Брајанов Брег

брег на Антарктикот

Брајанов Брег (англиски: Bryan Coast) — дел од бреговата линија на Антарктикот кој излегува на Белингсхаузеновото Море помеѓу ’ртот Пфрогнер и северниот крај на Ридберговиот Полуостров. На запад се наоѓа Ејтсовиот Брег, а на исток е Игнлишовиот. Источниот крај на брегот е откриен при прелет на Антарктичката служба на САД (1939–41), а потоа од експедицијата на Фин Роне (1947–48). Во целост е искартиран од Геолошкиот топографски институт на САД од воздушни снимки на американската морнарица направени во 1961–67 г. Првично се нарекувал „Брег на Џорџ Брајан“ во чест на контраадмиралот со тоа име. Брајан бил хидрограф на морнарицата (1938–46), заслужен за развојот на поларната географија. Името подоцна е скратено.

Брајанов Брег во рамките на Антарктик
Брајанов Брег
Местоположба на брегот

Наводи

уреди

73°35′S 84°0′W / 73.583° ЈГШ; 84.000° ЗГД / -73.583; -84.000