Јужен магнетен пол
Јужен магнетен пол — точка на јужната полутопка на Земјата каде силовите линии на геомагнетното поле се насочени нормално на појдовната површина.
Поради неговата географска положба, овој пол го нарекуваме „јужен“, но всушност тој е северен бидејќи ја привлекува југот на компасот.[1]
Јужниот магнетен пол постојано се поместува поради промените во магнетното поле на Земјата. Во 2005 г. тој бил на 64°32′S 137°51′E / 64.54° ЈГШ; 137.85° ИГД,[2] во морето помеѓу Аделината и Вилксовата Земја. Во 2015 г. бил на 64°17′S 136°35′E / 64.28° ЈГШ; 136.59° ИГД.[3] Таа точка се наоѓа вон Јужниот Поларник. Поради поларното поместување, полот се движи во северозападен правец за околу 10-15 км годишно. Сега е оддалечен околу 2.860 км од географскиот Јужен Пол.[4] Најблиската постојана научна станица е „Димон Дирвил“.
Експедиции
уредиВо прво време направени се неколку неуспешни обиди за стасување до јужниот магнетен пол: францускиот истражувач Жил Димон Дирвил (1837–40), Американецот Чарлс Вилкс (1838–42) и Британецот Џејмс Кларк Рос (експедицијата од 1839-1843 г.).[5]
Првата пресметка на магнетниот наклон со цел да се пронајде јужниот магнетен пол е направена на 23 јануари 1838 г. од хидрографот К. А. Венсандон-Димулен, член на експедицијата на Димон Дирвил на Антарктикот и во Океанија на бродовите „Астролаб“ и „Зеле“ (1837–1840), на кои е откриена Аделината Земја.
На 16 јануари 1909 г. јужниот магнетен пол е конечно освоен од Даглас Мосон, Еџворт Дејвид и Алистер Мекеј, членови на Експедицијата на „Нимрод“ на Ернест Шеклтон.[6] Тогаш полот се наоѓал на копно.[7] Таму поставиле забодено знаме во име на Британија. Тројцата го почнале потфатот во автомобил посебно прилагоден на студот, но го напуштиле кога се покажал непогоден за мекиот терен. Потоа изоделе 2.028 км до полот, притоа влечејќи санки со залихи тешки околу 300 кг. Ова патување пешки низ најстуденото место на светот било полно со опасности: паѓање во кланци покриени под снег, измрзнатини и снежно слепило. Стравувајќи од глад, тие строго ги поделиле дневните следувања на двопек до последната трошка и ловеле фоки и пингвини за да се прехранат. Денес постои извесен сомнеж дали дошле на точното место.[8] Приближната положба на полот на 16 јануари 1909 г. била 72°15′S 155°09′E / 72.25° ЈГШ; 155.15° ИГД.[9]
Јужен геомагнетен пол
уредиМагнетното поле на Земјата може да се претстави како наклонет дипол (како магнетна шипка) ставен во средиштето на Земјата. Јужниот геомагметен пол е точката каде оската на овој наклонет дипол ја прескува Земјината површина во јужната полутопка. Во 2005 г. пресметано е дека се наоѓа на 79°44′S 108°13′E / 79.74° ЈГШ; 108.22° ИГД,[10] близу поларната станица „Восток“. Бидејќи полето не е точен дипол, јужниот геомагнетен пол не се поклопува со јужнио магнетен пол. Освен тоа, јужнот геомагнетен пол се поместува од истата причина поради која се поместува и нејзиниот северен пандан. Додека северниот магнетен пл почнал да се поместува многу бргу во 1990-тите, движењето на јужниот магнетен пол се поместува со поинаква брзина.
Наводи
уредиНаводи
уреди- ↑ И. А. Дьяченко. Магнитные полюса Земли — (Библиотечка «Математическое просвещение». Вып. 24.) — М. — МЦНМО. — 2003. — 48 с. — ISBN 5-94057-080-1.
- ↑ „Geomagnetism Frequently Asked Questions“. NGDC. Посетено на 11 January 2009.
- ↑ British Geological Survey – Magnetic Poles
- ↑ NOAA National Geophysical Data Center. „Wandering of the Geomagnetic Poles“. Посетено на 10 октомври 2011.
- ↑ Antarctic Treaty System: an Assessment. US National Research Council. 1986. стр. 90.
- ↑ „FAQs from primary schools – British Antarctic Survey“. Antarctica.ac.uk. 11 март 2011. Посетено на 9 ноември 2012.
- ↑ Antarctica: Great Stories from the Frozen Continent. Reader's Digest. 1985. стр. 178–179. ISBN 978-0949819642.
- ↑ „The Magnetic South Pole“. Ocean Bottom Magnetology Laboratory. Woods Hole Oceanographic Institute. Архивирано од изворникот на 2016-04-21. Посетено на 11 октомври 2011.
- ↑ Shackleton, Roland Huntford
- ↑ „Geomagnetism Frequently Asked Questions“. Ngdc.noaa.gov. Посетено на 9 ноември 2012.
- Barton, Charles (2002). „Survey tracks current position of South Magnetic Pole“. EOS. 83 (27): 291. Bibcode:2002EOSTr..83..291B. doi:10.1029/2002EO000210.
Надворешни врски
уреди- Полови и правци — Австралиска антарктичка програма (англиски)