Јужна Данска
Јужна Данска или Јужен Јитланд (дански: Region Syddanmark) — еден од 5-те региони на Данска, сместена е во јужниот дел на државата. Управното седиште на регионот се наоѓа во градот Вајле, додека најголем град е градот Оденсе.
Регион Јужна Данска Region Syddanmark | ||
---|---|---|
Региони во Данска | ||
| ||
Најголем град | Оденсе | |
Главен | Вајле | |
Реони | 22
| |
Управа | ||
• претседател | Карл Холст | |
Површина | ||
• Вкупна | 12.191 км2 (4,707 ми2) | |
Население (2008) | ||
• Вкупно | 1.194.659 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Мреж. место | regionsyddanmark.dk |
Положба и граници на регионот
уредиЈужна Данска ги опфаќа јужниот и југозападниот дел на Данска и истовремено со значаен дел се простира и на копно и на острови. Тоа е и единствен дански регион кој има излез и на копнена државна граница (јужната граница на регионот, со Германија). Граници на округот се:
- север: Среден Јитланд
- исток: Зеланд преку Данскиот Проток
- југ: Германија (сојузнатата покраина Шлезвиг-Холштајн)
- запад: Северно Море.
Природни услови
уредиРегионот Јужна Данска со западниот дел се наоѓа на копно, т.е. на полуостровот Јитланд, додека со источниот дел се простира на повеќе острови. Најголем остров е островот Фин, втор остров по големина во Данска. Значајни се и островите Лангеланд, Алс и Ере, кои сите се на источниот брег, во рамките на Балтичко Море. Западниот брег (Северно Море) исто така е разгранет, но островите се значително помали. Тука се островите Реме, Манде и Фане. И копнениот и островскиот дел се претежно рамничарски, а надморската височина е до 80м (север на регионот). На даденото подрачје нема значајни водотеци. Во крајбрежното подрачје има доста мочуришта, додека поголем дел е под земјоделско одгледување.
Население
уредиСпоред последниот попис на населението од 2010 година, во регионот Јужна Данска живеат 1,2 милиони жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, а населението е повеќе рурално, за разлика од државниот просек. Бројот на жители со германска етничка припадност е 15.000-18.000 жители.
Густина на населеност е близу 100 жит/км2, што е доста помала бојка од државниот просек (127 жит/км2). Островот Фин и источниот дел на копното е нешто подобро населен отколку западниот дел и помалите острови.
Општини во Јужна Данска
уредиВо Јужна Данска има 22 општини, и тоа:
Градови во Јужна Данска
уредиЗначајни градови во регионот Јужна Данска, се:
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Јужна Данска“ на Ризницата ? |