратствени песни“, но тие не биле објавени. Оваа збирка била објавена во 1966 година во „Разгледи“, со коментари на Гане Тодоровски.

Драмското детско творештво

уреди

Долго време, драмското детско творештво било занемарено како од писателите така и од издавачите. Еден од основоположниците на овој книжевен род е Борис Бојаџиски, кој во 1948 година ја создал пиесата за деца „Дадовме збор“ која претставува наменски текст кој не води многу сметка за барањата на драмскиот книжевне жанр. Пет-шест години подоцна, тој ги напишал пиесите „Дедо Мраз е кај нас“ и „Милка“, кои обработуваат современи теми и се одликуваат со повисока уметничка вредност. Овие три пиеси го зацртале патот на натамошниот развој на македонското драмско творештво за деца. Во тоа време, за потребите на редакцијата за деца на Радио Скопје и за куклената сцена на Младинско-детскиот театар во Скопје работеле повеќе автори кои пишувале преработки на класичните дела од книжевноста за деца, како и драматизации на басни и на теми од народното творештво, како што се: Нада Зекманова, Марија Павлова, Иванка Харалампиева, Генади Болиноски, Цане Андреевски, Јован Стрезовски и Оливера Николова. Тогаш, првпат по трите пиеси на Бојаџиски, се појавил нов оригинален, авторски драмски текст за деца, дело на новинарот Никола Солдатов, а тоа е пиесата „Додека градот спие“ која цела сезона се прикажувала на сцената на Младинско-детскиот театар. По пауза од десетина години, дури на почетокот од 1960-тите се појавил нов драмски текст — „Земјата во која никогаш не се стигнува“ на Оливера Николова, напишан по нарачка на Драмскиот театар за потребите на Младинско-детската сцена. Оваа пиеса се изведувала во Драмскиот театар во сезоната 1968-1969, а потоа се прикажувала и во театрите во Струмица и во Куманово. Во тој период почнале редовно да пристигаат нарачки од Телевизијата Скопје и за неколку години се издвоиле неколку носечки драмски автори за деца, како: Видое Подгорец, Глигор поповски, Велко Неделковски, Ристо Давчевски при што Давчевски, Неделковски и Николова биле единствените писатели чии оригинални драмски творби за деца биле изведувани на театарските сцени во Македонија во текот на 1970-тите: „Генералот Рококајко“ на Р. Давчевски (Драмски театар — Скопје, 1971, во режија на Коле Ангеловски), „Ден за бегство“ на В. Неделковски (Драмски театар — Скопје, 1976, во режија на Димитар Христов) и „Чук, чук Стојанче“ на О. Николова (Драмски театар — Скопје, 1975, во режија на Коле Ангеловски). Во текот на 1980-тите се појавиле само неколку драми за деца, како: „Опачко“ и „Планета на дембелите“ на Ристо Давчевски, кои биле изведувани на Театарот на народностите, и „Умна глава“ на Оливера Николова (Драмски театар — Скопје, во режија на Кирил Ќортошев). Од друга страна, драмското творештво за деца зело голем замав на телевизијата (со делата на: Велко Неделковски, Бошко Смаќоски, Глигор Поповски, Горјан Петревски, Киро Донев, Ристо Давчевски, Софе Штерјоски, Михо Атанасовски и Оливера Николова) и на радиото (со делата на: Радмила Поповска, Ристо Давчевски, Бошко Смаќоски, Цане Андреевски, Цветанка Трпкова, Велко Недлековски, Томе Богдановски, Спасе Нелов, Јован Павловски, Глигор Поповски, Киро Донев и Оливера Николова) од кои некои биле пренесувани и во другите радио-студија во Југославија. Притоа, за разлика од издавачката дејност која повремено објавувала зборници со кратки драмски текстови, претежно за училишна употреба и тематски насочени кон весели и дидактички содржини, драмските дела прикажувани на телевизијата, радиото и театарот обработувале современи содржини од животот на децата. Оттука, македонското драмско творештво за деца може да се групира во три тематски целини: теми од народноослободителната борба, теми кои ги поврзуваат фантастиката и реалноста и теми од своремениот живот.[1]

Наводи

уреди
  1. Оливера Николова, „Поговор“, во: Петка — грб: пиески. Детска радост, Скопје, 1984, стр. 153-158.