Земја на Кралот Едвард VII

полуостров на Антарктикот

Земја на Кралот Едвард VII (англиски: King Edward VII Land) или Полуостров Едвард VII (King Edward VII Peninsula) — голем замрзнат полуостров кој го сочинува северозападниот завршеток на Земјата на Мери Берд на Антарктикот.[1] Полуостровот се наоѓа во Росовата Зависност и се издава во Росовото Море, помеѓу Салцбергеровиот Залив и североисточниот агол на Росовата Ледена Плоча. Ограничен е од Росовата Ледена Плоча на југозапад, заливот Окума на запад и Салцбергеровиот Залив и Сондерсовиот Брег на исток, од кои сите излегуваат на Росовото Море / Јужниот Океан. На северозападниот крај на полуостровот е ’ртот Колбек.

Карта на полуостровот Едвард VII

На западниот брег на земјата се наоѓа Ширасеовиот Брег. На север и исток е Свинберновата Ледена Плоча.

Полуостровот Едвард VII е откриен на 30 јануари 1902 г. од Британската национална антарктичка експедиција (1901–1904) под водство на Роберт Фалкон Скот, кој го нарекол „Земја на Кралот Едвард VII“ по британскиот крал Едвард VII. Брегот е понатаму истражуван од експедицијата на „Нимрод“ на Ернест Шеклтон (1908–09), а први на неговото копно биле ченовите на Јапонската антарктичка експедиција предводена од Нобу Ширасе во 1912 г. Подрачјето почнало да се нарекува „Полуостров на Едвард VII“ откако неговиот полуостровски карактер е утврден на експедицијата на Ричард Берд (1933–1935) и онаа на Антарктичката служба на САД (1939–1941).

Најголемиот дел од полуостровот се наоѓа на територијата на Росовата Зависност, на која полага право Нов Зеланд.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Wade, F. Alton (1945). „The Geology of the Rockefeller Mountains, King Edward VII Land, Antarctica“. Proceedings of the American Philosophical Society. 89 (1): 67–77.

77°40′S 155°00′W / 77.667° ЈГШ; 155.000° ЗГД / -77.667; -155.000