Виктор Валдес (Предлошка:Lang-esVíctor Valdés; р. 14 јануари 1982) — шпански фудбалски голман, во моментов во Милсбро.

Виктор Валдес

Кариера

уреди

Фудбал започнал да тренира во младинските категории на Барселона, но само по неколку месеци клубот морал да го напушти затоа што неговото семејство се преселило во Тенерифе. Тој продолжил да работи во еден локален клуб. По три години поминати таму, се вратил повторно во ФК Барселона.

Брзо напредувал низ сите избори во Барселона. Пред тој да добие шанса во првиот тим, некое време играл за Барселона Б. Во сезоната 2002/03 тој започнал како резерва ,на Аргентинецот , Роберто Бонано, но подоцна во истата сезона, по доаѓањето на Радомир Антич на тренерска позиција, добил шанса како прв голман. Во сезоната 2003/04 влегол во првиот тим и во следната сезона играл на речиси сите натпревари во првенството и на тој начин му помогнал на својот клуб да стигне до првата титула по шест сезони. Таа сезона го освоил и трофејот  Рикардо Самора, кој се доделува на голманот со најмалку примени голови во шпанското првенство.

Во последното коло од првенството, 17  јуни 2007 година го изедначил рекордот со легендарниот Антонијо Зубизарето. Валдес, како и Зубизарето го имал поминато секој момент во играта на сите 38 натпревари во првенството. Исто така, тој го соборил и клупскиот рекорд за бројот на минути без примен гол во европските натпревари. Во натпреварот против Ренџерс 7 ноември 2007 година го надминал претходниот рекорд на 466 минути без примен гол, во следниот натпревар го совладал истиот рекорд капитенот на Олимпик Лион, Жунињо.

Репрезентација

уреди

Валдес се појавил во списокот на учесници на светското Првенство во 2010 како резерва на Икер Касиљас. Дебитирал на  3 јуни во 2010 година во подготвителен натпревар на ова светското Првенство во Инсбрук против Австрија.

Трофеи

уреди

Барселона

уреди

Стандард Лијеж

уреди
  • Белгискиот Куп (1) : 2015/16.

Шпанија

уреди

 Надворешни врски

уреди