Зеланд (регион)
Зеланд или Шеланд (дан. Sjælland) еденод 5-те региони на Данска, сместен во источниот дел во државата. Управното седиште на регионот е во градот Соре, а најголем е Роскилде.
Регион Зеланд | |
---|---|
Регион во Данска | |
Најголем град | Роскилде |
главен | Соре |
Општини | 17 |
Површина | |
• Вкупна | 7.273 км2 (2,808 ми2) |
Население (2009) | |
• Вкупно | 821.252 |
• Густина | 110/км2 (290/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Мреж. место | www.regionsjaelland.dk |
Положба и граници
уредиРегионот го опфаќа источниот дел на Данска и во потполност е островски. Границите на округот се морски:
- север: мореуз Категат,
- североисток: Голем Копенхаген
- исток: Балтичко Море,
- југ: Балтичко Море
- запад: Јужна Данска преку Данскиот премин.
Природни услови
уредиРегионот Зеланд е во целост островски. Најголем остров е истоимениот остров Зеланд, истовремено и најголем во Данска. Тоа не е во потполност во рамките на регионот, туку неговиот североисточен дел претставува дел од малиот Престолнински регион (Голем Копенхаген). Значајни острови се и: Лоланд, Фастер и Мен, кои сите се наоѓаат на јужниот брег, во рамките на Балтичко Море. Брегот е доста разгранет, со многу мали заливи, полуострови, премини и крајбрежни острови.
Целиот регион е рамничарски, со надморска височина од 120 метри (исток на регионот). На даденото подрачје нема значајни водотеци. Во крајбрежното подрачје има доста мочуришта, додека поголемиот дел е под земјоделско одгледување.
Население
уредиСпоред последниот попис од 2010 година во регионот Зеланд живеат околу 1,2 милиони жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, а населението е претежно рурално отколку што е просекот за целата држава. Сето тоа постепено се менува, поради што подрачјето на Копенхаген сè повеќе се шири на сметка на североисточните делови на регионот.
Густината на населеност на регионот е околу 113 жит/км2, што претставува нешто помалку од државниот просек (127 жит/км2). Североисточниот дел, блиску Копенхаген, е подобро населен отколку останатиот дел.
Општини
уредиВо Зеланд има 17 општини, и тоа:
Градови
уредиЗначајни градови во регионот се: