Оникс (река)
Оникс — поток на топена вода на Антарктикот кој тече на запад низ Долината Рајт од Ледникот Долен Рајт и езерото Браунворт од подножјето на ледникот до езерото Ванда, во текот на неколкуте месеци од летото на Антарктикот. Со должина од 32 километри, таа е најдолгата река на Антарктикот.[1]
Река Оникс | |
---|---|
Реката Оникс се влева во езерото Ванда | |
Карта на реката Оникс | |
Местоположба | |
Земја | Антарктик |
Физички особености | |
Извор | Езеро Браунворт |
• координати | 77°25′48″S 162°45′0″E / 77.43000° ЈГШ; 162.75000° ИГД |
Устие | Езеро Ванда |
• координати | 77°33′24″S 161°45′0″E / 77.55667° ЈГШ; 161.75000° ИГД |
Должина | 32 km |
Проток | |
• најголем | 20 кубни метри во секунда |
Особености на сливот |
Географија
уредиРеката Оникс тече подалеку од океанот, пример за непроточен слив, бидејќи ледникот Долен Рајт го блокира устието на долината Рајт. Има неколку притоки, а долж текот на реката има повеќе метеоролошки станици. Нивоата на протокот се многу променливи, и во текот на денот и помеѓу летата, при што некои години не успева да стигне до езерото. Спротивно на тоа, може да предизвика значителна ерозија во годините со поплави. Во 1984 година била исплаварена од истражувачи од Нов Зеланд. Еднаш, истекот на реката достигнал 20 кубни метри во секунда.[2]
Животна средина
уредиНема риби во Оникс, но има микроскопски живот, а цветањето на алгите може да биде доста обемно. Животната средина се состои главно од цијанобактерии и други алги. Во реката живеат неколку микроживотни (нематоди, тардигради и ротифери). Повремено во подрачјето се јавуваат поморници.[3]
Мониторинг
уредиРеката Оникс е едно од многуте места што ги проучува Антарктичката програма на Соединетите Држави од Националната научна фондација. Податоците за истек се собираат од низводниот мерач во близина на езерото Ванда од 1969 година и на спротиводниот мерач во близина на ледникот Долен Рајт од 1972 година.[4] Програмата на Антарктикот Нов Зеланд некогаш одржувала полупостојан камп на езерото Ванда, кој бил отстранет. Има мало истражувачко засолниште на езерото Ванда на неговиот источен крај. Во близина е сеизмичката станица со договор за сеопфатна забрана за тестирање во Бул Пас.
Откако се водат записи, сезоната на проток на реката Оникс почнува с порано и станала подолга.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Nick Middleton. Rivers: A Very Short Introduction. (page 26) ISBN 9780199588671
- ↑ [1]. The Antarctic Sun. 27 September 2013. Retrieved 18 April 2015
- ↑ McKnight, Diane M.; Niyogi, Dev K.; Alger, Alexander S.; Bomblies, Arne; Conovitz, Peter A.; Tate, Cathy M. (December 1, 1999). „Dry Valley Streams in Antarctica: Ecosystems Waiting for Water“. BioScience. 49 (12): 985–995. doi:10.2307/1313732. JSTOR 1313732.
- ↑ 4,0 4,1 Gooseff, Michael N.; McKnight, Diane M.; Doran, Peter T.; Lyons, W. Berry (2007). „Trends in discharge and flow season timing of the Onyx River, Wright Valley, Antarctica since 1969“. Open-File Report. USGS. doi:10.3133/ofr20071047SRP088. Посетено на 2 March 2022.
Надворешни врски
уреди- „Најдолгата река на Антарктикот“, стр 16 и „Што откри поплавата“, стр. 15–21, Антарктичко сонце, 26 јануари 2003 година
- Видеа од птичја перспектива на реката Оникс и Сувите Долини
- Земјата омекнува. Нешто се менува во сувите долини Мекмердо на Антарктикот