Јитланд

(Пренасочено од Јиланд)

Јитланд или Јуланд (германски: Jütland; дански: Jylland), историски наречен Кимбрија) — полуостров во Северна Европа, на кој се наоѓа главниот дел на Данска. На запад се наоѓа Северното Море, на север Скагерак, на исток Категат и Балтичкото Море, додека данско-германската граница се наоѓа на југ. Политички, неговото име се применува само на копнениот дел на Данска, без да ја земе предвид германската покраина Шлезвиг-Холштајн.

Полуостровот Јитланд.
  Севернојитландски Остров (Данска) е историски дел од Јитланд, иако бил одвоен од него при поплавата во 1825 година.
  Јужен Шлезвиг (Германија)
  Холштајн (Германија)

Денес, данските делови на Јитланд припаѓаат на еден од трите административни региони Северен Јитланд, Среден Јитланд или Јужен Јитланд. Германските делови на полуостровот Јитланд се наоѓаат поделени помеѓу сојузните покраини Шлезвиг-Холштајн и Хамбург.

Географија

уреди
 
Дини на брегот на Јитланд

Неговиот пејзаж е главно рамен, со ливади, низини и калливи мочуришта во западниот дел и повисоко и малку ридест терен во источниот дел. Данскиот дел на полуостровот има површина од 29.775 км2 и население од 2.528.129 (2008).[1] Густината на населеност е 84 жители на км2.

Најсеверниот дел на Јитланд е одделен со Лимфјорд од копното, но сè уште се смета за дел од полуостровот. Станал остров по поплавата во 1825 година. Областа е наречена Севернојитландски Остров или Вендсисел-Ти (по окрузите).

Островите Лесе, Анхолт и Самсе во Категат и Алс на работ на Балтичкото Море се административно и историски поврзани со Јитланд, иако особено вториот не се сметани за традиционални делови на полуостровот. Жителите на Алс би се согласиле да биде Јужнојитланѓани, но не Јитланѓани.

Данските острови во Ваденското Море и германските Севернофризиски Острови се протегаат долж југозападниот брег на Јитланд во Германскиот Залив.

Историја

уреди

Историски области

уреди
  Севернојитландски Остров (Данска) е историски дел од Јитланд, иако бил одвоен од него при поплавата во 1825 година.
  Јужен Шлезвиг (Германија)
  Холштајн (Германија)

Историја на Јитланд

уреди
 
Воената стратегија против Римјаните на Кимбрите и Тевтонците околу 100 година п.н.е.

Историски, Јитланд бил една од трите дански земји, другите две биле Сканија и Зеланд. Пред тоа, според Птоломеј, Јитланд бил дом на Тевтонците, Кимбрите и Харудите.

Многу Англи, Саси, Јути и Фризи се преселиле од континентална Европа во Велика Британија почнувајќи од околу 450 година. Самите Англи го дале името на новото кралство наречено Англија. Ова се смета дека е поврзано со доаѓањето на Хуните од Азија во Европа.

Данците презеле значајни чекори за самозаштита од уништувањата на христијанските франкски императори, градејќи ги утврдувањата Даневирке, ѕид кој се протегал долж Јужен Јитланд на местото на најкраткото растојание од Северното Море до Балтичкото Море.

Карло Велики ги отстранил паганските Саси од најјужниот дел на полуостровот на Балтичкото Море — подоцна наречен Холштајн — и го доселил Ободритите, словенско племе кои биле во сојуз со Карло Велики и во поголем дел се преобратиле во христијанството.

За да се забрза преминот од Балтичкото во Северното Море, биле градени канали низ полуостровот, најпрвин Каналот Ајдер кон крајот на XVIII век, а подоцна и Килскиот Канал, завршен во 1895 година и сè уште во употреба.

Во текот на Првата светска војна, Битката кај Јитланд била една од најголемите поморски битки во историјата. Во оваа силна битка, британската Кралска морнарица водела битка со германската Царска морнарица, која довела до голем број на жртви и уништени бродови на обете страни. Првично, битката била сметана за германска победа, засновано на вкупниот број на потонати главни бродови и бројот на загинати морнари. Меѓутоа, британската флота останала да го контролира Северното Море и поради тоа, остантите го сметаат за британска победа или пак нерешено.

Дијалект

уреди

Карактеристични за Јитланд се различните дијалекти, кои значајни се разликуваат од стандардниот дански јазик, особено западнојитскиот и јужнојитскиот дијалект. Општо за дијалектите се силниот динамичен нагласок, кој води до опаѓање (синкопа) на ненагласени самогласки по нагласениот слог, добро сочување на разликата меѓу кратки и долги самогласки, тенденција кон изедначување на разликата заоблени/незаоблени самогласки (пример: градовите Hørning [близу до Орхус] и Herning [80 км на запад од Орхус]), и неутрализирање во дијатезата (преодност) на глаголски двојки, на пример stille (преодно) ~ stå (непреодно), lægge (преодно) ~ ligge (непреодно), sætte (преодно) ~ sidde (непреодно).

Употребата на дијалектите, иако во опаѓање, повеќе е зачувана во Јитланд отколку во источниот дел на Данска и за Јитланѓаните останале предрасудите од останатите Данци.

Градови

уреди

Најголеми градови во данскиот дел на Јитланд се:

  1. Орхус
  2. Олборг
  3. Есбјерг
  4. Рандерс
  5. Колдинг
  6. Хорсенс
  7. Вајле
  8. Хернинг
  9. Силкеборг
  10. Фредериција

Орхус, Силкеборг, Билунд, Рандерс, Колдинг, Хорсенс, Вајле, Фредериција и Хадерслев заедно со други помали градови ја создаваат метрополитенската област Источен Јитланд.

Административно, на данскиот дел од Јитланд се наоѓаат три од петте региони во Данска: Северна Данска, Среден Јитланд и западниот дел на Јужна Данска, кој исто така го содржи и островот Фунен. Петте административни региони биле основани на 1 јануари 2007 година.[2]

Германски дел

уреди
 
Киле најголемиот град на германската страна на полуостровот.
 
Фленсбург го има најголемото данско малцинство во Германија.

Јужната третина на полуостровот Јитланд е составен од германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн. Шлезвиг-Холштајн е составен од два дела, поранешните војводства Шлезвиг (дански феуд) и Холштајн (германски феуд), обете освоени и владеени од дански и германски владетели неколкупати. Последното прекројување на данско-германската граница се случило со референдумот во Шлезвиг во 1920 година, по кој Северен Шлезвиг се приклучил на Данска (дански: Nordslesvig).

Историската јужна граница на Јитланд е реката Ајдер, која исто така била граница помеѓу поранешните војводства Шлезвиг и Холштајн, како и историска граница помеѓу Данска и Германија од околу 800 година до 1864 година. Иако поголемиот дел од Шлезвиг-Холштајн географски се наоѓа на полуостровот Јитланд, поголемиот дел од германските жители не се идентификуваат како Јитланѓани или пак не сметаат дека се дел од Јитланд, туку повеќе се поврзани со Северна Германија (германски: Norddeutschland).

Средновековниот јитландски кодекс кој се однесувал на Шлезвиг до 1900 година бил заменет од прускиот граѓански законик.

Градови

уреди

Најголеми градови во германскиот дел на Јитланд се Хамбург, Кил, Либек, Фленсбург и Нојминстер.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Danmarks Statistikbank“. Statistikbanken.dk. Посетено на 16 јуни 2010.
  2. „Strukturreform“ (дански). Danske Regioner. 27 јануари 2014. Архивирано од изворникот на 2014-08-10. Посетено на 9 август 2014.

Надворешни врски

уреди