Географија на Антарктикот
Географијата на Антарктикот се одликува со студ и мраз поради поларна местоположба на антарктичкиот континент, кој е сместен на дното од јужната полутопка. Се протега претежно јужно од Јужниот Поларник, ограничена од Јужниот Океан или, зависно од дефиницијата, јужните кареви на Тихиот, Атлантскиот и Индискиот Океан. Зафаќа површина од преку 14 милиони км2.
![]() | |
Континент | Антарктик |
---|---|
Координати | 80°S 90°E / 80° ЈГШ; 90° ИГД |
Површина | 2. (неофиц.). место |
• Вкупна | 14.000.000 км2 |
• Земја | 98 % |
• Вода | 2 % |
Брег | 17.968 км |
Граници | нема копнени граници |
Највисока точка | Винсонов Масив (4.897 м) |
Најниска точка | Бентлиев Подледнички Ров (-2.555 м) |
Најдолга река | Оникс (25 км) |
Најголемо езеро | Восток (26.000 км2) |
Клима | подантарктичка до антарктичка |
Терен | мраз и гола карпа |
Природни ресурси | крил, риби, краби |
Природни опасности | силни ветришта, виулици, циклонски бури, вулканизам |
Еколошки проблеми | осиромашување на озонската обвивка, накачување на морското ниво |
Околу 98 % од Антарктикот се прекриени со најголемата ледена покривка на планетата, која воедно е најголемиот резервоар на слатка вода. Со просечна дебелина од 1,6 км, мразот има толкава маса што ја има натиснато континенталната матична карпа, на места дури 2,5 км под морското ниво. Се среќаваат и подледнички езера од течна вода, како што е Восток. По краевите на прекривката има ледени гребени и возвшенија.
ОбластиУреди
Антарктикот физички е поделен со Трансантарктичките Планини близу грлото помеѓу Росовото и Ведловото Море. Областите Западен и Источен Антарктик приближно соодветствуваат на источната и западната полутопка сметајќи од гриничкиот меридијан. Некои претпочиваат да го делат континентот на Мал и Голем Антарктик.
Малиот Антарктик е покриен со западноантарктичката ледена покривка. Стручњаците сметаат дека постои мала можност оваа ледена покривка да се сруши, што би ги накачило океаните за неколку метри во многу кус рок.
ВулканиУреди
На самиот континент има четири вулкани кои се сметаат за активни судејќи според фумаролите и понови наноси од тефра: Мелбурн (2.730 м), Берлин (3.500 м), Кауфман (2.365 м) и калдерата Хемптон (3.325 м).
Некои од планините на околните острови биле вулкански активни во подалечното минато: Еребус (3.795 м) и Росов Остров со 10 познати избуви и 1 претпоставен избув.
Од спротивната страна на континентот е островот Дисепшен, со калдера со 10 познати и 4 претпоставени избуви. За активни се сметаат Бакл од групата Балени, Пингвинскиот, Полетовиот и Линденберговиот Остров. Во 2017 г. истражувачите од Единбуршкиот универзитет откриле 91 подводен вулкан под Западниот Антарктик.[1][2]
Западен АнтарктикУреди
Западниот Антарктик е помалиот дел од континентот. Ги опфаќа следниве географски подрачја и земјишни облици:
ПодрачјаУреди
- Антарктички Полуостров со
- Елсвортова Земја
- Земја на Кралицата Елизабета
- Земја на Мери Берд со
- Земја на Кралот Едвард VII со
МорињаУреди
Ледени гребениУреди
Поголеми ледени гребени се:
- Гецов Леден Гребен
- Аботов Леден Гребен
- Ларсенов Леден Гребен
- Росов Леден Гребен
- Салцбергеров Леден Гребен
- Филхнер-Ронеов Леден Гребен
ОстровиУреди
Источен АнтарктикУреди
Источниот Антарктик е поголемиот дел од континентот. Тука се наоѓаат јужниот магнетен пол и географскиот Јужен Пол. Ги опфаќа следниве географски подрачја и земјишни облици:
ПодрачјаУреди
- Аделина Земја
- Викториина Земја
- Вилксова Земја
- Ендербиева Земја
- Земја на Вилхелм II
- Земја на Кралицата Марија
- Земја на Кралицата Мод со
- Земја на Принцезата Елизабета
- Земја на Џорџ V
- Кемпова Земја
- Коутсова Земја
- Мак. Робертсонова Земја
- Оутсова Земја
МорињаУреди
- Белингсхаузеново Море
- Веделово Море
- Дејвисово Море
- Дирвилово Море
- Море на Кралот Хокон VII
- Мосоново Море
- Росово Море
- Скоша
Ледени гребениУреди
Поголеми ледени гребени се:
- Воејков Леден Гребен
- Ејмериев Леден Гребен
- Екстремов Леден Гребен
- Западен Леден Гребен
- Рисер-Ларсенов Леден Гребен
- Шеклтонов Леден Гребен
ОстровиУреди
Поларни станициУреди
Територијални претензииУреди
Зависни територииУреди
- Остров Буве (Норвешка)
- Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови (Обединето Кралство)
- Петар I (Норвешка)
- Француски Јужни и Антарктички Земји (Франција)
- Херд и Макдоналд (Австралија)
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ McKie, Robin (2017-08-12). „Scientists discover 91 volcanoes below Antarctic ice sheet“. The Guardian. ISSN 0261-3077. Посетено на 2017-08-16.
- ↑ „Student's idea leads to Antarctic volcano discovery“. The University of Edinburgh. Посетено на 2017-08-16.
ИзвориУреди
- Ivanov, L. General Geography and History of Livingston Island. In: Bulgarian Antarctic Research: A Synthesis. Eds. C. Pimpirev and N. Chipev. Sofia: St. Kliment Ohridski University Press, 2015. pp. 17–28. ISBN 978-954-07-3939-7
Надворешни врскиУреди
„Географија на Антарктикот“ на Ризницата ? |
- Моделот на висински појдовник на Антарктикот (REMA) — високоразделна карта, 2018 г. (англиски)
- Карта на политичките претензии врз Антарктикот (англиски)
- BEDMAP (англиски)
- Антарктичка база на дигитални податоци — топографски податоци со прелистувач на карти (англиски)