Гецова Ледена Плоча

Гецова Ледена Плоча (англиски: Getz Ice Shelf) — најголемата ледена плоча на Антарктикот, сместена долж неговиот југозападен брег. Долга е 500 м, а широка од 30 до 100 км. Се граничи со Хобсовиот и Бакутисовиот Брег во Земјата на Мери Берд помеѓу Мекдоналдовите Висови и Мартиновиот Полуостров. Неколку големи острови се делумно или целосно зафатени од плочата.

ГЛГ во рамките на Антарктик
ГЛГ
Местоположба на плочата
Гецовата Ледена Плоча

Мразот од плочата се топи во износ од 1,1 до 4,1 м годишно, што го прави најголемиот извор на of топена вода во Јужниот Океан.[1]

Ледената плоча западно од островот Сајпл е откриен од Антарктичката служба на САД (USAS) во декември 1940 г. Делот источно од островот Сајпл за првпат е разграничен од воздушни снимки направени од американската морнарица во 1946–47 г. Целата плоча е искартирана од Геолошкиот топографски институт на САД според морнаричките прелетни снимки во 1962–65. г. Наречен е по Џорџ Гец од Чикаго, кој направил заложба за опремување на хидроавионот користен во експедицијата.[2]

Во февруари 2021 г. научниците изјавиле дека четиринаесетте ледници кои ја образуваат плочата се имаат забрзано, и изгубиле 315 гигатон мраз од 1994 г. наваму. Причината за забрзувањето се претставува дека е релативно топлата океанска вода ги топи ледниците од долу.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Jacobs, S. (2013). „Getz Ice Shelf melting response to changes in ocean forcing“ (PDF). Journal of Geophysical Research: Oceans. 118 (9): 4152–4168. doi:10.1002/jgrc.20298. eISSN 2169-9291.
  2. „Getz Ice Shelf“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 23 април 2012. (англиски)
  3. Amos, Jonathan (23 февруари 2021). „Climate change: West Antarctica's Getz glaciers flowing faster“. BBC News. Посетено на 23 февруари 2021.

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Гецова Ледена Плоча“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

74°15′S 125°00′W / 74.250° ЈГШ; 125.000° ЗГД / -74.250; -125.000