Брег на Принцезата Марта

брег на Антарктикот

Брег на Принцезата Марта (норвешки: Kronprinsesse Märtha Kyst) — дел од бреговата линија на Земјата на Кралицата Мод помеѓу 05° ИГД и Стенком-Вилсовиот Ледник (20° ЗГД). Целиот брег се граничи со ледени гребени со стрмнини високи 20-35 м.

БПМ is located in Антарктик
БПМ
Местоположба на Брегот на Принцезата Марта во рамките на Антарктикот

Овој брег е првиот дел на антарктичкото копно откриен од човекот. Тоа била Првата руска антарктичка експедиција од 1820 г. предводена од Фабијан Готлиб фон Белингсхаузен и Михаил Лазарев. Сегашното име на брегот го дал капетанот Јалмар Рисер-Ларсен како назив за подрачјето близу ’ртот Норвегија, откриен од истоимениот брод и грубо искартиран во февруари 1930 г.

На 19 јануари 1939 г. Германците стасале до Брегот на Принцезата Марта во рамките на Германската антарктичка експедиција.

Наречен е во чест на норвешката принцеза Марта.

Во источниот дел се наоѓа истражувачката станица „Трол“, 235 км од брегот. Во водите кај брегот се наоѓа подводната косина Експлора.

НаводиУреди

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Брег на Принцезата Марта“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

Координати: 72°0′S 7°30′W / 72.000° ЈГШ; 7.500° ЗГД / -72.000; -7.500