Мосоново Море

море во Јужниот Океан

Мосоновото Море е предложено име за морето по должината на Земјата на Кралицата Марија на Источен Антарктик, источно од Шеклтоновата Ледена Плоча. На запад од него, на западната страна на плочата, треба да биде Дејвисовото Море. На исток би требало да бидат Баумановиот Остров и Заливот Винсенес.

Мосоновото Море како дел од Јужниот Океан.

Името било предложено како дел од нацртот на Меѓународната хидрографска организација (МХО) во 2002 година. Овој нацрт никогаш не бил одобрен од страна на МХО (или било која друга организација), а документот на МХО од 1953 година (кој не го содржи името) останува мементално во сила. Водечките географски власти и атласи не го користат името, вклучувајќи го и 10-тото издание на Светскиот атлас на Националното географско здружение од 2014 година и 12-тото издание на Тајмс Атласот на светот од 2014 година.

Тука спаѓаат двата важни ледници: Скот и Денман. Раздвојувањето на ледникот Денман доведува до пораст на периодичното појавување на островот Победа.

Ќе биде наречен во чест на австралискиот истражувач на Антарктикот Даглас Мосон.

65°00′S 105°00′E / 65.000° ЈГШ; 105.000° ИГД / -65.000; 105.000