Анхел Ди Марија

Аргентински фудбалер
(Пренасочено од Ди Мариа)

Анхел Фабијан Ди Марија Ернандес (роден на 14 февруари 1988) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред или крило на Јувентус и на аргентинската репрезентацијата.

Анхел Ди Марија
Ди Марија во дресот на Париз Сен Жермен во 2015
Лични податоци
Полно име Анхел Фабијан Ди Марија Ернандес
Роден на 14 февруари 1988(1988-02-14)(36 г.)
Роден во Росарио, Аргентина
Висина &100000000000001800000001,80 м[1]
Позиција среден ред, крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Бенфика Бенфика
Број 11
Младинска кариера
1995–2005 Росарио Сентрал Росарио Сентрал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2007 Росарио Сентрал Росарио Сентрал 35 (6)
2007–2010 Бенфика Бенфика 76 (7)
2010–2014 Реал Мадрид Реал Мадрид 124 (22)
2014–2015 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 27 (3)
2015–2022 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 197 (56)
2022–2023 Јувентус Јувентус 26 (4)
2023– Бенфика Бенфика 0 (0)
Репрезентација
2007 Аргентина Аргентина 20 13 (3)
2008 Аргентина Аргентина 23 6 (2)
2008– Аргентина Аргентина 132 (29)
* Ажурирано на: 30 август 2014 (UTC)
** Ажурирано на: 5 јули 2014

Откако ја започнал својата кариера во Росарио Сентрал, Ди Марија се преселил во Европа во 2007 играјќи за Бенфика, а три години подоцна заиграл за Реал Мадрид. Откако ја освоил Лигата на шампионите со Реал Мадрид, тој потпишал за Манчестер Јунајтед во 2014, за 59,7 милиони фунти и станал најскапиот играч купен од страна на англиски тим, но по само една година на Олд Трафорд заминал во ПСЖ за сума од 63 милиони евра.

Ди Марија е стандарден репрезентативец на Аргентина, и досега има одиграно преку 50 натпревари за репрезентацијата. Тој бил најзаслужен што Аргентина го освоила златниот медал на олимписките игри во 2008, и бил дел од аргентинскиот состав на две Светски првенства и на Копа Америка 2011, 2015 и Сентенарио.

Прекари на Ди Марија се Анхелито и Фидео.[2] Тој поседува и италијански пасош.[3]

Животопис

уреди

Ди Марија е роден на 14 февруари 1988 во Росарио, Аргентина како едно од трите деца на Мигел и Дијана Ди Марија. Како дете, тој им помагал на своите родители околу работата во локалниот рудник за јаглен заедно со своите две сестри. Поради ниските приходи кои семејството ги заработувало, купувањето на спортската опрема и следењето на хобито на ди Марија било тешко за семејството. Тој е многу приврзан за семејството, и голем дел од својата заработувачка ја дал на своето семејство.[4]

Тој се оженил со својата сопруга Хоргелина Кардосо во 2011.[5] Заедно тие имаат ќерка, Миа, која е родена три месеци пред време и преживеала по третманот на интензивна нега во болницата Монтепринципе во Мадрид.[5][6]

Клупска кариера

уреди

Росарио Сентрал

уреди

Ди Марија своето професионално фудбалско деби го забележал на 14 декември 2005 во последниот натпревар на Росарио во аргентинската Апертура, во ремито од 2–2 против Индепендијенте.[7] Првиот гол за клубот тој го постигнал на 24 ноември 2006 во домашната победа од 4–2 против Килмес.[8] Откако бил еден од главните играчи на Аргентина на Светското првенство до 20 години во 2007 во Канада, Бока Хуниорс испратила понуда од 6,5 милиони долари за него.[9]

Бенфика

уреди
 
Ди Марија со Бенфика во 2007

Во јули 2007, ди Марија потпишал за Бенфика за трансфер сума од 6 милиони евра. Тој требал да го замени поранешниот капитен, Симао, кој му се приклучил на Атлетико Мадрид истото лето.[9]

Ди Марија потпишал нов договор со Бенфика во 2009, додавајќи уште три години на дотогашниот договор. Во договорот била дефинирана и клаузулата за негово евентуално заминување од Бенфика, која изнесувала 40 милиони евра.[10] Неколку недели подоцна, Диего Марадона изјавил дека тој ќе биде "новата аргентинска суперѕвезда."[11]

На 27 февруари 2010, Ди Марија го постигнал својот прв хет-трик во победата од 4–0 против Леишоеш. Следниот ден, тој бил на насловните страници на сите спортски весници во Португалија кои го именувале "Магичниот три Марија".[12]

Реал Мадрид

уреди

Сезона 2010–11

уреди

На 28 јуни 2010, од Реал Мадрид преку своето мрежно место објавиле дека постигнале договор со Бенфика за трансфер на ди Марија. Тој потпишал петгодишен договор со кралскиот клуб за сума од 25 милиони евра, плус дополнителни 11 милиони евра за бонуси.[13] На 7 јули 2010, ди Марија пристигнал во Мадрид директно од Буенос Аирес,[14] и следниот ден ги поминал медицинските прегледи.[15]

 
Ди Марија во дресот на Реал Мадрид.

Првиот натпревар во дресот на Реал Мадрид, ди Марија го одиграл на 4 август 2010 во пријателскиот натпревар против Клуб Америка, кој Реал го добил со 3–2.[16] На 22 август, ди Марија го постигнал првиот гол за клубот, на пријателскиот натпревар против Херкулес, кој Реал го добил со 3–1.[17] Во последниот пријателски натпревар пред почетокот на сезоната, на 24 август, по соло акцијата која била опишана како "магичен момент", тој го отворил резулатот во победата од 2–0 против Пењарол, на турнирот на Сантјаго Бернабе.[18]

Првиот натпревар во дресот на Реал Мадрид во Ла Лига, ди Марија го одиграл на 29 август во ремито без голови против Мајорка.[19] На 18 септември, ди Марија го постигнал првиот лигашки гол за Реал во победата од 2–1 против Реал Сосиедад.[20] Десет дена подоцна, тој го постигнал и својот прв гол во Лигата на шампионите во победата од 1–0 против Осер.[21] На 22 декември, ди Марија бил асистент на двата гола на Карим Бензема како и на голот на Кристијано Роналдо во огромната победа од 8–0 против Леванте. На реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Олимпик Лион, ди Марија бил стрелец во победата од 3–0 со која Реал по седум години повторно заиграл во најдобрите осум екипи.[22]

Ди Марија бил стрелец на третиот гол на Реал Мадрид во победата во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Тотенхем на 5 април 2011.[23] Две недели подоцна, тој добил црвен картон во последната минута од продолженијата во финалето на Копа дел Реј против Барселона. Реал Мадрид ја освоил титулата победувајќи со 1–0, а единствениот гол на натпреварот кој го постигнал Кристијано Роналдо (во 13. минута од првото продолжение) дошол по пробивот на ди Марија.[24]

Сезона 2011–12

уреди
 
Ди Марија во пробив против дефанзивците на Тотенхем, Беноа Асу-Екото и Мајкл Доусон во Лигата на шампионите во 2011

На почетокот на новата сезона, ди Марија одиграл серија на тешки натпревари обидувајќи се да се прилагоди на темпото на лигата по летната пауза. Како резултат на тоа, првите одиграни натпревари на ди Марија во сезоната биле измешани со моменти на добра игра и со моменти на лудост од страна на аргентинецот. Второто можело да се забележи во поразот на Реал Мадрид од 1–0 од Леванте, натпревар во кој ди Марија направил ужасен прекршок над играчот на Леванте, Хуанфран, со што дошло до судир помеѓу играчите на двете екипи. По ова, сепак, настапите на ди Марија биле подобрени, и тој се нашол на врвот на табелата на асистенции. Од октомври 2011, ди Марија бил прв избор на Жозе Мурињо пред Кака и Месут Езил, што било знак дека неговата форма била во нагорна линија.[25]

На 27 декември 2011, Ди Марија одиграл 60 минути во натпреварот против градскиот соперник Атлетико Мадрид, и успеал да постигне гол. Реал Мадрид го добил натпреварот со резултат од 4–1. На 3 декември 2011, ди Марија бил стрелец на првиот гол на клубот од Мадрид во победата од 0–3 над Спортинг Хихон.[26] Тој бил еден од најзаслужните што Реал успеал да ја освои 32. титула во шпанското првенство.

Сезона 2012–13

уреди

Првиот гол во сезоната аргентинецот го постигнал против соперникот Барселона во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија на Камп Ноу по грешката на голманот Виктор Валдес.[27]

И покрај тоа што оваа сезона не била негова најдобра, тој придонел за клубот во важни моменти, особено во осминафиналето од Лигата на шампионите во кое бил асистент на голот на Кристијано Роналдо против својот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.[28] Тој одиграл вкупно 52 натпревари во сите конкуренции во сезоната и постигнал 9 голови и 11 асистенции. На 9 август 2012, ди Марија потпишал нов договор со Реал Мадрид, со кој бил обврзан да остане во клубот до 2018.[29]

Сезона 2013–14

уреди
 
Ди Марија изведува удар од аголот против Барселона во април 2013

На 2 октомври 2013, тој постигнал два гола против Копенхаген во победата на Реал Мадрид од 4–0 во групната фаза од Лигата на шампионите.[30] По доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата на кралскиот клуб, Ди Марија почнал да игра во средината на теренот.

Подоцна во текот на сезоната поради тактички промени на Анчелоти, тој заиграл како напаѓач од средината на теренот веднаш до Лука Модриќ и Чаби Алонсо. Тој придонел во победата од 2–1 против Барселона во финалето на Копа дел Реј 2014 постигнувајќи го воведниот гол на натпреварот.[31] Со 17 асистенции на неговото конто, тој бил најдобар асистент во шпанската лига.[32]

На 24 мај 2014, во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, тој со неверојател зиг-заг дриблинг поминал три играчи и шутирал во одлично поставениот Тибо Куртоа, но Герет Бејл ја прибрал одбиената топка со глава постигнувајќи гол во 110. минута од првото продолжение, со што Реал Мадрид дошол до предност од 2–1, која до крајот на натпреварот била зголемена на конечните 4–1. Ди Марија бил прогласен за играч на натпреварот од страна на УЕФА, и наградата на теренот му била доделена од Алекс Фергусон.[33]

Сезона 2014–15

уреди

Ди Марија останал на клупата во победата на Реал Мадрид во Суперкупот на УЕФА против Севиља на 12 август.[34] Една недела подоцна, во првиот натпревар од Суперкупот на Шпанија, тој ги одиграл последните 15 минути од натпреварот во ремито од 1–1 на домашен терен против Атлетико Мадрид.[35]

Манчестер Јунајтед

уреди

На 26 август 2014, Ди Марија потпишал петгодишен договор со Манчестер Јунајтед за сума од 59,7 милиони фунти, што претставува петти најскап трансфер во историјата на фудбалот и најскапа сума што била исплатена од страна на англиски тим.[36][37][38] Првиот натпревар за новиот клуб, аргентинецот го одиграл на 30 август 2014, во ремито без голови против Барнли.[39]

Париз Сен-Жермен

уреди

На 6 август 2015 Ди Марија потпишал четиригодишен договор со Париз Сен Жермен за сума од 63 милиони евра (околу 44 милиони фунти).[40][41][42]

Јувентус

уреди

На 8 јули 2022 година, Ди Марија како слободен играч му се приклучил на Јувентус, потпишувајќи едногодишен договор.[43] На 15 август, на своето деби во Серија А, тој постигнал гол и забележал асистенација за голот на Душан Влаховиќ во победата со 3-0 над Сасуоло.[44]

Репрезентативна кариера

уреди

Младински тим

уреди

Во 2007, Ди Марија за првпат бил именуван во составот на Аргентина до 20 години. Тој бил дел од тимот кој стигнал до финалето на Јужноамериканското првенство до 20 години одржано во Парагвај во 2007. Шест месеци подоцна, тој настапил на Светското првенство до 20 години во Канада, и бил еден од најзаслужните што Аргентина стигнала до титулата, постигнувајќи три голови на првенството.[45]

На 28 јануари 2008, Ди Марија бил повикан во тимот на Аргентина до 23 години за фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри 2008. Таму, во четвртфиналниот натпревар против Холандија, тој го постигнал победничкиот гол за Аргентина по асистенцијата на Лионел Меси во 105. минута од продолжнијата.[46] На 23 август, во финалето на олимпискиот турнир, Ди Марија во 57. минута бил стрелец на единствениот гол за Аргентина во победата од 1–0 над Нигерија, со што аргентинските играчи се закитиле со златниот олимписки медал и ја одбраниле титулата освоена пред четири години.[47]

Сениорски тим

уреди
 
Ди Марија и Раул Меирелеш на пријателскиот натпревар помеѓу Аргентина и Португалија одигран на 9 февруари 2011

На 6 септември 2008, Ди Марија го одиграл својот прв натпревар за сениорскиот тим на Аргентина против Парагвај.[48]

Светско првенство 2010

уреди

На 19 мај 2010, Ди Марија бил избран од тогашниот селектор Диего Марадона во составот од 23 играчи за Светското првенство 2010 во Јужна Африка.[49] На подготовките за Светското првенство, на 24 мај, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата од 5–0 против Канада.[50] На Светското првенство, тој помогнал Аргентина да стигне до четвртфиналето играјќи на сите пет натпревари на првенството.[51]

По Светското првенство, на 11 август 2010, тој го постигнал единствениот гол за Аргентина во победата на пријателскиот натпревар од 1–0 против Ирска на новиот стадион Авива.[52]

Светско првенство 2014

уреди

На квалификациите за Светското првенство, Ди Марија одиграл 12 натпревари [48] и бил именуван во аргентинскиот состав за финалниот турнир во Бразил.[53] Во осминафиналниот натпревар против Швајцарија, ди Марија го постигнал единствениот победнички гол за Аргентина во 118. минута од продолженијата.[54] Во четвртфиналето, во натпреварот против Белгија, Ди Марија заработил повреда на бутниот мускул и бил изнесен надвор од теренот. По натпреварот било објавено дека поради повредата, Ди Марија ќе го пропушти остатокот од првенството.[55] Аргентина стигнала до финалето на првенството во кое била поразена од Германија.[56]

На 11 јули, Ди Марија бил именуван на скратениот список од десет играчи од ФИФА за наградата златна топка за најдобар играч на првенството.[57]

Репрезентативни голови

уреди
Резултатот на Аргентина е запишан прв
# Датум Место Противник Гол Резултат Натпреварување
1. 22 декември 2009 Барселона, Шпанија   Каталонија 2–0 2–4 Неофицијален пријателски натпревар
2. 24 мај 2010 Буенос Аирес, Аргентина   Канада 3–0 5–0 Пријателски натпревар
3. 11 август 2010 Даблин, Ирска   Ирска 1–0 1–0 Пријателски натпревар
4. 9 февруари 2011 Женева, Швајцарија   Португалија 1–0 2–1 Пријателски натпревар
5. 11 јули 2011 Кордоба, Аргентина   Костарика 3–0 3–0 Копа Америка 2011
6. 6 септември 2011 Дака, Бангладеш   Нигерија 2–0 3–1 Пријателски натпревар
7. 3 јуни 2012 Буенос Аирес, Аргентина   Еквадор 4–0 4–0 Квалификации за Светско првенство 2014
8. 15 август 2012 Франкфурт, Германија   Германија 3–0 3–1 Пријателски натпревар
9. 7 септември 2012 Кордоба, Аргентина   Парагвај 1–0 3–1 Квалификации за Светско првенство 2014
10. 1 јули 2014 Саун Пауло, Бразил   Швајцарија 1–0 1–0 Светско првенство 2014

Успеси

уреди

Клупски

уреди
Бенфика
Реал Мадрид
Париз Сен Жермен

Репрезентативни

уреди
Аргентина
2021
2022

Наводи

уреди
  1. Ángel Di María Player Profile
  2. Gadd, Michael; Scott, Charlie (24 August 2014). „Real Madrid midfielder Xabi Alonso says goodbye to Angel Di Maria on Twitter and Instagram - wishing the Argentine luck 'even at Manchester United'. Daily Mail. Посетено на 28 August 2014.
  3. Sheen, Tom (29 August 2014). „Marcos Rojo: Why is it taking so long for Manchester United to get a work permit?“. The Independent. Посетено на 30 August 2014.
  4. „Angel Di Maria to Manchester United: Winger was once sold for 35 footballs - now it's £60m“. 25 August 2014. Архивирано од изворникот на 2014-08-27. Посетено на 27 August 2014.
  5. 5,0 5,1 „Angel Di Maria: 15 things you should know about the Manchester United target“. The Telegraph. 25 August 2014. Посетено на 26 August 2014.
  6. „Di Maria: Real Madrid circulated 'lies'. ESPNFC. 26 August 2014. Посетено на 26 August 2014.
  7. „Four goals to see off the championship“ (шпански). ESPN. 14 December 2005. Посетено на 28 August 2014.
  8. „At home it's a lot better“ (шпански). ESPN. 24 November 2006. Посетено на 28 August 2014.
  9. 9,0 9,1 „Boca "blew at" Di María for the same money“ (шпански). Infobae. 27 July 2007. Посетено на 28 August 2014.
  10. „Di Maria e a renovação: "É uma motivação mais." (португалски). SL Benfica. 2 October 2009. Архивирано од изворникот на 2017-06-22. Посетено на 8 October 2009.
  11. „Maradona hails Di María“. Ontheminute.com, 28 October 2009. Архивирано од изворникот на 2012-03-17. Посетено на 28 October 2009.
  12. „10 things you need to know about Liverpool target Angel De Maria“. Mirror Football. 17 September 2009. Посетено на 1 July 2010.
  13. „Official announcement“ (PDF) (португалски). CMVM – Portuguese Securities Market Commission. 28 June 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-07-29. Посетено на 16 July 2010.
  14. „Di Maria arrives in Madrid“. Real Madrid C.F. official website. 7 July 2010. Посетено на 7 July 2010.
  15. „Di Maria passes physical“. Real Madrid C.F. official website. 8 July 2010. Посетено на 8 July 2010.
  16. The Whites win first preseason match realmadrid.com, 5 август 2010.
  17. Hercules v Real Madrid – Goal.com Goal.com, 23 August 2010.
  18. Real Madrid 2–0 Penarol: Hosts Win Sixth Successive Trofeo Santiago Bernabéu – Goal.com Goal.com, 25 август 2010.
  19. Report: Mallorca v Real Madrid – Spanish Primera División – ESPN Soccernet Архивирано на 23 октомври 2012 г. soccernet.espn.com, 30 August 2010.
  20. Report: Real Sociedad 1 – 2 Real Madrid Архивирано на 26 октомври 2012 г. soccernet.espn.go.com, 19 September 2010.
  21. Report: AJ Auxerre 0 – 1 Real Madrid goal.com, 28 September 2010.
  22. „Jubilant Madrid breeze past Lyon“. UEFA. 16 March 2011. Посетено на 26 August 2014.
  23. „Majestic Madrid sweep Tottenham away“. UEFA. 5 April 2011. Посетено на 26 August 2014.
  24. „Ronaldo's late goal gives Real Madrid win over Barcelona in Copa del Rey“. The Guardian. 21 April 2011. Посетено на 26 August 2014.
  25. .com, goal. „Angel Di Maria profile“.
  26. „Real Madrid ease past Sporting Gijon 3-0“. IBN. 3 December 2011. Архивирано од изворникот на 2011-12-06. Посетено на 26 August 2014.
  27. „The seven best Di Maria moments at Real Madrid“. Goal. 26 August 2014. Посетено на 26 August 2014.
  28. „Real Madrid 1-1 Manchester United“. BBC Sport. 13 February 2013. Посетено на 25 May 2014.
  29. „Di Maria extends Real Madrid contract until 2018“. Goal.com. 9 August 2012. Посетено на 7 July 2014.
  30. Jenson, Pete (2 October 2013). „Ronaldo hits double in Real Madrid romp to make it a staggering 212 goals in 208 games“. Daily Mail. Посетено на 25 May 2014.
  31. „Barcelona 1-2 Real Madrid“. BBC Sport. 16 April 2014. Посетено на 17 April 2014.
  32. „Spanish La Liga stats: Assists leaders – 2013-14“. ESPN FC. Посетено на 17 May 2014.
  33. Yorke, Graeme (25 May 2014). „Sir Alex Ferguson presents Angel Di Maria with man-of-the-match award... hours after wine collection sells for over £2MILLION!“. Daily Mail. Посетено на 25 May 2014.
  34. Phillips, Rob (12 August 2014). „Super Cup: Cristiano Ronaldo scores twice in Real Madrid win“. BBC Sport. Посетено на 13 August 2014.
  35. Todd, Oliver (19 August 2014). „Real Madrid 1-1 Atletico Madrid MATCH REPORT: James Rodriguez scores after replacing injured Cristiano Ronaldo but Raul Garcia levels to make it advantage Atletico ahead of Super Cup second leg“. Daily Mail. Посетено на 28 August 2014.
  36. Jackson, Jamie (26 August 2014). „Ángel di María completes record £59.7m move to Manchester United“. The Guardian. Посетено на 26 August 2014.
  37. Hirst, Paul (26 August 2014). „Angel di Maria to Manchester United: Premier League club sign Argentine winger in record £59.7m deal“. The Independent. Посетено на 26 August 2014.
  38. Ogden, Mark (26 August 2014). „Ángel di María signs for Manchester United in £59.7 million deal“. The Telegraph. Посетено на 26 August 2014.
  39. Ogden, Mark (30 August 2014). „Angel Di Maria makes his Premier League debut“. The Telegraph. Посетено на 30 August 2014.
  40. Marshall, Adam (6 August 2015). „Manchester United completes sale of Angel Di Maria to Paris-Saint Germain“. ManUtd.com. Manchester United. Посетено на 6 August 2015.
  41. „Angel Di Maria signs for Paris Saint-Germain until 2019“. psg.fr. Paris Saint-Germain FC. 6 August 2015. Архивирано од изворникот на 2017-06-25. Посетено на 6 August 2015.
  42. „Di Maria completes £44m PSG move“. BBC Sport (British Broadcasting Corporation). 6 August 2015. Посетено на 6 August 2015.
  43. „Official | Angel Di Maria Signs for Juventus“. Јувентус. 8 July 2022. Посетено на 8 July 2022.
  44. „CHE JUVE, 3-0 AL SASSUOLO ALL'ESORDIO!“. 15 август 2022. Посетено на 15 август 2022.
  45. „Argentina's joy of six“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 27 August 2014.
  46. „Argentina 2:1 Netherlands“. FIFA. 16 August 2014. Посетено на 27 August 2014.
  47. „Olympics: Di Maria winner earns gold for Argentina“. The Guardian. 23 August 2008. Посетено на 27 August 2014.
  48. 48,0 48,1 „Angel DI MARIA“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2014-07-09. Посетено на 2 July 2014.
  49. „World Cup 2010: Argentina Squad - Maradona Announces Final 23-Man Roster“. Goal. 19 May 2010. Посетено на 26 August 2014.
  50. „Argentina 5 Canada 0: match report“. The Telegraph. 24 May 2010. Посетено на 26 August 2014.
  51. „Angel Di Maria“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2014-07-09. Посетено на 26 August 2014.
  52. „Republic of Ireland 0–1 Argentina“. RTÉ Sport. 11 August 2010. Посетено на 11 August 2010.
  53. „Argentina World Cup 2014 squad“. The Telegraph. 2 June 2014. Посетено на 2 July 2014.
  54. „Argentina 1-0 Switzerland“. BBC. 1 July 2014. Посетено на 2 June 2014.
  55. „Argentina's Ángel di María ruled out of World Cup with thigh injury“. The Guardian. 5 July 2014. Посетено на 27 August 2014.
  56. „Germany were crowned world champions for the fourth time as Mario Gotze's extra-time winner beat Argentina in the 2014 World Cup final“. BBC Sport. 13 July 2014. Посетено на 27 August 2014.
  57. „World Cup 2014: Fifa announces Golden Ball shortlist“. BBC. 11 July 2014. Посетено на 12 July 2014.

Надворешни врски

уреди