Салцбергеров Залив
Салбергеров Залив (англиски: Sulzberger Bay) — залив помеѓу островите Фишер и Волмер, долж брегот на Земјата на Кралот Едвард VII. Откриен е од експедицијата на Ричард Берд на 5 декември 1929 г., и наречен по Артур Х. Салцбергер, издавач на „Њујорк тајмс“ и поддржувач на експедициите од 1928–1930 и 1933–1935 г.[1]
Заливот ја вдлабнува предницата на Салцбергерова Ледена Плоча (77°S 148°W / 77° ЈГШ; 148° ЗГД). Има димензии од 137 на 80 км и се граничи со брегот на Земјата на Мери Берд, меѓу полуостровот Едвард VII и Гестовиот Полуостров. Плочата е забележана и грубо искартиран од Бердовата антарктичка експедиција (1928–1930).[2]
Салцбергервата Котлина (77°00′S 152°30′W / 77° ЈГШ; 152.5° ЗГД) е подводна котлина во средиштето на Росовата Ледена Плоча наречен во врска со Салцбергеровиот Залив.[3]
Образување на санти
уредиОд плочата се одвоиле санти во 2011 г., еден ден по земјотресот во Тохоку и неговото цунами. Ова цепење на мразот се должи на цунамито кое допатувало до плочата, 13.600 км2 од епицентарот на земјотресот. Главната санта имала површина колку островот Менхетн. Вкупната површина на сите отцепени санти изнесува 125 км2. Овој дел од плочата се нема поместено уште од 1946 г.[4][5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Салцбергеров Залив — Информативен систем за географски имиња (GNIS) на Геолошкиот топографски институт на САД (англиски)
- ↑ Салцбергерова Ледена Плоча — Информативен систем за географски имиња (GNIS) на Геолошкиот топографски институт на САД (англиски)
- ↑ Салцбергерова Котлина — Информативен систем за географски имиња (GNIS) на Геолошкиот топографски институт на САД (англиски)
- ↑ "Japan Tsunami Broke Huge Icebergs Off Antarctica", Livescience.com, August 8, 2011
- ↑ Brunt, Kelly M.; Emile A. Okal; Douglas R. MacAyeal (27 април 2011). „Antarctic ice-shelf calving triggered by the Honshu (Japan)“ (PDF). Journal of Glaciology. 57 (205): 785–788. doi:10.3189/002214311798043681. Посетено на 30 октомври 2016.
Надворешни врски
уреди- Цунами скрши антарктичка ледена плоча Архивирано на 30 септември 2012 г. — Discovery News (англиски)
- Јапонско цунами открши санти на Антарктикот — Wired.com (англиски)